Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

м-р Славица Галиќ Петровска

Пензиониран

м-р Славица Галиќ Петровска

Соло-пеење

Славица Петровска Галиќ дипломирала на Музичката академија во Скопје, кај проф. Коста Трпков. Магистерски студии завршила во класата на проф. Милка Ефтимова во Скопје. Во 1986 година заминува на едногодишна специјализација во Ленинградскиот конзерваториум. За време на тој студиски престој  како исклучително талентирана и способна вокалистка, таа добива во театарот “Рубинштајн” две улоги: улогата на Виолета во операта “Травијата” и Розина во “Севилскиот бербер”. Освен тоа, во Ленинград одржува и солистички концерти. По краткиот едногодишен ангажман во Мариборската опера каде кон својот репертоар ги додава и улогите на Блонда и Констанца во Моцартовата опера “Грабнување од Сарајот”, се враќа во Скопје во 1987 и добива постојан ангажман во Операта на МНТ. Во својот репертоар ги додава и улогите на Адина во “Љубовен напиток”, Хана Главари во “Веселата вдовица”, Оскар во “Бал под маски”, Неда во “Паљачи“, Мизета во “Боеми”, Џилда во “Риголето”, Виолета во “Травијата”, Лучја во “Лучија од Ламермур”, Антонида во “Иван Сусањин”,  Дона Ана во “Дон Џовани”, Розалинда во “Лилјакот”,  Лиу во “Турандот”  и  др.

Галиќ гостувала во сите поголеми музички центри на поранешна Југославија, потоа во Бугарија, Грција, Данска, Русија, Италија, Франција, Германија,  а исто така и  на фестивалите Скопско, Битолско и  Охридско лето и  на други музички и  културниманифестации, како и  во: Вилниус, Каунас, Софија, Пловдив, Благоевград, Сан Петрсбург, Копенхаген, Солун, Рим, Нижни Новгород, Осијек, Ријека, Белград, Нови Сад, Загреб, Марибор, Блед итн. 

Добитник на нашето највисоко признание, наградата “11 Октомври” во 2002 година. Истата годинастанува Уметнички раководител на Операта до 2005 година. За тоа време на нашата оперска сцена ги има поставено “Кармен”, “Набуко”, “Иван Сусањин”, “Посета на старата дама”, “Таен брак”, “Мадам Батерфлај”, “Тоска”, “Лилјакот” и “Лидија од Македонија”.

Добитник е на наградата за животно дело, доделена од Сојузот на музичките уметници на Македонија - СМУМ.

Од 2007 година Галиќ е професор по соло пеење на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје.