Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Kонцерти на пијано дуото во состав проф. м-р Катерина Гелебешева Костадиновска и проф. м-р Зоран Пехчевски

Објавено на: 12 февруари 2019

Проф. м-р Катерина Гелебешева Костадиновска: На 28.9.2018 година во концертната сала на ФМУ  во Штип и на 3.10.2018 година во концертната сала на ФМУ – Скопје, се одржаа концерти на пијано дуото во состав проф. м-р Катерина Гелебешева Костадиновска и проф. м-р Зоран Пехчевски. Концертите беа подржани од годишната програма на Министерството за култура на Р. Македонија а, беа изведувани дела за две пијана од: Арсенски, Равел, Сен Санс...

Истото дуо, со иста програма, настапи на 5.10.2018 година и на фестивалот „Интерфест“ во Битола.

Проф. м-р Катерина Гелебешева Костадиновска како член на пијано дуото Гелебешеви (со м-р Глигор Гелебешев) настапи во Куманово на 22.10.2018 и во Словењ Градец во Музејот на Хуго Волф во Р. Словенија со дела од Брамс, Равел, Барбер и Росини.