Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

д-р Димитри Чапканов

Вонреден професор

д-р Димитри Чапканов

Авторско право и сродни права во музиката, Права на уметниците изведувачи во дигиталното опкружување

email: chapkanovdimitri@gmail.com

Д-р Димитри Чапканов

Доцент

 

Авторско право и сродни права во музиката

Права на уметниците-изведувачи во дигиталното опкружување

Интелектуална сопственост

Право на информатичка технологија

 

Д-р Димитри Чапканов е  роден во Скопје на 29.11.1983година. Основно и средно образование завршил во Скопје, матурирајќи во областа на општествените науки со одличен успех. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, стекнувајќи се со звањето дипломиран правник. Заедничките последипломските студии со двојна диплома на Универзитетот во Стразбур, Центар за меѓународни студии по интелектуална сопственост и на Правниот факултет „Јустинијан Први“ ги завршил со висок успех  (9,5)  (mention "très bien"), и се стекнал Универзитетска диплома по право на интелектуална сопственост на Универзитетот во Стразбур.  На 9.11.2012 година,  на  Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје го одбранил магистерскиот труд на тема: „Перцепција на потрошувачите на добро познатите трговски марки  на телекомуникацискиот пазар“ /ConsumersPerceptionofWellKnownTrademarksontheTelecommunicationsMarket/, стекнувајќи се со називот магистер на правни науки од областа на правото на интелектуална сопстевност. На 9.5.2017 година, ја одбранил докторската дисертација  на тема: „Информациското општество и трговските марки во компаративното право“, со што се стекнал со научен назив „доктор на правни науки“.

Дипломирал и магистрирал и на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

Автор или коавтор на повеќе научни и стручни трудови од областа на авторското право и сродните права во музиката, правата на уметниците-изведувачи, правото на индустриска сопственост,  правото на информатичка технологија и други области, од кои најголем дел се објавени во меѓународни научни списанија меѓу кои:

- Analysis of the System for Electronic Evidence for Broadcasted Copyrighted Works and Objects of Related Rights in Macedonia. Socioeconomica, The Scientific Journal for Theory and Practice of Socio-economic Development, 5(9): 13-22, 2016.

-Convergence of Trademark Law and E-Commerce: Overview of US, EU and China Regulations on Trademarks and Domain Names, Mizan Law Review, 8(4), pp.424-438, 2014.Индексиранво: Washington & Lee University Library Law Journals: Submissions and Ranking.

-Вреднување на добро познатите трговски марки  на телекомуникацискиот пазар од студенти на Економскиот факултет и Правниот факултет „Јустинијан Први“, Зборник на текстови од меѓународна конференција на Филозофскиот факултет во Скопје, pp.727-754, 2016.

- Empirical analysis of trademark perception of students enrolled at legal and economic students in The Republic of Macedonia. 9th International Conference of Education, Research and Innovation, Seville, Spain, 7634-7639, 2016.

- Relations Between the Institutes of Roman Law and Contemporary Business Law With Reference to Macedonian Legislation.

- Historical and Contemporary Aspect of the Law on Games of Chance in Sport Context, with Reference to Macedonian Law, Research in Kinesiology, 45 (1), pp.60-65.

- Legal Analysis of Sports Betting Shops ‘Activities and the Use of Funds from the Sports Games of Chance in the Republic of Macedonia, Research in Kinesiology, 45 (1), pp.66-71.

- Analysis of the Regulation of Sport as Acitivity of Public Interest in the European Union and in the Macedonian Legislation, Research in Kinesiology,45 (1), pp.66-71.

 

Во периодот ноември 2014-февруари 2017 година, работел во Министерството за култура на Република Македонија, во Секторот за авторско и сродни права, каде вршел: работни задачи од сферата на колективно управување со авторското и сродните права, правилниците за распределба на авторските надоместоци и правилниците со тарифа за користење на авторски музички дела; Комуникацијата со други државни органи и правни лица; Техничка и административна помош на Комисијата за посредување во авторското право и сродните права; Стручно-аналитички работи во областа на авторското право и сродните права од аспект на домашното и меѓународното законодавство; Управни работи и управна постапка во врска со остварување и заштита на авторското право; Подготвување на Предлог на закони за изменување и дополнување од областа на културата.

            Во 2014 година,  работел во адвокатската канцеларија „Пандовски“, во областите: заштита на авторското право и сродните права и заштита на правата од  индустриската сопственост. Во 2015 година, го положил стручниот испит за застапници по индустриска сопственост и се стекнал со Уверение издадено од Државниот завод за индустриска сопственост. Во периодот декември 2012-јули 2013 година, работел во Националниот центар за развој на иновации, проект на Министерството за образование и наука на Република Македонија. 

 

Д-р Димитри Чапканов учествувал во повеќе научно-истражувачки и проектни активности и тоа:

-Еразмус + проект „Југоисточно европски институт за право и економија на интелектуална сопственост“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, 2017 година.

-Подготовка на Стратегијата за иновации 2020 година, во рамки на Министерство за образование и наука на Република Македонија (член на работна група); Советодавната група за Стратегијата за иновации 2020 година, во рамки на Владата на Република Македонија (член на работна група); Изработка на предлогот на Законот за иновациска дејност (Министерство за образование и наука на Република Македонија); Изработка на предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права (Министерство за култура на Република Македонија; Изработка на повеќе предлози на Закони за изменување и дополнување на Закони од областа на културата (Министерство за култура на Република Македонија); Изработка на повеќе подзаконски акти/Правилници од областа на културата (Министерство за култура на Република Македонија).

 

Член е на Здружението за истражувања во општествените науки „Аргументум“, каде работи како истражувач во научни проекти во областите авторско право и право на индустриска сопсвеност. Член е на асоцијацијата на специјализирани библотеки на Европа (оддел за акедемии, образование и општествени науки), на Македонското здружение за спортско право “LexSportiva” и други научни и стручни здруженија.

 

Редовно учествува на повеќе меѓународни стручни и научни конференции и остварува студиски престои, меѓу кои:

-Проценка на влијание на регулативата-алатки и методи, семинар во организација на УСАИД и Министерството за информатичко општество и администрација, Скопје, 6-7 јули 2015 година;

-Четврта меѓународна конференција за социо-економско истражување и и развој, во организација на научното здружение „Акроасис“ и Универзитетот во Јоханесбург, 27-29 мај, 2016 година;

-Семинар за слободно движење на стоки, добра регулаторна практика и алатки за внатрешниот пазар на ЕУ, во организација на Министерството за економија, 26 април, 2016 година;

-Примена на програмата SPSSво анализа на податоците, во организација на Економскиот факултет на Универзитетот во Белград, јунии септември 2017 година;

-Меѓународна конференција за теорија и практика (ICCTP), Филозофски факултет -Скопје, 30 октомври-1 ноември, 2014 година;

-Втора меѓународна Балканска конференција за римско право и римскоправна традиција „Универзалност на римското право“, во организација на Правниот факултет на Универзитетот во Ниш, 14-16 октомври, 2017 година.

 

Ги зборува или се служи со следниве странски јазици: англискиот, грчкиот, рускиот, францускиот и српскиот јазик.

Поседува сертификати за користење на компјутерската техника (MSOffice, IBMSPSS,  како и други програми) и за познавање на знаковен јазик за лица со оштетен слух.