Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Концерт на триото „Миодраг Азањац“ одржан на ФМУ - Скопје

Објавено на: 11 декември 2017

На 21.11.2017 година, се одржа концерт на триото флејти „Миодраг Азањац“ на ФМУ - Скопје. Членови на триото се: Сузана Марочик, Карољ Марочик и Александар Ружичиќ, сите професори на Факултетот за уметности во Крагуевац, Република Србија. На програмата беа дела од Корели, А. Вивалди, Ј. С. Бах. Ј. Хајдн и Штамиц. Концертот се одржа во концертната сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје.