Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Соопштение за запишување на примените кандидати од првиот уписен рок, во учебната 2018/2019 година

Објавено на: 06 септември 2018

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА

 

Запишувањето на примените кандидати, пријавени во првиот уписен рок во учебната 2018/2019 година, ќе се врши на 10-ти септември, 2018 година.

Потребни документи:

  • Индекс и студентска легитимација;
  • Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
  • Образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
  • Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
  • Потврда за уплатена прва рата школарина - 6150,оо денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота или 12.300,оо денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите;
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  • Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
  • Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
  • Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" (ве молиме внимавајте при извршувањето на уплатата, која се врши на жиро-сметката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“).

Сите жиро – сметки може да ги видите во продолжение на ова соопштение.

 

Жиро сметка за уплата на школарина_29322_357.doc Жиро сметкa за уплата на амортизација, библиотечен фонд и студиска програма_29322_122.doc Жиро сметка за ИКСА на УКИМ_29322_825.jpg Уплатница за ТМ 50.docx