Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Концерт по камерна музика - MUSICA VIVA

Објавено на: 28 февруари 2017

На 21.2.2017 година, на Факултетот за музичка уметност - Скопје, се одржа вториот концерт на камерна музика како дел од циклусот концерти - MUSICA VIVA.

На концертот настапија студентите од катедрата по пијано од класите на: проф. м-р Тодор Светиев, проф. Јован Каровски, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Ана Гацева, проф. м-р Катерина Костадиновска Гелебешева, доц. д-р Кристина Светиева и доц. м-р Кристијан Каровски.