Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

м-р Кире Костов

Редовен професор

м-р Кире Костов

Група наставни предмети од областа на популарните жанрови, Биг Бенд

email: erikkostov@yahoo.com

Костов е роден 1949 година во Битола. Средно музичко училиште завршил во Битола. Уште во тој период активно учествувал во културно-забавното живеење на Битола. Натамошното школување го продолжил на Музичката академија во Белград, а потоа и на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во периодот од 1970-1988 година бил прв трубач и солист на Танцовиот оркестар на тогашната Радиотелевизија Скопје, а од 1988 година до денес (2010) и негов диригент. Како единствен претставник на тогашна Југославија, учествувал во Бигбендот на Европската радиодифузија, кој бил составен од по еден инструменталист од секоја земја од Европа.Кире Костов таа година беше прогласен како најдобар трубач-инструменталист во Југославија и беше избран да ја представува Југославија во тој оркестар. Еве некои позначајни инструменталисти од тој оркестар: Тони Фисер од ббс-Англија прва труба, Анди Харедер од бечката опера и балет втора труба, Кире Костов трета труба и заменик на прва тр., Антонио Карда Абела четврта труба од Мадрид, Јан Кристенсен најдобриот бубњар во скандинавија и во светот, Марио Роска пиано-снимил 7 албуми со прочуениот Френк Синатра и мн. др.

Како трубач досега има снимено преку триста мин.солистичка музика од областа на џезот, популарната музика, класичната музика и друго. Како солист има учествувано во многу емисии на кои што се изведуваа разни автори-солисти од сите тв. куќи во бивша Југославија од Љубљана до Белград изведувајќи нагова музика во која што секогаш преовладува македонската мелоритмика.

Учесник е на Глазбената парада во Раденци реп.Слованија од почетокот до крајот (1974-1989). На оваа парада од музика Кире Костов учествувал со преку четириесетина наслови и со преку петстотини минути солистичка музика, како со Бидбендот на Мртв така и со други оркестри како гостин солист.

Како диригент на Танцовиот орк. на Мртв (1988) за нејзините потреби имам реализирано снимки од преку триста наслови.Сум ги реализирал сите Скопски фестивали од 1991 наваму.  Учествувал три пати со своја програма и еднаш со нашите гости Душко Гојковиќ и Џани Басо на Скопскиот џез фестивал. Исто така со своја програма настапил на Олимпос џез фестивал во Солун реп.Грција во 2000 год. кој што за нас и за нашата држава беше од голема значење.Со тој настап кој што беше директно пренесуван од грчката ТРТ телевизија,македонската телевизија го пушти во употреба нашиот сателитски канал.

Автор е на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот од кои би ги издвоиле ,,Акварел,,Бела ноќ,,Македоска суита 1 и 2 “Нени“, “Травелинг“, “Догледање“, “Алегорија“, “Лепе ти је Беле Вирје“, “Си заљубив едно моме“ и др. Од областа на популарната музика има околу тристотини наслови како што се “Летај галебе“, “Кога те нема“, “Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“,,Само сеќавање“, “Не биди слеп“, “Манастирски сон“, “Моја Битола“, “Охридски спомени“, “Бела птица“, “Кој да ти каже“, “Тонови тајни“, “Ти пеам песна“, “Рум,дум,дум“, “Љубовна религија“, “Што те нема“ и   многу други, и уште толку како аранжер на други автори. Бил еден од основачите на фестивалот за деца и млади Си-До кој се одржуваше во Битола од 1991-2000 година. Од овај фестива произлегоја преку двестотини песни за деца и млади од кои половината од нив беа прогласени за хитови. Еве некои наслови од тој фестивал – “Наташа од трето три“, “Прва љубов“, “Супер бабичка“, “Фламенго“, “Заради тебе Зоране“, “Детство“, “Без другар тешко е“, “Визба стара и гитара“ и многу друри. Бил уметнички директор на Интерфест – Битола за популарна музика (1994-1996). Добитник е на бројни награди и признанија од кои би ги издвоиле -Три Гранприја на фестивалот Макфест (1986,1993, 1995 година), Два Гранприја на Скопскиот фестивал (1995 и 1997 година). Гранпри на Славјански базар во Белорусија ,,Тајно моја,,и,,Илузија во интерпретретација на Тоше Проески, второ место на Славјански базар – “Бела птица“, “хххх“ во интерпретација на Каролина Гочева, втора награда на Славјански базар во Киев Украина – “Што те нема“ во интертретација на Лидија Кочовска, втора награда на фестивалот Сунчане скале – “Тајно моја“ во интерпретација на Тоше Проески, Гранпри на фестивалот Сунчане скале  - “Рум, дум, дум“ во интерпретација на Калиопи и Наум Петрески, трета награда на фестивалот Пјесма Медитерана-Будва, Црна гора – “Љубовна религија“ во интерпретација на Јоце Панов и многу други.

