Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

м-р Сони Петровски

Пензиониран

м-р Сони Петровски

Група наставни предмети од областа на теорија на музиката со композиција

email: soni.petrovski@gmail.com

Роден e 1977 година во Сиднеј, Австралија. Средно музичко училиште завршил во Битола, а дипломира на одделот по композиција на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф.Гоце Коларовски.  Посетувал семинари кај реномирани композитори во Македонија и странство, меѓу кои: Brian Fernheyhough, Krzystof Meyer, Faradj Karaev, John Woolrich, Pierre Allain Jaffrennou, Eric Gaudibert и други. 

Од 2001 година работи како Асистент на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Од 1999 е член на Сојузот на компо­зиторите на Македонија - СОКОМ. Бил уметнички директор на фестивалот “Денови на македонска музика“ од 2003-2005, член на Претседателстовото од 2002-2006 и повторно од 2009 год. 

Од 1998-2006 бил основач и уметнички раководител на Ансамблот за современа музика „Алеа„ со кој оствари бројни настапи во Македонија и странство, промовирајќи ја современата македонска и светска музика. Во повеќе прилики бил поддржан од СОРОС да ја претставува Македонија на меѓународни фестивали за современа музика во Украина, Полска, Азербејџан.

Од 2000 е член на Управниот Одбор на ЗАМП. Од 2001 е член на жири комисија за наградата “Георги Божиков“.

Автор е на повеќе од 70 оригинални композиции и обработки во речиси сите жанрови. Операта “Леандар и Косара“, симфониски, концертантни, камерни, вокални, хорски и солистички дела. Автор е на повеќе нумери од албумот “Божилак“ на Тоше Проески како и 30-тина оркестрации на неговите песни изведувани ширум Балканот. Неговите дела се изведувани во Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска, Словенија, Франција, Унгарија, Австрија, Италија, Германија, Новрешка, Полска, Русија, Украина, Данска, Холандија, Велика Британија, Нов Зеланд, Канада.

Неговите дела се издадени на носачи на звук од СОКОМ, Музичка младина на Македонија, Трио Интерарт, City Records, Hit Records, Hi-Fi Centar.

Во 2009 е добитник на награда “Панче Пешев“ за композицијата “Зодијак“ доделена од Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ. Во 2012 е избран за Претседател на СОКОМ.