Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Орден за заслуги на Факултетот за музичка уметност - Скопје

Објавено на: 06 декември 2016

На 6.12.2016 година (вторник), Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов, го закити Факултетот за музичка уметност - Скопје, во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со Орден за заслуги за Македонија.

Оваа свечена церемонија се одржа на 50 годишнината од основањето на најстарата музичка високообразовна институција во Република Македонија - Факултетот за музичка уметност - Скопје, за особено постигнатите резултати во образовната, уметничката и научната дејност, како и во збогатувањето и промовирањето на македонската музичка култура и афирмација на Република Македонија во светот.