Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

м-р Дарија Андовска

Вонреден професор

м-р Дарија Андовска

Група наставни предмети од областите теорија на музиката, музички форми со анализа, хармонија и полифинија со анализа и композиција

email: darija.andovska@gmail.com

Композитор и пијанист. Родена на 02. 01. 1979 во Скопје, Македонија. Автор на оркестарска, камерна, солистичка, вокална и филмска музика, како и  мултимедијални проекти. 

Едукација:

-2007- Мастер студии за современа композиција во класата на проф. Isabel Mundry, со субспецијалност за филмска музика и продукција, во класата на  Domenico Ferrari и Andre Bellmont на ZHdk - Zürcher Hohscule der Kunst - Zürich, Цирих, Швајцарија.
-2003-2006 - Магистерски студии по композиција во класата на проф. Гоце Коларовски, Факултет за музичка уметност- Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј.
-2002 - Дипломира на отсекот за композиција, теорија и диригирање, најдобар студент, во класата на проф. Гоце Коларовски, Факултет за музичка уметност- Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј.
-1997 - Средно музичко училиште, најдобар ученик, МБУЦ Илија Николовски-Луј, Скопје, Македонија.
-1993 - Основно музичко училиште, најдобар ученик, МБУЦ Илија Николовски-Луј, Скопје, Македонија.
-1993 - Основно училиште, најдобар ученик, ОУ Едвард Кардељ, Скопје, Македонија.

Мастеркласеви и работилници

 

- 1998, 1999, 2000, 2001, 2002- Ohrid, Makedonija;

- 2000- St. Petersburg, Русија;

- 2002, 2003, 2004, 2005 Дрезден, Германија

- 2005 Штутгарт - Schloss Solitude, Германија

- 2004, 2005, 2006 Berlinale Talent Campus - Berlin, Германија

- 2007, 2008 Цирих, Швајцарија

- 2008, 2009 Soloturn, Solothurner Filmtage- Швајцарија

- 2009 MATRIX09, Frajburg, Германија


Работела со:

K.Schwon, A. Shchetinsky, A. Radvilovitch, J. Woolrich, E. Gaudibert, K. H. Stahmer, M. Eggert, S. M. Slonimsky, A. Kasparov, A. Tarnopolsky, V. Ekimovsky, F. Sarhan, K. Tsepkolenko, J. Clarke, C. Fox, J. Walsh, S. K. Takasugi, M. Reudenbach, C. Czernowin, F. Roemer, I. Mundry, B. Ferneyhough, R. Sounders, A. R. Thomas, H. Lachenmann, L. Ronchetti, S. Sciarrino, D. Ammann, B. Skrzypcak, X. Dayer, F. Baumann.

Работно искуство:

-2001 до денешен ден - Асистент по предметите Музички форми, Хармонска анализа, Полифонија, Основи на музичкото дело, на Факултетот за музичка уметност - Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј. 
-2006/ 2007 - Техничка служба во ЗАМП, Скопје, Македонија.
-2004-2006 -  Автор  на сценарија, композитор и ко-режисер на филмовите  “Name this film after me” и “If you need me”. 
-2003 - Музички менаџер, ПР - асистент и музички асистент за потребите на фестивалот 17. Dresdner Tage fur zaitgenossiche Musik, Германија. 
-2001 - Музички продуцент во Радио и касетна продукција, МРТВ. 
-2000 - Музички новинар во Македонско радио, МРТВ.

 

Изведба на дела во:

 

Албанија, Ерменија, Австрија, Азербејџан, Бугарија, Босна и Херцеговина, Канада, Хрватска, Данска, Англија, Франција, Германија, Италија, Ирска, Полска, Македонија, Мексико, Норвешка, Романија, Русија, Словенија, Швајцарија, Шведска, Србија и Црна Гора, Украина, Соединетите Американски Држави.

