Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Промоција на книгата од Димитрије Бужаровски – Увертирата и четирите симфонии

Објавено на: 06 јуни 2021

На 8 јуни во 20 часот ќе се одржи Zoom промоција на најновата книга за творештвото на Димитрије Бужаровски: Увертирата оп. 54 и четирите симфонии: Fantasia quasi una Sinfonia оп. 4, Симфонија Раѓање на слободата оп. 9, TechnoSymph оп. 42, Вокална симфонија оп. 53.

Оваа книга е издадена од Факултетот за музичка уметност во Скопје и како и претходната, Од Шеќерна до Деспина, може да се преземе во pdf формат на страницата на архивот BuzAr: http://buzar.mk

Книгата содржи голем број информации околу настанувањето и изведбите на овој дел од опусот на Димитрије Бужаровски, вклучувајќи ги и деталните анализи на формата и останатите музички аспекти на делата.

Промоцијата ќе ја води деканот на ФМУ, проф. м-р Живко Фирфов, а ќе ја промовираат рецензентите проф. д-р Викторија Коларовска-Гмирја и проф. д-р Трена Јорданоска. Покрај нив и авторот проф. д-р Димитрије Бужаровски во промоцијата ќе учествуваат и тројцата диригенти проф. д-р Сузана Костиќ, проф. Велко Тодевски и проф. м-р Борјан Цанев кои ги извеле делата обработени во оваа книга.

Снимките од Увертирата и симфониите може да се проследат на YouTube каналот на архивот BuzAr.

Снимката од целиот настан веднаш ќе биде поставена на истиот YouTube канал, а до неа ќе води и линк од страницата на ФМУ.