Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Одбележување на 55-годишнината на ФМУ со избор на видеа од архивот БузАр

Објавено на: 12 август 2021

ИРАМ-овите хроники низ кратки документарни видеа (над 170), проследија голем број културни настани поврзани со Факултетот за музичка уметност во првата деценија на новиот милениум. Овој избор содржи четири видеа од одбележувањето на годишнината на Факултетот за музичка уметност во Скопје (1966–2003) снимени во декември 2003 година. Во нив можат да се видат поголем број од професорите кои работеа на ФМУ (вклучувајќи го и доделувањето на слики на пензионираните професори Ратка Димитрова, Јасминка Чакар и Сотир Голабовски), но и настапите на повеќе студенти кои денес се носители на културниот живот и образованието во Македонија.

Со ова ретко и извонредно сведоштво БузАр се приклучува во одбележувањето на 55-годишнината на ФМУ. До денот на ФМУ – 6 декември, на јутјуб каналот на БузАр ќе споделиме повеќе видеа од богатата ризница на овој архив.

Линкот до јутјуб страницата на архивот е:
https://www.youtube.com/channel/UCoRrgui0j6bK9s70nPpM79w

https://www.facebook.com/Buzarovski-Archive-108837414744552