Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ И НАСТАВЕН КАДАР за летниот семестар во академската 2019/2020 година

Објавено на: 27 мај 2019

Почитувани,

Ве известуваме дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го објави Конкурсот во рамки на програмата ЕРАЗМУС+K103 на Европската комисија за доделување стипендии за студенти и наставен кадар за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ за летниот семестар во академската 2019/2020 година.

Времетраење на мобилноста за студенти: еден семестaр (летен семестар).

Времетраење на мобилноста на наставниот кадар: 1 недела (до 5 работни денови).

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Еразмус+ координаторот на Факултетот за музичка уметност - Скопје,  најдоцна до 1 октомври 2019.

Информации на следниот линк: http://www.ukim.edu.mk/mk_vest.php?v_id=298