 

Фестивалски изведби:

 

- “CONNECTED VESELS”- 1998, Скопје, Македонија

- “MUSICA VIVA” - 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2002 Скопје, Македонија

- "Денови на македонската музика" 1998, 1999, 2000, 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2008 Скопје, Македонија

- “11TH INTERNATIONAL REVIEW OF COMPOSERS” 2002 Белград, Југославија;

- MITOST Projekt “16. DRESDNER TAGE FUR ZEITGENOSSISCHE MUSIK”, 2002 Дрезден, Германија

- “SONOR: DIALOGUE OF CULTURES”- 2003 Баку, Азербејџан

- “TWO DAYS AND TWO NIGHTS OF NEW MUSIC” 2003 Одеса, Украина

- “CERVANTINO FESTIVAL 2003” Guanajato, Мексико

- “SPAZIOMUSICA FESTIVAL 2003”, Cagliari, Италија

- "IRPINIA MUSIC FESTIVAL" 2003 Италија

- "MUSIKPODIUM- DIGRESSIONS" 2004 Цирих, Швајцарија

- “TWO DAYS AND TWO NIGHTS OF NEW MUSIC” 2004 Одеса, Украина

- “18. DRESDNER TAGE FUR ZEITGENOSSISCHE MUSIK” 2004 Дрезден, Германија

- “ 13TH INTERNATIONAL REVIEW OF COMPOSERS” 2004 Белград, Србија и Црна Гора

- WORLD NEW MUSIC DAYS: TRANSsit- Швајцарија 2004

- “MUSIC HARVEST” 2004 Odense, Данска;

- "VOJDAN ^ERNODRINSKI" 2005 Прилеп, Македонија

- "SKOPSKO LETO" 2005 Скопје, Македонија

- "THEATERFEST SARAJEVO" 2005 Сараево, Босна и Херцеговина

- "SKOPSKO LETO" 2005 Скопје, Македонија

- “SARAEVO FILM FEST” 2005 Сараево, Босна и Херцеговина

- "MOT- Teatarski festival" 2005 Скопје, Македонија

- "DANSSTATIONEN" 2005 Малме, Шведска

- Aster Film Fest- 2005 Струмица, Македонија

- 56th “BERLIN FILM FESTIVAL” 2006 Берлин, Германија

- BRIDGE FILM FESTIVAL- 2006 Ванкувер, Канада

- ReAnimacia Film Fest- 2006 Lox, Полска

- Anonimul International Film Fest- 2006 Романија

- 16th “WEEK OF CONTEMPORARY MUSIC” – 2006 Букурешт, Романија

- 10 SKOPJE FILM FESTIVAL- 2007 Скопје, Македонија

- MUSICA VIVA- International festival of new music- 2007 Минхен, Германија

- "HAVE U MET NOSTI FESTIVAL"- 2007, Даблин, Ирска

- "SKOPSKO LETO" 2008 Скопје, Македонија

- “4th ATTITUDE FESTIVAL”- 2008 Битола, МАкедонија

- “!8th INTERNATIONAL REVIEW OF COMPOSERS”- 2008, Белград, Србија

- “MAKEDONSKA KULTURA VO BERLIN”- 2008, ,Берлин Германија

- “3rd SREBRENA TRAKA Festival”- 2009, Сребреница, Босна и Херцеговина

- “ASIFA FESTIVAL Banjaluka2009”- 2009 Бања Лука, Босна и Херцеговина

- "SMC Lausanne" - 2009, Лозана, Швајцарија

- “FESTIVAL DER KUENSTE”- 2009 Цирих, Швајцарија

 

Награди и номинации:

 

- “SIX HAIKU PIECES”- 1. Награда МАКЕДОНСКА МУЗИЧКА МЛАДИНА 2000

- “NAME THIS FILM AFTER ME”- Номиниран најдобар кратко филм Saraevo Film Festival 2005.

- “IF YOU NEED ME”- еден од трите филмови номинирани за Berlin Today Award 2006, Berlin Film Festival.

- "IF YOU NEED ME"- 1. Награда BRIDGE FEST- 2006, Vankuver, Kanada

- “IN2ERrUPTION”- 2. Награда International pre- art competition 2006.

- "IF YOU NEED ME"- номиниран најдобар кратко филм Anonimul IFF- 2006, Романија

 

Снимки и издадени носачи на звук

 

- Македонска Радио Телевизија, Македонија

- Сојуз на композиторите на Македонија - Антологија на македонска камерна музика

- "11th International review of composers", Србија и Црна Гора

- "16. Dresdner Tage für zeitgenossische Musik", Германија

- "9th Two days and two nights", Украина

- "Nuova Stradivarius" Label, Италија

- "13th International review of composers", Србија и Црна Гора

- "SONEMUS"- Pre-Art; Швајцарија

- "Gramophon"- Босна и Херцеговина

 

Партитури печатени од:

 

- Сојуз на композиторите на Македонија, антологија на македонска камерна музика

- SORDINO - Швајцарија

- NUOVA STRADIVARIUS - Италија

 

Познавање јазици

 

Македонски - мајчин јазик; Англиски - одлично; Српско-хрватски- одлично; Германски - солидно; Руски - солидно; Бугарски - многу добро; Француски - почетничко ниво;

 

Стипендии:

 

2008- Министерство за култура, Македонија

2007- pre-art foundation, Швајцарија

2005- Schloss Solitude- Штутгарт, Германија

2003- 2004- Министерство за култура, Македонија

2003- Sachsisch Staaten, Германија

1997- 2002- Министерство за образование, Македонија

 

други интереси:

 

Цртање и сликање, фотографија, пишување, философија, психологија, филм, Кунг-фу, Таи- Чи, итн.

Огласна табла

Известување за предавање

30/05/2018

Документ: alumni_predavadanje_UKIM-2018.pdf
Во прилог Покана/известување за предавање кое ќе се одржи на 4 Јуни 2018 година, со почеток во 11 часот, во свечената сала во Ректоратот.
 

На 4 јуни 2018 (понеделник), м-р Томислав Чокревски, докторант на Институтот за право, технологија и општество при Универзитетот во Тилбург (Холандија) ќе одржи предавање под наслов:

 

 

Пребришани умови, испрани мозоци

 

Манипулација, индоктринација,  лажни вести и современ популизам: правото на слободна мисла во

невро-технолошката, пост-фактичка ера

 

 

Предавањето ќе се одржи во свечената сала на Ректоратот на УКИМ, со почеток во 11:00 часот. Чест ни е да ве поканиме да присуствувате на настанот со кој започнува претставувањето на алумните на УКИМ пред академската заедница.

Со овој настан започнува претставувањето на алумните на УКИМ пред академската заедница.
 
 
 
Ректорат
 
<< Затвори

Промоција на прирачник на ФМУ - Скопје

17/05/2018

Во соработка со Факултетот за Музичка Уметност – УКИМ, катедрата за балетска педагогија-современ танц и вонр.проф. д-р. Искра Шукарова, Центарот за Даунов Синдром организира промоција на прирачникот кој е подготвен како дел од проектот И јас сакам да бидам балерина, поддржан од ЕУ и УНИЦЕФ. Оваа соработка е исто дел од проектот Номад то Номад на НВО- Номад Танц Академија Македонија.

Промоцијата ќе се одржи во концертната сала на ФМУ на 17. 05. 2018 во 15 часот.

<< Затвори

Одржана традиционалната манифестација „Отворен ден, запознајте го УКИМ“

07/05/2018

Традиционалната манифестација „Отворен ден, запознајте го УКИМ“ се одржa во саботата, 5.5.2018 година, на Кампусот на техничките факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ) каде беа сместени штандовите на факултетите.

Манифестација беше  наменета за средношколците од сите училишта во Република Македонија, но и за оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на сите циклуси на УКИМ.

Посетителите имаа можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во државата, нејзината долга традиција, мисија и визија.

Се свој штанд се претстави и Факултетот за музичка уметност – Скопје, а нашите студенти, се погрижија за реализација на забавниот дел од овој настан.

