Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Објавен Конкурс за Еразмус+ програмата

Објавено на: 11 септември 2018

 

 УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

објавува

 

КОНКУРС

ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+

АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР

за академската 2018/2019година

 

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

За размена на додипломско ниво, право на пријавување имаат само редовни студенти со завршена прва година  на студии.

Времетраење на мобилноста за студенти: еден семестaр (летен семестар).

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и ЕУ универзитетите. (Види листа на Еразмус+ договори)

Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот www.ukim.edu.mk/меѓународна соработка/ЕРАЗМУС+или интернет-страната на факултетот:

  • пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
  • договор за студирање (Learning Agreement) во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и  факултетот во странство(минимум 20 ЕКТС- максимум 30ЕКТС);
  • уверение за положени испити на македонски јазик;
  • најмалку една препорака;
  • уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот издадена  од признат центар/школа за странски јазици;
  • уверение за редовен студент-  запишан семестар/година (на македонски јазик);
  • кратка биографија (Europass model).

Висината на стипендијата за студентите изнесува 470-520 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува (Види листа на интернет-страната на Универзитетот).

Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.

Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно со утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата, мотивација.

При одлучувањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за првпат и досега не користеле Еразмус+ стипендија.

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Еразмус+ координаторотна факултетот каде студираат,  најдоцна до 1 октомври 2018.

 

За координатор на Еразмус+ програмата на Факултетот за музичка уметност - Скопје е назначен проф. м-р Живко Фирфов.

Краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот е 5 октомври 2018.