Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Запишување на летен семестар од учебната 2021/2022 година, за студентите од прв циклус студии

Објавено на: 10 февруари 2022

С О О П Ш Т Е Н И Е

Запишувањето на летниот семестар од учебната 2021/2022 година ќе се врши и по електронски пат и со физичко доставување на документи.

Физичкото доставување на документацијата ќе се врши во точно утврдени термини и задолжително е потребно да се придржувате до следниве препораки:
• секој студент да дојде во наведениот термин, со задолжително носење на заштитна маска и почитување на социјалната дистанца на точно определените места за стоење;
• студентите во утврдениот термин, ќе може да си го подигнат индексот и во просториите 0/1 или 0/2 да го пополнат индексот со предметите кои ги запишуваат во летниот семестар од учебната 2021/2022 година;
• откако целосно ќе се пополни индексот, заедно со останатата документација, ќе се остави во кутијата која ќе се наоѓа во холот на факултетот.

Запишувањето на летниот семестар ќе се одвива од 14.2.2022 година до 17.2.2022 година во периодот од 9 часот до 15 часот, со следниов распоред:
- 14.2.2022 – ДОСТАВУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА СТУДЕНТИ ОД I ГОДИНА
- 15.2.2022 - ДОСТАВУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА СТУДЕНТИ ОД II ГОДИНА
- 16.2.2022 - ДОСТАВУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА СТУДЕНТИ ОД III ГОДИНА
- 17.2.2022 - ДОСТАВУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА СТУДЕНТИ ОД IV ГОДИНА И ОСТАНАТИ СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ ПРЕД УЧЕБНАТА 2017 ГОДИНА

Потребни документи:
• Индекс со запишани предмети за летниот семестар од учебната 2021/2022 година;
• Образец за запишување на семестар (во образецот се запишуваат сите предметите кои студентот ќе ги запише во следниов семестар);
• Потврда за уплата на втора рата школарина;
• Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација на основни средства;
• Уплати за презапишување на не положени предмети од летниот семестар во учебната 2020/2021 година, во висина од 410 денари за 1 ЕКТС кредит;

За запишување на летниот семестар во Iknow системот, потребно е студентот прво да го запише семестарот во табот „семестри“, а дури потоа во табот „предмети“ да ги избере предметите кои ќе ги запише. Рокот за внесување на овие податоци во Iknow системот е до 15.2.2022 година.
За сите информации, проблеми со системско пријавување и прашања, контактирајте нѐ на studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk
Жиро сметките за уплата на сите трошоци се прикачени во прилог.

Уплатници ФМУ_60596_640.docx