<< Затвори

Редослед за главната аудиција за солисти со оркестарот на Македонската филхармонија

04/05/2018

Редослед за главната аудиција

за солисти со оркестарот на Македонската филхармонија

 

10:00 ч.

 

  1. Ангел Спировски (оркестарско диригирање)
  • Џ. Росини: Увертита „Севилски берберин“

 

10:10 ч.

 

  1. Ивана Јанаќиева (пијано)
  • М.Равел: Концерт за пијано и оркестар G-dur, I став

 

  1. Зоран Станишиќ (пијано)
  • С.Рахмањинов: Концерт за пијано и оркестар бр.1 оп.1,  I став

 

  1. Тоше Темелков (пијано)
  • С.Рахмањинов: Концерт за пијано и оркестар бр.2 оп.18, I став

 

  1. Артемида Ќари (пијано)
  • Д.Шостакович: Концерт за пијано и оркестар бр.2 оп.102 F-dur, I став

 

10:50 ч.

 

  1. Никола Мицевски (кларинет)
  • К. Росе-На тема од К. М. Вебер: Фантазија и рондо

 

  1. Ѓорѓи Димитров и Бојан Лушкоски (дуо кларинети)
  • Ф. Крамер: Концерт за два кларинета

 

  1. Стефан Неделковски (саксофон)
  • Д. Мијо: Скарамуш

 

  1. Филип Каревски (фагот)
  • Ф. Данци: Концерт за фагот Еф-дур

 

  1. Благоја Василевски (хорна)
  • Р. Штраус: Концерт Бр. 1, I став  

 

  1. Антонио Весковски (удирачки инструменти)
  • Н. Рoсауро: Концерт за маримба, I став

 

 

 

11:45 ч.

 

  1. Александра Чуруковска (контрабас)
  • С. Кусевицки: Концерт за контрабас и оркестар, I став  

 

  1. Илза Бафтиари (виола)
  • Ц. Форсајт: Концерт за виола и оркестар, I став

 

  1. Eни Вучидолова (виолина)
  • А. Дворжак: Концерт за виолина и оркестар, I став

 

 

 

Декан

проф. м-р Зоран Пехчевски

<< Затвори

ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ

02/05/2018

Отворен ден на УКИМ на 5.5.2018 година од 10 до 17 часот на Кампусот на техничките факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ). ПОВЕЛЕТЕ!!!

<< Затвори

Одржана промоција на каталогот за мелограмите од легатот на истакнатиот македонски фолклорист Васил Хаџиманов

23/04/2018

На 18.4.2018 година, на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во присуство на министерот за култура, г-дин Алаѓозовски, пратеници од Собранието на РМ, претставници на МАНУ, други институции и стручната јавност,  беше промовиран каталогот на дигитализираните мелограми од легатот на истакнатиот македонски фолклорист Васил Хаџиманов, кој го изработија студентите на програмата од вториот циклус студии за музички науки при ФМУ-Скопје, Николче Витковски и Цветанчо Николоски, под менторство на проф. д-р Димитрије Бужаровски.

На свеченоста, каталогот им беше предаден на претставниците на Македонската академија на науките и уметностите, каде се наоѓа овој легат. Во овој каталог се попишани 10.166 мелограми, кои се дел од обемниот легат на Васил Хаџиманов што се наоѓа во архивот на МАНУ. Со попишувањето на мелограмите се прави уште еден важен исчекор во содржината на легатот и брзото и лесно пребарување, посебно имајќи ја предвид неговата обемност.

Овој настан, исто како и попишувањето на комплетната содржина на легатот е од посебно значење за заштитата на македонското духовно културно наследство, е дел од посветената работа на  „Архивот Бужаровски“ (BuzAr), каде што каталогот ќе биде примарно депониран.

