Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

С О О П Ш Т Е Н И Е ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗАПИШАНИ ВО ОКТОМВРИ 2017/2018 ГОДИНА

Објавено на: 12 март 2018

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗАПИШАНИ ВО ОКТОМВРИ 2017/2018 ГОДИНА

 

Се известуваат студентите од втор циклус студии дека заверката на зимскиот семестар и пријавувањето на испитите од зимскиот семестар ќе се врши во периодот од 19.3.- 21.3.2018 година, а полагањето на испитите ќе се реализира најдоцна до 30.3.2018 година.

По полагањето на испитите, а најдоцна до 6.4.2018, ќе се врши и запишување на летниот семестар.

 Потребни документи за заверка на зимскиот семестар и пријавување на испити:

-       индекс;

-       образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса;

-       пријави за испити, со уплата за административна такса;

-       пополнет и потпишан образец за полагање на испит по главен предмет - „прилог кон пријава за испит“ (во прилог);

-       уплати за испитите:

                 6150 денари за полагање на испит по главен предмет

                 3075 денари (по предмет) за полагање на изборни предмети

-       испитите од зимскиот семестар задолжително треба да се пријават и во електронскиот сервис Iknow (www.iknow.ukim.edu.mk). Упатството за електронско пријавување на испити, ви го испраќаме во прилог.

 

Потребни документи за запишување на летниот семестар (до 6.4.2018):

-       индекс (со оценки од предметите од зимскиот семестар);

-       образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса;

-       уплата за втора рата школарина, во висина од 36.900,00 денари.

Жиро сметка за уплата_24320_081.docx УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ_24320_597.docx прилог кон пријава за испит_24320_940.doc