Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Одржан концерт со барокна музика на ФМУ - Скопје

Објавено на: 23 април 2018

На 18.04.2018 година, во соработка со Унгарската амбасада во Република Македонија, на ФМУ - Скопје  се одржа концерт со унгарските еминентни музичари, виолинистот Саболч Илеш, флејтистката Жужана Ѓурина и пијанистката Јулиана Берецки. Присутните имаа исклучителна можност да ги чујат истакнатите изведувачи на барокна музика во изведба на виолина, барокна флејта и чембало.