Пензиониран
м-р Рита Поповиќ
Пијано, Камерна музика за клавишни инструменти
email: ritapopovic@yahoo.comРита Трпчева- Поповиќ е родена во Прилеп, каде и го започнува своето музичко образование во ОМУ. Школувањето го продолжува во средното музичко училиште ™Илија Николовски - Луј™ во Скопје, во класата на проф. Милица Шперовиќ- Рибарски. Во истата класа ги продолжува и високошколските студии на ФМУ- Скопје, на кои дипломира во 1981 година на одделот за пијано.
Од 1981 - 1997 год, работи како наставник по пијано во МБУЦ ™Илија Николовски - Луј™. Од 1997 - 2004 год, е уметнички соработник на ФМУ - Скопје, а од 2004 до денес работи како наставник по пијано во звање вонреден професор при Катедрата за клавишни инструменти.
Со цел да го прошири и збогати своето знаење, ги завршува и постдипломските студии на ФМУ- Скопје, во класата на проф. Јокут Михајловиќ и проф. Борис Романов.
Носител е на повеќе награди од натпревари за млади уметници од поранешна Југославија и со суперлативи одбележан учесник на Средбите на Музичките Академии. Рецензиите ја одбележуваат како пијанист со ™.....несекојдневна естрадност, пијанистичка нарација и буен темперамент...™
Како солист и камерен музичар настапува на фестивалите во Охрид, Битола, Скопје, Гевгелија, Херцег Нови, Будва, Нови Сад; гостувала во сите поголеми центри на поранешна Југославија, како и во Италија, Бугарија, Франција, Албанија, Русија, Малезија, Сингапур....