Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Вонр. проф. д-р Искра Шукарова организира и координира работилница во соработка со средното балетско училиште ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“-Скопје

Објавено на: 13 јануари 2020

Факултетот за музичка уметност - Скопје на 28.12.2019 организираше работилница со студент апсолвент Бојан Мицев во соработка со одделот на средното балетско училиште ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“-Скопје.

На работилницата земаа учество ученици од средното балетско училиште заедно со студентите при Факултетот за музичка уметност - Скопје катедра за балетска педагогија во класата на вонр. проф. д-р Искра Шукарова.

Прикажаната програма од страна на апсолвент Мицев е дел од споделувањето на стекнатото знаење на студентот кој во моментов посетува часови во Мадрид како дел од образовната програма на компанијата Elephant in a black box.

Координатор и организатор од страна на Факултетот за музичка уметност - Скопје катедра за балетска педагогија беше вонр. проф. д-р Искра Шукарова додека за координатор од одделот на средното балетско училиште ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“  - Скопје беше одговорна професор Елизабет Колевска.