Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Свеченост по повод пензионирањето на наши професори и соработници

Објавено на: 14 јануари 2020

Во Малата концертна сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје на 14 јануари 2020 година во 12 часот се одржа свеченост по повод пензионирањето на проф. д-р Димитрије Бужаровски, проф. м-р Тања Вујисиќ-Тодоровска, проф. Јован Каровски, проф. м-р Рита Поповиќ, Киро Ристески, клавирштимер и вонр. проф. д-р Снежана Филиповска. По овој повод, деканот на ФМУ – Скопје, проф. м-р Живко Фирфов, во свое и во име на целиот колектив на ФМУ – Скопје, на пензионираните професори и соработници им изрази голема благодарност за придонесот во развојот на Факултетот за музичка уметност – Скопје.