Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Одржана Zoom промоција на книгата на Димитрије Бужаровски – Увертирата и четирите симфонии

Објавено на: 09 јуни 2021

Димитрије Бужаровски
Увертирата оп. 54 и четирите симфонии: Fantasia quasi una Sinfonia оп. 4, Симфонија Раѓање на слободата оп. 9, TechnoSymph оп. 42, Вокална симфонија оп. 53

(link to pdf; 56.5 mb)
 
На 8 јуни 2021 година се одржа Zoom промоцијата на книгата од Димитрије Бужаровски – Увертира оп. 54 и четирите симфонии: Fantasia quasi una Sinfonia оп. 4, Симфонија Раѓање на слободата оп. 9, TechnoSymph оп. 42 и Вокална симфонија оп. 53. Промоцијата ја водеше деканот на ФМУ проф. м-р Живко Фирфов, а книгата ја промовираа рецензентите проф. д-р Викторија Коларовска-Гмирја и проф. д-р Трена Јорданоска. Во промоцијата покрај авторот Димитрије Бужаровски учествуваа и диригентите на споменатите дела Сузана Костиќ, Борјан Цанев и Велко Тодевски.
 
Видеото од оваа промоција е поставено на YouTube каналот на Архивот Бужаровски: