Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Објавена книгата за вокалните циклуси и песни од проф. д-р Димитрије Бужаровски

Објавено на: 05 мај 2022

Седмата книга од циклусот за творештвото на Димитрије Бужаровски – Вокални циклуси и песни ги обработува 10-те вокални циклуси и повеќе соло песни низ опкружувањето во кое се настанати, по што следи детална анализа на нивната формална, хармонска, полифона и интерпретациска структура. Во најновиот пост на јутјуб каналот на БузАр, прелистувањето на книгата е комбинирано со соодветни аудио и видео инсерти од изведбите на обработените дела. И оваа книга која е објавена во електронско издание е достапна за бесплатно преземање на страницата на архивот: