Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Musica Viva (#4), Концерт на студентите од вокално-инструменталните оддели, одделот за музичка теорија и педагогија и студиската програма за популарни жанрови на ФМУ – Скопје

Објавено на: 23 декември 2019

Во среда, 25 декември 2019 година во Концертната сала на ФМУ, со почеток во 19 часот, ќе се одржи четвртиот концерт во рамките на концертната програма Musica Viva на ФМУ, со студенти - солисти и разновидни камерни состави и ансамбли од вокално-инструменталните оддели, одделот за музичка теорија и педагогија (класа проф. д-р Драган Даутовски по орфов и народен инструментариум и насока за народни инструменти) и студиската програма за популарни жанрови на ФМУ – Скопје. На програмата ќе бидат изведени дела на Лансен, Хатце, Золотарјов, Шчедрин, Полити, Пјацола, Џоплин, како и џез стандардите “All I Could Do Was Cry”, “Scrapple from the Apple”, “Night and Day”, “The Way You Look Tonight”, “The Summerwind”, “Shake a Tail Feather”, “Come Fly wtih Me”, “Out of Nowwhere”, “Cantalope Island”, и композицијата „Кумановка“ со ансамбл на народни инструменти.

Влезот е слободен!