Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Одржан концерт на Камернот оркестар „Солисти на ФМУ“

Објавено на: 09 мај 2018

На 8.5.2018 година во малата сала на Македонската филхармонија со почеток од 20 часот,  се одржа  концерт на Камернот оркестар „Солисти на ФМУ“ под диригентското водство на проф. м-р Борјан Цанев. Како солисти настапија студентите: Љубица Делева, Лида Алиу, Пандорка Јанаќиева, Јана Каевска и Димитар Михајловски од класите на проф. м-р Страшо Темков, проф. м-р Олег Кондратенко и проф. м-р Љубиша Кировски.