Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

м-р Саша Николовски

Редовен професор

м-р Саша Николовски

група предмети од областа на диригирањето

Саша Николовски - Ѓумар e роден во Битола, Македонија. По завршувењето на основното и средното образование во Скопје се запишува на Факултетот за музичка уметност и на истиот дипломира на одделот за музичка теорија и педагогија во 1991 година и на одделот за диригирање во 1993 година, во класата на професор Фимчо Муратовски.

Во 1991 година добитник е на наградата - Франк Манинг - за најдобар студент на Универзитетот - Св. Кирил и Методиј.

Уште како студент активно е вклучен во музичкиот живот во Македонија како уметнички раководител на академскиот хор - Мирче Ацев - уметнички директор и шеф диригент на Камерниот оркестар на МММ, а веднаш по дипломирањето основач и диригент на Интернационалниот оркестар за современа музика - Синтезис - , уметнички директор и диригент на ансамблот за современа музика Св. Софија и македонскиот камерен оркестар.

Во меѓувреме редовно настапува со Македонската Филхармонија, Македонската Опера и Балет, со хорот и симфонискиот оркестар на ФМУ- Скопје, на нашите најреномирани музички фестивали и манифестации: Охридско Лето, Скопско Лето, Штипско Лето, Хераклејски Вечери, Есенски музички свечености, Денови на македонската музика, Мајските Оперски вечери, ТЕХО и други.

Во 1996 година специјализирал на Конзерваториумот -Николај Римски Корсаков - во Санкт Петерсбург во Русија кај престижните професори Илја Мусин и Михаил Кукушкин, редовно соработувајќи со светски реномираните диригенти Јуриј Темирканов и Валериј Гергиев. Во 1999 година ги завршува постдипломските студии на Музичката Академија - Панчо Владигеров - во Софија, Р.Бугарија, кај професорите В. Казанџиев и Б.Хинчев.

Остварил бројни гостувања во СРЦГ, Бугарија, поранешна Југославија, Русија, Франција, Романија, Унгарија, Австрија.

Маестро Саша Николовски - Ѓумар е добитник на повеќе награди и признанија, меѓу кои и наградата - Георги Божиков - во 2001 година, која ја доделува СОКОМ за најуспешна изведба во рамките на манифестацијата ДММ.

Последните четири години дејствува како претседател на Здружението на диригенти на Македонија.

Во моментов е редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, по предметите Симфониско-оперско диригирање, хорско диригирање, оркестар, хор и оперско студио.

Огласна табла

Оперски гала концерт „Млади оперски надежи-Коста Трпков“! Студенти по соло пеење настапуваат како солисти со оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентско водство на Дијана Илкоска. Понеделник, 12.6.2017, со почеток во 20:00 часот, во салонот на МОБ!

10/06/2017

<< Затвори