Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Конкурс за запишување на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје

Објавено на: 31 август 2016

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2016/2017

 

 СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИНА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 12 СЕПТЕМВРИ ДО 7 ОКТОМВРИ 2016 ГОДИНА.

 Потребни документи за пријавување:

  • пријавен лист за запишување студенти, со уплата за административна такса од 50 денари;
  • електронска пријава (испечатена од веб страната www.upisi.ukim.edu.mk);
  • диплома за завршен прв циклус студии;
  • кратка биографија;
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку кандидатот има);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи;
  • потврда за уплатени 50 евра во денарска противвредност.

 

 Напомена:

!         Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, потребно е да достават и програма во која ке бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло –пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;

!         Кандидатите со завршени прв циклус студии надвор од Република Македонија, задолжително мора да достават и Одлука за признавање на високообразовната квалификација стекната во странство, издадена од Министерство за образование и наука на Република Македонија.

 

  • Сите заинтересираните кандидати задолжително мора да се најават во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на следнава веб странаwww.upisi.ukim.edu.mk

    Во прилог, во целост може да го погледнете Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2016/2017 година
Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии.pdf Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии.pdf

Огласна табла

Call for Papers: 2nd Symposium of the ICTM Study Group on Musics of the Slavic World на ФМУ - Скопје

17/01/2018

Во периодот од 21-25 септември 2018 година,  на Факултетот за музичка уметнос- Скопје,  ќе се одржи симпозиум на Студиската група-музиката во славјанскиот свет, на ICTM. Сите информации за пријавување може да се најдат на  офицјалната страна на ICTM на следниов линк:

https://www.ictmusic.org/group/ictm-study-group-musics-slavic-world/post/call-papers-2nd-symposium-ictm-study-group-musics

<< Затвори

Концерт на Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови

24/12/2017

Во вторник, 26.12.2017 година, во Event Center Square 21 (поранешен Кино Вардар) во Скопје, со почеток во 19:00 часот, Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови на ФМУ-Скопје ќе одржат концерт на кој што ќе бидат изведени композиции од доајенот на македонската популарна музика Драган Ѓаконовски-Шпато. Диригент е маестро Кире Костов, а како гости-солисти ќе настапат и Андријана Јаневска, Нико Ѓоргиевски и Кирил Кузманов. Повелете, влезот е слободен!

<< Затвори

Испит од втор циклус студии - Малборе Крајку

12/12/2017

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 19.12.201(вторник), со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И КОМПОЗИЦИЈА на студентката МАЛБОРЕ КРАЈКУ.

 

Комисија: 

Проф. м-р Стојан Димов

Проф. м-р Васо Ристов

Проф. м-р Страшо Темков

<< Затвори