Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

м-р Тања Јанкова

Вонреден професор

м-р Тања Јанкова

гитара

email: tanja.gitara@gmail.com

Тања Јанкова е родена во Скопје, Р.Македонија,в о 1975год. Дипломира гитара на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф.Вера Огризовик (Србија), а 2001 год. магистрира на истиот факултет во класата на проф.Пабло Барон (Шпанија).

Во 1993год. освојува прва награда на Републичкиот натпревар за гитара во Скопје и втора  за камерна музика.

Досега има реализирано поголем број концерти во Скопје и другите градови на Македонија, меѓу кои: во Музејот на град Скопје во рамките на Скопско лето (1995 год.), во Центарот за култура, “Марко Цепенков“ во Прилеп (1995), во Основното музичко училиште во Тетово (1998), во Салон 19,19 при Културно Информативниот Центар - “Вечер на ренесансна и стара музика од В.Британија“ гитара и мецосопран - Е.Ангеловска (2000 год.), во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово - “Вечер на ренесансна и стара музика од В.Британија (2002) на Штипското културно лето - гитара и мецосопран (2002), во Народниот театар “Војдан Чернодрински“ во Прилеп - гитара и мецосопран (2002), во Основното музичко училиште во Тетово - гитара и виолина - В.Адеми (2004), во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - гитара и виолина (2004), во Музејот од НОВ во Крушево - со виолинистот В.Адеми, на манифестацијата Денови на македонска музика (2008 год.) и на Кривопаланечкото културно лето со солистички концерт (2009 год.).

Реализирала бројни видео записи за МТВ и снимала во соработка со  Француското студио “Мјузик ентертејмент“. 

Редовен член е на жирито на натпреверите  на Музички педагози на Македонија, член на жири комисија е на Интернационалниот натпревар во Приштина, Косово, на Интернационалниот натпревар за гитара во Лесковац, Србија и на Интернационалниот натпревар за гитара во Велинград, Бугарија.

Се усовршувала на бројни мастер класи и семинари за гитара,како :
- Семинар на Д.Богдановик во Белград, Србија;
- Семинар на М.Социас, Т.Хопсток и Т.Милер-Перинг во Нуртинген, Германија;
- Семинар на С.Прието во Белград, Србија;
- Семинар на В.Огризовик во Струга, Македонија.

Работи како професор по гитара во ДМБУЦ, “Илија Николовски-Луј,“ во Скопје, а од 2005 год. работи како доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје и како хонорарен професор на Факултетот за музика во Тетово.

Дипломиран студент од класата: Лазаревски Дејан.
Нејзините ученици имаат освоено многубројни награди во државата и  надвор од неа.

Огласна табла

Call for Papers: 2nd Symposium of the ICTM Study Group on Musics of the Slavic World на ФМУ - Скопје

17/01/2018

Во периодот од 21-25 септември 2018 година,  на Факултетот за музичка уметнос- Скопје,  ќе се одржи симпозиум на Студиската група-музиката во славјанскиот свет, на ICTM. Сите информации за пријавување може да се најдат на  офицјалната страна на ICTM на следниов линк:

https://www.ictmusic.org/group/ictm-study-group-musics-slavic-world/post/call-papers-2nd-symposium-ictm-study-group-musics

<< Затвори

Концерт на Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови

24/12/2017

Во вторник, 26.12.2017 година, во Event Center Square 21 (поранешен Кино Вардар) во Скопје, со почеток во 19:00 часот, Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови на ФМУ-Скопје ќе одржат концерт на кој што ќе бидат изведени композиции од доајенот на македонската популарна музика Драган Ѓаконовски-Шпато. Диригент е маестро Кире Костов, а како гости-солисти ќе настапат и Андријана Јаневска, Нико Ѓоргиевски и Кирил Кузманов. Повелете, влезот е слободен!

<< Затвори

Испит од втор циклус студии - Малборе Крајку

12/12/2017

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 19.12.201(вторник), со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И КОМПОЗИЦИЈА на студентката МАЛБОРЕ КРАЈКУ.

 

Комисија: 

Проф. м-р Стојан Димов

Проф. м-р Васо Ристов

Проф. м-р Страшо Темков

<< Затвори