Поводот за попишувањето на мелограмите произлезе од работата врз колекцијата на носачи на звук (ленти и касети) од истакнатиот македонски фолклорист Кирил Пенушлиски, која е дигитализирана во „Архивот Бужаровски“ од вонр. проф. д-р Трена Јорданоска во 2008 година. При тоа, во метаподатоците кои ги придружуваа лентите било назначено дека дел од нив се мелографирани од Васил Хаџиманов. По завршувањето на оваа каталогизација беа скенирани 787 мелограми од кои 610 мелограми се поврзани со Колекцијата Пенушлиски.

На овој настан беше одбележана 25-годишнината од првите две дигитални снимки на хард-диск од творештвото на Димитрије Бужаровски, кои се првите дигитални снимки на хард-диск не само во Македонија, туку и на Балканот.

„БузАр“ е најголемиот дигитален архив на звучно културно наследство во Република Македонија и пошироко на Балканот. Во него се наоѓаат дигитализирани и во најголема мерка каталогизирани 2 терабајти со аудио, видео, фотографии, книги, есеи и публицистички текстови, МИДИ, партитури, мелограми, бази на податоци – поврзани со македонското и балканското културно наследство.

Меѓу нив посебно се издвојуваат 14 обемни колекции со музички и говорен фолклорен материјал (Фирфов, Видоески, Пенушлиски, Брзанов, Линин, Бадев, над 1500 детски песни и игри снимени во видео формат од Македонија, Косово и Јужна Србија), но и сопствената продукција на 20 документарни филмови и целокупни концерти (Ѓорѓи Доневски, Бапчорки, Костурчанки, Калистрат Зографски, портрети на Александра Џамбазов, Љубомир Бранџолица, Јордан Цаневски, Зоран Димитровски, Иван Кочаров, Евушка Трпкова-Елезовиќ, Снежана Анастасова Чадиковска, Јени Јол, Ендејдик итн.), 6 музички спотови, над 190 кратки видеа од хрониките на ИРАМ и „БузАр“ и над 110 аудио снимки од концерти.

 

<< Затвори

Одбрана на теорискиот дел од докторска дисертација на кандидатката - м-р ЕЛЕНА АТАНАСОВСКА - ИВАНОВСКА

05/04/2018

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

На 16.4.2018 (понеделник), со почеток во 14:00 часот, во Малата сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе се одржи одбрана на теорискиот дел од докторска дисертација на кандидатката м-р Елена Атанасовска-Ивановска.

 

Одбраната на теорискиот труд ќе се изврши пред комисија во состав:                 

Проф. м-р Борис Романов

Проф. д-р Ганка Цветанова

Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја

Проф. д-р Марија Ѓошевска

Проф. д-р Ана Гацева

<< Затвори

Call for Papers: 2nd Symposium of the ICTM Study Group on Musics of the Slavic World на ФМУ - Скопје

17/01/2018

Во периодот од 21-25 септември 2018 година,  на Факултетот за музичка уметнос- Скопје,  ќе се одржи симпозиум на Студиската група-музиката во славјанскиот свет, на ICTM. Сите информации за пријавување може да се најдат на  офицјалната страна на ICTM на следниов линк:

https://www.ictmusic.org/group/ictm-study-group-musics-slavic-world/post/call-papers-2nd-symposium-ictm-study-group-musics

<< Затвори

Концерт на Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови

24/12/2017

Во вторник, 26.12.2017 година, во Event Center Square 21 (поранешен Кино Вардар) во Скопје, со почеток во 19:00 часот, Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови на ФМУ-Скопје ќе одржат концерт на кој што ќе бидат изведени композиции од доајенот на македонската популарна музика Драган Ѓаконовски-Шпато. Диригент е маестро Кире Костов, а како гости-солисти ќе настапат и Андријана Јаневска, Нико Ѓоргиевски и Кирил Кузманов. Повелете, влезот е слободен!

<< Затвори

Испит од втор циклус студии - Малборе Крајку

12/12/2017

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 19.12.201(вторник), со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И КОМПОЗИЦИЈА на студентката МАЛБОРЕ КРАЈКУ.

 

Комисија: 

Проф. м-р Стојан Димов

Проф. м-р Васо Ристов

Проф. м-р Страшо Темков

<< Затвори