Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Упис на зимскиот семестар во учебната 2017/2018 година, за студентите од II, III и IV година

Објавено на: 07 септември 2017

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД II, III И IV ГОДИНА

 

ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ПО СТУДИСКИ ГОДИНИ, ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:

 

-    14, 15 и 18.9.2017 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО II ГОДИНА

-    19 и 20.9.2017 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО III ГОДИНА

-    21 и 22.9.2017 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО IV ГОДИНА И СТУДЕНТИ КОИ ГО ЗАВРШИЛЕ ОСМИОТ СЕМЕСТАР, А ПРЕЗАПИШУВААТ ПРЕДМЕТИ

Потребни документи за запишување:

-             Индекс;

-             Електронско запишување на семестарот во Iknow системот;

-             Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари;

-             Образец ШВ.20 - Завод за статистика;

-             Потврда за уплатена прва рата школарина;

-             Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;

-             Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;

-             Уплата за презапишување на неположени предмети од зимскиот семестар од учебната 2016/2017, во висина од 406,00 денари за еден кредит;

-              Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност.

 

Напомена:

НАСТАВАТА ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ ЌЕ ЗАПОЧНЕ НА 18-ти СЕПТЕМВРИ 2017!

Во прилог може да ги погледнете жиро сметките за сите уплатници.

 

Уплатници.docx

Огласна табла

Call for Papers: 2nd Symposium of the ICTM Study Group on Musics of the Slavic World на ФМУ - Скопје

17/01/2018

Во периодот од 21-25 септември 2018 година,  на Факултетот за музичка уметнос- Скопје,  ќе се одржи симпозиум на Студиската група-музиката во славјанскиот свет, на ICTM. Сите информации за пријавување може да се најдат на  офицјалната страна на ICTM на следниов линк:

https://www.ictmusic.org/group/ictm-study-group-musics-slavic-world/post/call-papers-2nd-symposium-ictm-study-group-musics

<< Затвори

Концерт на Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови

24/12/2017

Во вторник, 26.12.2017 година, во Event Center Square 21 (поранешен Кино Вардар) во Скопје, со почеток во 19:00 часот, Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови на ФМУ-Скопје ќе одржат концерт на кој што ќе бидат изведени композиции од доајенот на македонската популарна музика Драган Ѓаконовски-Шпато. Диригент е маестро Кире Костов, а како гости-солисти ќе настапат и Андријана Јаневска, Нико Ѓоргиевски и Кирил Кузманов. Повелете, влезот е слободен!

<< Затвори

Испит од втор циклус студии - Малборе Крајку

12/12/2017

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 19.12.201(вторник), со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И КОМПОЗИЦИЈА на студентката МАЛБОРЕ КРАЈКУ.

 

Комисија: 

Проф. м-р Стојан Димов

Проф. м-р Васо Ристов

Проф. м-р Страшо Темков

<< Затвори