Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Рокови и упатства за пријавување на кандидати за упис на прв циклус студии (додипломски студии) на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во вториот уписен рок, во учебната 2021/2022 година

Објавено на: 13 септември 2021

 РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ (ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ)

НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ,

ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

 

  • Пријавување на кандидати во вториот уписен рок - 14 и 15.9.2021 година

 

  • Проверка на знаења и умеења (приемни испити) - од 17.9.2021 до 23.9.2021 година

          *Распоредот за приемните испити дополнително ќе биде објавен на веб страната на факултетот

 

  • Објавување прелиминарна ранг-листа  - 23.9.2021 година

 

  • Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) - 24.9.2021 година

 

  • Запишување на примените кандидати и доставување на документацијата - 27.9.2021 година

 

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски со регистрирање во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на веб страната www.upisi.ukim.mk и со испраќање на електронска пошта на следниов e-mail: upisi-fmu@ukim.edu.mk

Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:

  • пријава за запишување (образец А1, се купува во книжарници)
  • електронска пријава(испечатена од iKnow-системот)
  • оригинални свидетелства од сите класови (и двете страници)
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • извод од матична книга на родените
  • доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  • изјава за национална припадност (по потреба)
  • потврда за уплатa:

- Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50:Назив на примачот:Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161;Конто 722313 00) и

- 500 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет или 1000 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети, на жиро-сметката на факултетот (Образец ПП 50: Назив на примачот: Буџет на РСМ, УКИМ- Факултет за музичка уметност-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Сметка на буџетски корисник - единка корисник: 1600104332 788 16 Приходна шифра и програма 723013 41)   

Важна напомена: За приемните испити по инструмент, вклучително пијано за МТП, композиција и диригирање, кандидатите треба да го снимат материјалот за испит, да креираат сопствен YouTube канал на кој ќе ги прикачат снимените материјалии да направат word документ со список со линкови од видео снимките кој ќе го испратат заедно со комплетната скенирана документација на e-mail: upisi-fmu@ukim.edu.mk  (целосното упатство е дадено во прилог), најдоцна до 15.9.2021, до 15 часот.

 

 Во прилог на ова соопштение може да погледнете:

 - Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2021/2022 година;

- Испитни барања и програми за проверка на знаењата и умеењата (приемни испити);

 - Упатство за електронско полагање на приемните испити по инструмент и соло пеење, преку аудио-видео записи;

 - Жиро сметка за уплата на приемни испити;

- Број на слободни места за втор уписен рок.

Konkurs_I_ciklus_2021_22.pdf Испитни барања и програми за приемни испити на ФМУ - Скопје.pdf Упатство за приемен испит инструменти (1).pdf Жиро сметка ФМУ.docx Број на слободни места за втор уписен рок.pdf