Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Доделување на индексите на студентите запишани на прва година во академската 2020-2021 година на Факултетот за музичка уметност – Скопје

Објавено на: 02 октомври 2020

На 2 октомври 2020 година во 10 часот во аулата на Факултетот за музичка уметност – Скопје продеканот за настава вонр. проф. д-р Александар Димитријевски им ги додели индексите на студентите запишани на прва година во академската 2020-2021 година.

Деканот на ФМУ – Скопје проф. м-р Живко Фирфов и продеканот за концертна и научна дејност проф. д-р Викторија Коларовска-Гмирја на новата генерација бруцоши им посакаа добредојде на ФМУ и успешно студирање.