Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Проектот насловен „Чудна шума“ како дел од програмата на МОТ на 24.9.2018

Објавено на: 21 септември 2018

Вонр. проф. д-р Искра Шукарова кореограф и професор при ФМУ-Скопје (во соработка со Урсула Еагли-Њујорк) заедно со студентите од катедрата за современ танц при ФМУ-УКИМ ќе го претстави проектот насловен „Чудна шума“ како дел од програмата на МОТ на 24.9.2018 година во салата на Македонската Филхармонија, 18:00h.
Оваа вечер има за цел да направи пресек на уметничкиот и едукативниот современ танцов процес. 
Како дел од работниот процес е соработката со кореографката Урсула Еагли од Њујорк која во април овааа година работеше со студентите на истиот проект при ФМУ - Скопје. Идејата на современиот танцов перформанс „Чудна шума“ е да ја воспостави нишката на структурираното општествено живеење пренесувајќи ја публиката низ суспендираните магични базени од сластни танци.

Овој пат како дел од овој современ танцов настан поканета е како соработник и учесник актерката Искра Ветерова-Славенска како и Џијан Емин кој е вклучен во креирањето и реализацијата на музичкиот концепт.

Во претставата ќе земе учество и Габриела Трајчевска од Центарот за Даунов синдром во Македонија со кои вонр. проф. д-р Шукарова соработува преку проектот „И јас сакам да бидам балерина“ подржан од УНИЦЕФ.

Настанот воедно ќе ја промовира и работата на катедрата за балетска педагогија–отсек за современ танц која е формирана во 2010 година при ФМУ-УКИМ каде вонр. проф. д-р Шукарова е предавач на предметите од областа на современиот танц.

Овој настан е овозможен благодарение на подршката на Македонската филхармонија во соработка со ФМУ-УКИМ, како и на фондот GPS-Global Practice Sharing/Trust for Mutual Understanding and Movement Research (кој го подржа престојот на Урсула Еаглу од Њујорк).

Воедно, оваа програма е уште еден настан од проектот инициран од вонр. проф. д-р Шукарова -  Nomad to Nomad како дел од NGO Nomad Dance Academy-Macedonia. 

ПРОЕКТ ЧУДНА ШУМА

Кореографија: Искра Шукарова
Соработник: Урсула Еагли (Њујорк)
Продукција: Искра Шукарова
Асистент на продукција: Весела Моловска
Музички соработник: Џијан Емин
Соработник за актерска игра: Искра Ветерова-Славенска
Светло Дизајн: Илија Тарчуговски

Учествуваат: Искра Ветерова-Славенска, Бојан Мицев, Елена Костадинова, Медина Јусуфович, Ивана Димкоска, Меланија Гоцевска, Ева Џингова и Габриела Трајчевска