Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Реализирана работилница со проф. Грегор Камникар од Словенија со студенти од студиската програма по балетска педагогија - современ танц на ФМУ - Скопје

Објавено на: 27 февруари 2019

На 27.12.2018 и 28.12.2018 професор од Словенија Грегор Камникар одржа работилница за студентите од современ танц, катедра за балетска педагогија при ФМУ во организација на вонр. проф д-р. Искра Шукарова. Работиницата беше насочена кон истражување на нови танцови форми во доменот на современиот танц. Професор Грегор Камникар доаѓа по втор пат како гостин во рамки на програмата при ФМУ.