Моментално е диригент на Бигбендот на МРТ, а на Факултетот за музичка уметност предава на отсекот за камерна музика - оркестар (Бигбенд и ревиски орк.)

Огласна табла

Известување за предавање

30/05/2018

Документ: alumni_predavadanje_UKIM-2018.pdf
Во прилог Покана/известување за предавање кое ќе се одржи на 4 Јуни 2018 година, со почеток во 11 часот, во свечената сала во Ректоратот.
 

На 4 јуни 2018 (понеделник), м-р Томислав Чокревски, докторант на Институтот за право, технологија и општество при Универзитетот во Тилбург (Холандија) ќе одржи предавање под наслов:

 

 

Пребришани умови, испрани мозоци

 

Манипулација, индоктринација,  лажни вести и современ популизам: правото на слободна мисла во

невро-технолошката, пост-фактичка ера

 

 

Предавањето ќе се одржи во свечената сала на Ректоратот на УКИМ, со почеток во 11:00 часот. Чест ни е да ве поканиме да присуствувате на настанот со кој започнува претставувањето на алумните на УКИМ пред академската заедница.

Со овој настан започнува претставувањето на алумните на УКИМ пред академската заедница.
 
 
 
Ректорат
 
<< Затвори

Промоција на прирачник на ФМУ - Скопје

17/05/2018

Во соработка со Факултетот за Музичка Уметност – УКИМ, катедрата за балетска педагогија-современ танц и вонр.проф. д-р. Искра Шукарова, Центарот за Даунов Синдром организира промоција на прирачникот кој е подготвен како дел од проектот И јас сакам да бидам балерина, поддржан од ЕУ и УНИЦЕФ. Оваа соработка е исто дел од проектот Номад то Номад на НВО- Номад Танц Академија Македонија.

Промоцијата ќе се одржи во концертната сала на ФМУ на 17. 05. 2018 во 15 часот.

<< Затвори

Одржана традиционалната манифестација „Отворен ден, запознајте го УКИМ“

07/05/2018

Традиционалната манифестација „Отворен ден, запознајте го УКИМ“ се одржa во саботата, 5.5.2018 година, на Кампусот на техничките факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ) каде беа сместени штандовите на факултетите.

Манифестација беше  наменета за средношколците од сите училишта во Република Македонија, но и за оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на сите циклуси на УКИМ.

Посетителите имаа можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во државата, нејзината долга традиција, мисија и визија.

Се свој штанд се претстави и Факултетот за музичка уметност – Скопје, а нашите студенти, се погрижија за реализација на забавниот дел од овој настан.

<< Затвори

Редослед за главната аудиција за солисти со оркестарот на Македонската филхармонија

04/05/2018

Редослед за главната аудиција

за солисти со оркестарот на Македонската филхармонија

 

10:00 ч.

