Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

д-р Бојан Ортаков

Редовен професор

д-р Бојан Ортаков

Групата наставни предмети од областа на теоријата на музиката

email: bojandortakov@yahoo.com

Бојан Ортаков е роден на 19. 01. 1963 година во Скопје. Дипломирал 1987 година на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на одделот по музикологија, во класата на проф. д-р Тома Прошев (тема: "Ернст Блох и музиката како надеж"). Во 1990 година, на истата институција ги завршува постдипломските студии по музикологија, со темата "Кон естетиката на византиско-словенската музика во Македонија", под менторство на проф. д-р Димитрие Бужаровски. Истата година, Ортаков е избран во звањето помлад асистент, по предметите Историја на музиката и Музикологија на ФМУ-Скопје. Во 1990-91 г. тој престојува на специјалистички студии во Торино, Италија, во класата на прочуениот естетичар на музиката, проф. д-р Енрико Фубини.  Во 2001 година на ФМУ-Скопје, Бојан Ортаков ја одбрани докторската дисертација под наслов "Акултурациските процеси во формирањето и развојот на македонската духовна музика во периодот IX - XIX век". Автор е на повеќе написи и студии, објавени во домашни и странски зборници и списанија, како и на преку 150 музички критики и рецензии во домашниот печат. Постојано е присутен со свои научни прилози, на манифестацијата "Струшка музичка есен", од 1984 година до денес. Учесник е на повеќе научни симпозиуми кај нас и во странство, меѓу кои се издвојуваат оние во Киев, 1998 г. (тема: "Православната монодија: нејзиното теолошко, литургиско и естетичко битие"); учеството на ЏЏ светски византолошки конгрес, одржан во Париз, 2001 г. со тема: "Towards the aesthetics of the Byzantino-Slavonic music in Macedonia" ("Кон естетиката на византиско-словенската музика во Македонија"); научниот симпозиум на ФМУ - Скопје, 2003 год. (тема: "Социологијата и музиката"); XVI меѓународна конференција на ИРАМ, одржана во 2010 год. на ФМУ - Скопје (тема: "Дејноста на Драгослав Ортаков како основоположник на музичката византологија во Македонија"). 

Денес, д-р Бојан Ортаков е редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде ги предава предметите Музикологија,  Историја на музиката и Музичка палеографија, а десет години го предавал предметот Применета музика, на Факултетот за драмски уметности во Скопје. За делото "Ars Kukuzeliana" (СОКОМ, Скопје, 2004 г.), тој е добитник на наградата "Гоце Делчев" за научна дејност за 2005 година, како и на плакетата "Св. Кирил и Методиј", истата година на тој државен универзитет, за придонесот во развојот и афирмацијата на Универзитетот. Ортаков бил член на Советот на Министерот за култура при Владата на Република Македонија, како и член на Меѓународната фестивалска асоцијација "Europamusicale", со седиште во Минхен, Германија.

Огласна табла

Известување за предавање

30/05/2018

Документ: alumni_predavadanje_UKIM-2018.pdf
Во прилог Покана/известување за предавање кое ќе се одржи на 4 Јуни 2018 година, со почеток во 11 часот, во свечената сала во Ректоратот.
 

На 4 јуни 2018 (понеделник), м-р Томислав Чокревски, докторант на Институтот за право, технологија и општество при Универзитетот во Тилбург (Холандија) ќе одржи предавање под наслов:

 

 

Пребришани умови, испрани мозоци

 

Манипулација, индоктринација,  лажни вести и современ популизам: правото на слободна мисла во

невро-технолошката, пост-фактичка ера

 

 

Предавањето ќе се одржи во свечената сала на Ректоратот на УКИМ, со почеток во 11:00 часот. Чест ни е да ве поканиме да присуствувате на настанот со кој започнува претставувањето на алумните на УКИМ пред академската заедница.

Со овој настан започнува претставувањето на алумните на УКИМ пред академската заедница.
 
 
 
Ректорат
 
<< Затвори

Промоција на прирачник на ФМУ - Скопје

17/05/2018

Во соработка со Факултетот за Музичка Уметност – УКИМ, катедрата за балетска педагогија-современ танц и вонр.проф. д-р. Искра Шукарова, Центарот за Даунов Синдром организира промоција на прирачникот кој е подготвен како дел од проектот И јас сакам да бидам балерина, поддржан од ЕУ и УНИЦЕФ. Оваа соработка е исто дел од проектот Номад то Номад на НВО- Номад Танц Академија Македонија.

