Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Одржано предавање на тема „Modern Historicism“ и мастер клас со унгарски еминентни уметници на ФМУ - Скопје

Објавено на: 23 април 2018

На 18.04.2018 година, во Малата сала на ФМУ - Скопје еминентниот виолинист Саболч Илеш одржа предавање на тема „Modern Historicism“.

На 18 и 19.04.2018 година се одржа и Мастер клас заедно со тројцата истакнати изведувачи на барокна музика од Унгарија. Мастер клас по флејта одржа Жужана Ѓурина, мастер клас по пијано одржа Јулиана Берецки и мастер клас по виолина одржа Саболч Илеш. На семинарот земаа учество студенти и камерни состави од Факултетот за музичка уметност - Скопје, како и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“.