 

  1. Ангел Спировски (оркестарско диригирање)
  • Џ. Росини: Увертита „Севилски берберин“

 

10:10 ч.

 

  1. Ивана Јанаќиева (пијано)
  • М.Равел: Концерт за пијано и оркестар G-dur, I став

 

  1. Зоран Станишиќ (пијано)
  • С.Рахмањинов: Концерт за пијано и оркестар бр.1 оп.1,  I став

 

  1. Тоше Темелков (пијано)
  • С.Рахмањинов: Концерт за пијано и оркестар бр.2 оп.18, I став

 

  1. Артемида Ќари (пијано)
  • Д.Шостакович: Концерт за пијано и оркестар бр.2 оп.102 F-dur, I став

 

10:50 ч.

 

  1. Никола Мицевски (кларинет)
  • К. Росе-На тема од К. М. Вебер: Фантазија и рондо

 

  1. Ѓорѓи Димитров и Бојан Лушкоски (дуо кларинети)
  • Ф. Крамер: Концерт за два кларинета

 

  1. Стефан Неделковски (саксофон)
  • Д. Мијо: Скарамуш

 

  1. Филип Каревски (фагот)
  • Ф. Данци: Концерт за фагот Еф-дур

 

  1. Благоја Василевски (хорна)
  • Р. Штраус: Концерт Бр. 1, I став  

 

  1. Антонио Весковски (удирачки инструменти)
  • Н. Рoсауро: Концерт за маримба, I став

 

 

 

11:45 ч.

 

  1. Александра Чуруковска (контрабас)
  • С. Кусевицки: Концерт за контрабас и оркестар, I став  

 

  1. Илза Бафтиари (виола)
  • Ц. Форсајт: Концерт за виола и оркестар, I став

 

  1. Eни Вучидолова (виолина)
  • А. Дворжак: Концерт за виолина и оркестар, I став

 

 

 

Декан

проф. м-р Зоран Пехчевски

<< Затвори

ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ

02/05/2018

Отворен ден на УКИМ на 5.5.2018 година од 10 до 17 часот на Кампусот на техничките факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ). ПОВЕЛЕТЕ!!!

<< Затвори

Одржана промоција на каталогот за мелограмите од легатот на истакнатиот македонски фолклорист Васил Хаџиманов

23/04/2018

На 18.4.2018 година, на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во присуство на министерот за култура, г-дин Алаѓозовски, пратеници од Собранието на РМ, претставници на МАНУ, други институции и стручната јавност,  беше промовиран каталогот на дигитализираните мелограми од легатот на истакнатиот македонски фолклорист Васил Хаџиманов, кој го изработија студентите на програмата од вториот циклус студии за музички науки при ФМУ-Скопје, Николче Витковски и Цветанчо Николоски, под менторство на проф. д-р Димитрије Бужаровски.

На свеченоста, каталогот им беше предаден на претставниците на Македонската академија на науките и уметностите, каде се наоѓа овој легат. Во овој каталог се попишани 10.166 мелограми, кои се дел од обемниот легат на Васил Хаџиманов што се наоѓа во архивот на МАНУ. Со попишувањето на мелограмите се прави уште еден важен исчекор во содржината на легатот и брзото и лесно пребарување, посебно имајќи ја предвид неговата обемност.

Овој настан, исто како и попишувањето на комплетната содржина на легатот е од посебно значење за заштитата на македонското духовно културно наследство, е дел од посветената работа на  „Архивот Бужаровски“ (BuzAr), каде што каталогот ќе биде примарно депониран.

Поводот за попишувањето на мелограмите произлезе од работата врз колекцијата на носачи на звук (ленти и касети) од истакнатиот македонски фолклорист Кирил Пенушлиски, која е дигитализирана во „Архивот Бужаровски“ од вонр. проф. д-р Трена Јорданоска во 2008 година. При тоа, во метаподатоците кои ги придружуваа лентите било назначено дека дел од нив се мелографирани од Васил Хаџиманов. По завршувањето на оваа каталогизација беа скенирани 787 мелограми од кои 610 мелограми се поврзани со Колекцијата Пенушлиски.

На овој настан беше одбележана 25-годишнината од првите две дигитални снимки на хард-диск од творештвото на Димитрије Бужаровски, кои се првите дигитални снимки на хард-диск не само во Македонија, туку и на Балканот.

„БузАр“ е најголемиот дигитален архив на звучно културно наследство во Република Македонија и пошироко на Балканот. Во него се наоѓаат дигитализирани и во најголема мерка каталогизирани 2 терабајти со аудио, видео, фотографии, книги, есеи и публицистички текстови, МИДИ, партитури, мелограми, бази на податоци – поврзани со македонското и балканското културно наследство.

Меѓу нив посебно се издвојуваат 14 обемни колекции со музички и говорен фолклорен материјал (Фирфов, Видоески, Пенушлиски, Брзанов, Линин, Бадев, над 1500 детски песни и игри снимени во видео формат од Македонија, Косово и Јужна Србија), но и сопствената продукција на 20 документарни филмови и целокупни концерти (Ѓорѓи Доневски, Бапчорки, Костурчанки, Калистрат Зографски, портрети на Александра Џамбазов, Љубомир Бранџолица, Јордан Цаневски, Зоран Димитровски, Иван Кочаров, Евушка Трпкова-Елезовиќ, Снежана Анастасова Чадиковска, Јени Јол, Ендејдик итн.), 6 музички спотови, над 190 кратки видеа од хрониките на ИРАМ и „БузАр“ и над 110 аудио снимки од концерти.

 

<< Затвори

Одбрана на теорискиот дел од докторска дисертација на кандидатката - м-р ЕЛЕНА АТАНАСОВСКА - ИВАНОВСКА

05/04/2018

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

На 16.4.2018 (понеделник), со почеток во 14:00 часот, во Малата сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе се одржи одбрана на теорискиот дел од докторска дисертација на кандидатката м-р Елена Атанасовска-Ивановска.

 

Одбраната на теорискиот труд ќе се изврши пред комисија во состав:                 

Проф. м-р Борис Романов

Проф. д-р Ганка Цветанова

Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја

Проф. д-р Марија Ѓошевска

Проф. д-р Ана Гацева

<< Затвори

Call for Papers: 2nd Symposium of the ICTM Study Group on Musics of the Slavic World на ФМУ - Скопје

17/01/2018

Во периодот од 21-25 септември 2018 година,  на Факултетот за музичка уметнос- Скопје,  ќе се одржи симпозиум на Студиската група-музиката во славјанскиот свет, на ICTM. Сите информации за пријавување може да се најдат на  офицјалната страна на ICTM на следниов линк:

https://www.ictmusic.org/group/ictm-study-group-musics-slavic-world/post/call-papers-2nd-symposium-ictm-study-group-musics

<< Затвори

Концерт на Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови

24/12/2017

Во вторник, 26.12.2017 година, во Event Center Square 21 (поранешен Кино Вардар) во Скопје, со почеток во 19:00 часот, Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови на ФМУ-Скопје ќе одржат концерт на кој што ќе бидат изведени композиции од доајенот на македонската популарна музика Драган Ѓаконовски-Шпато. Диригент е маестро Кире Костов, а како гости-солисти ќе настапат и Андријана Јаневска, Нико Ѓоргиевски и Кирил Кузманов. Повелете, влезот е слободен!

<< Затвори

Испит од втор циклус студии - Малборе Крајку

12/12/2017

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 19.12.201(вторник), со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И КОМПОЗИЦИЈА на студентката МАЛБОРЕ КРАЈКУ.

 

Комисија: 

Проф. м-р Стојан Димов

Проф. м-р Васо Ристов

Проф. м-р Страшо Темков

<< Затвори