Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Видеа и фотографии од одбележувањето на 20-годишнината на архивот БузАр 2000–2020 и промоцијата на документарното видео за доајенот на македонската народна музика Благоја Дескоски

Објавено на: 27 јануари 2020

На 24 јануари 2020 година, во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност во Скопје се одбележа 20-годишнината на архивот БузАр 2000–2020 (Архив Бужаровски) и премиерно беше прикажано документарното видео за доајенот на македонската народна музика, виолинистот, аранжер и композитор Благоја Дескоски. На сајтот buzar.mk може да се проследат кратки инсерти од видеата и фотографии.