Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Денови на жалост

Објавено на: 23 ноември 2021

Поради тешката сообраќајна несреќа која се случи на ден 23 ноември 2021 година, 23, 24 и 25 ноември се прогласени за денови на жалост.
Јавните настани закажани од ФМУ за овие три дена се откажуваат.
Колективот и студентите на Факултет за музичка уметност изразуваат длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите.