Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Пријавување на кандидати за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје во вториот уписен рок

Објавено на: 09 јануари 2018

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2017/2018

 

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 8-ми ДО 22-ри ЈАНУАРИ 2018 ГОДИНА.

ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 29-ти И 30-ти ЈАНУАРИ 2018.

 

Потребни документи за пријавување:

  • пријавен лист за запишување студенти, со уплата за административна такса од 50 денари;
  • електронска пријава (испечатена од веб страната www.upisi.ukim.edu.mk);
  • диплома или уверение за завршен прв циклус студии (оригинал и копија);
  • кратка биографија;
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку кандидатот има);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи;
  • изјава за првична согласност од потенцијалниот ментор;
  • потврда за уплатени 50 евра за пријавување на втор циклус студии, во денарска противвредност.

 

Напомена:

!           Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, потребно е да достават и програма во која ке бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло –пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;

!           Кандидатите со завршени прв циклус студии надвор од Република Македонија, задолжително мора да достават и Одлука за признавање на високообразовната квалификација стекната во странство, издадена од Министерство за образование и наука на Република Македонија.

 

  • Сите заинтересираните кандидати задолжително мора да се најават во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на следнава веб странаwww.upisi.ukim.edu.mk. Системот за пријавување на заинтересираните кандидати ќе биде активен од 9.1.2018 година.

 

Во прилог на ова известување може да го погледнете целиот Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2017/2018 година и жиро сметката за уплата.

Изјава за предлог на ментор.doc Жиро сметка за уплата.docx Конкурс за втор циклус студии.pdf