Промоцијата ќе се одржи во концертната сала на ФМУ на 17. 05. 2018 во 15 часот.

<< Затвори

Одржана традиционалната манифестација „Отворен ден, запознајте го УКИМ“

07/05/2018

Традиционалната манифестација „Отворен ден, запознајте го УКИМ“ се одржa во саботата, 5.5.2018 година, на Кампусот на техничките факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ) каде беа сместени штандовите на факултетите.

Манифестација беше  наменета за средношколците од сите училишта во Република Македонија, но и за оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на сите циклуси на УКИМ.

Посетителите имаа можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во државата, нејзината долга традиција, мисија и визија.

Се свој штанд се претстави и Факултетот за музичка уметност – Скопје, а нашите студенти, се погрижија за реализација на забавниот дел од овој настан.

<< Затвори

Редослед за главната аудиција за солисти со оркестарот на Македонската филхармонија

04/05/2018

Редослед за главната аудиција

за солисти со оркестарот на Македонската филхармонија

 

10:00 ч.

 

  1. Ангел Спировски (оркестарско диригирање)
  • Џ. Росини: Увертита „Севилски берберин“

 

10:10 ч.

 

  1. Ивана Јанаќиева (пијано)
  • М.Равел: Концерт за пијано и оркестар G-dur, I став

 

  1. Зоран Станишиќ (пијано)
  • С.Рахмањинов: Концерт за пијано и оркестар бр.1 оп.1,  I став

 

  1. Тоше Темелков (пијано)
  • С.Рахмањинов: Концерт за пијано и оркестар бр.2 оп.18, I став

 

  1. Артемида Ќари (пијано)
  • Д.Шостакович: Концерт за пијано и оркестар бр.2 оп.102 F-dur, I став

 

10:50 ч.

 

  1. Никола Мицевски (кларинет)
  • К. Росе-На тема од К. М. Вебер: Фантазија и рондо

 

  1. Ѓорѓи Димитров и Бојан Лушкоски (дуо кларинети)
  • Ф. Крамер: Концерт за два кларинета

 

  1. Стефан Неделковски (саксофон)
  • Д. Мијо: Скарамуш

 

  1. Филип Каревски (фагот)
  • Ф. Данци: Концерт за фагот Еф-дур

 

  1. Благоја Василевски (хорна)
  • Р. Штраус: Концерт Бр. 1, I став  

 

  1. Антонио Весковски (удирачки инструменти)
  • Н. Рoсауро: Концерт за маримба, I став

 

 

 

11:45 ч.

 

  1. Александра Чуруковска (контрабас)
  • С. Кусевицки: Концерт за контрабас и оркестар, I став  

 

  1. Илза Бафтиари (виола)
  • Ц. Форсајт: Концерт за виола и оркестар, I став

 

  1. Eни Вучидолова (виолина)
  • А. Дворжак: Концерт за виолина и оркестар, I став

 

 

 

Декан

проф. м-р Зоран Пехчевски

<< Затвори

ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ

02/05/2018

Отворен ден на УКИМ на 5.5.2018 година од 10 до 17 часот на Кампусот на техничките факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ). ПОВЕЛЕТЕ!!!

<< Затвори

Одржана промоција на каталогот за мелограмите од легатот на истакнатиот македонски фолклорист Васил Хаџиманов

23/04/2018

На 18.4.2018 година, на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во присуство на министерот за култура, г-дин Алаѓозовски, пратеници од Собранието на РМ, претставници на МАНУ, други институции и стручната јавност,  беше промовиран каталогот на дигитализираните мелограми од легатот на истакнатиот македонски фолклорист Васил Хаџиманов, кој го изработија студентите на програмата од вториот циклус студии за музички науки при ФМУ-Скопје, Николче Витковски и Цветанчо Николоски, под менторство на проф. д-р Димитрије Бужаровски.

На свеченоста, каталогот им беше предаден на претставниците на Македонската академија на науките и уметностите, каде се наоѓа овој легат. Во овој каталог се попишани 10.166 мелограми, кои се дел од обемниот легат на Васил Хаџиманов што се наоѓа во архивот на МАНУ. Со попишувањето на мелограмите се прави уште еден важен исчекор во содржината на легатот и брзото и лесно пребарување, посебно имајќи ја предвид неговата обемност.

Овој настан, исто како и попишувањето на комплетната содржина на легатот е од посебно значење за заштитата на македонското духовно културно наследство, е дел од посветената работа на  „Архивот Бужаровски“ (BuzAr), каде што каталогот ќе биде примарно депониран.

Поводот за попишувањето на мелограмите произлезе од работата врз колекцијата на носачи на звук (ленти и касети) од истакнатиот македонски фолклорист Кирил Пенушлиски, која е дигитализирана во „Архивот Бужаровски“ од вонр. проф. д-р Трена Јорданоска во 2008 година. При тоа, во метаподатоците кои ги придружуваа лентите било назначено дека дел од нив се мелографирани од Васил Хаџиманов. По завршувањето на оваа каталогизација беа скенирани 787 мелограми од кои 610 мелограми се поврзани со Колекцијата Пенушлиски.

На овој настан беше одбележана 25-годишнината од првите две дигитални снимки на хард-диск од творештвото на Димитрије Бужаровски, кои се првите дигитални снимки на хард-диск не само во Македонија, туку и на Балканот.

„БузАр“ е најголемиот дигитален архив на звучно културно наследство во Република Македонија и пошироко на Балканот. Во него се наоѓаат дигитализирани и во најголема мерка каталогизирани 2 терабајти со аудио, видео, фотографии, книги, есеи и публицистички текстови, МИДИ, партитури, мелограми, бази на податоци – поврзани со македонското и балканското културно наследство.

Меѓу нив посебно се издвојуваат 14 обемни колекции со музички и говорен фолклорен материјал (Фирфов, Видоески, Пенушлиски, Брзанов, Линин, Бадев, над 1500 детски песни и игри снимени во видео формат од Македонија, Косово и Јужна Србија), но и сопствената продукција на 20 документарни филмови и целокупни концерти (Ѓорѓи Доневски, Бапчорки, Костурчанки, Калистрат Зографски, портрети на Александра Џамбазов, Љубомир Бранџолица, Јордан Цаневски, Зоран Димитровски, Иван Кочаров, Евушка Трпкова-Елезовиќ, Снежана Анастасова Чадиковска, Јени Јол, Ендејдик итн.), 6 музички спотови, над 190 кратки видеа од хрониките на ИРАМ и „БузАр“ и над 110 аудио снимки од концерти.

 

<< Затвори

Одбрана на теорискиот дел од докторска дисертација на кандидатката - м-р ЕЛЕНА АТАНАСОВСКА - ИВАНОВСКА

05/04/2018

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

На 16.4.2018 (понеделник), со почеток во 14:00 часот, во Малата сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе се одржи одбрана на теорискиот дел од докторска дисертација на кандидатката м-р Елена Атанасовска-Ивановска.

 

Одбраната на теорискиот труд ќе се изврши пред комисија во состав:                 

Проф. м-р Борис Романов

Проф. д-р Ганка Цветанова

Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја

Проф. д-р Марија Ѓошевска

Проф. д-р Ана Гацева

<< Затвори

Call for Papers: 2nd Symposium of the ICTM Study Group on Musics of the Slavic World на ФМУ - Скопје

17/01/2018

Во периодот од 21-25 септември 2018 година,  на Факултетот за музичка уметнос- Скопје,  ќе се одржи симпозиум на Студиската група-музиката во славјанскиот свет, на ICTM. Сите информации за пријавување може да се најдат на  офицјалната страна на ICTM на следниов линк:

https://www.ictmusic.org/group/ictm-study-group-musics-slavic-world/post/call-papers-2nd-symposium-ictm-study-group-musics

<< Затвори

Концерт на Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови

24/12/2017

Во вторник, 26.12.2017 година, во Event Center Square 21 (поранешен Кино Вардар) во Скопје, со почеток во 19:00 часот, Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови на ФМУ-Скопје ќе одржат концерт на кој што ќе бидат изведени композиции од доајенот на македонската популарна музика Драган Ѓаконовски-Шпато. Диригент е маестро Кире Костов, а како гости-солисти ќе настапат и Андријана Јаневска, Нико Ѓоргиевски и Кирил Кузманов. Повелете, влезот е слободен!

<< Затвори

Испит од втор циклус студии - Малборе Крајку

12/12/2017

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 19.12.201(вторник), со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И КОМПОЗИЦИЈА на студентката МАЛБОРЕ КРАЈКУ.

 

Комисија: 

Проф. м-р Стојан Димов

Проф. м-р Васо Ристов

Проф. м-р Страшо Темков

<< Затвори