Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Алумни

На Факултетот за музичка уметност во Скопје дипломирале 2108 студенти. Голем дел од нив денес се еминентни имиња во музичкиот свет. Тие настапуваат на концертните сцени низ светот - како солисти или во значајни оркестри, оперски куќи и ансамбли. Голем број од дипломираните студенти се и наставници на факултети, колеџи, средни школи, приватни школи, но, и естрадни уметници.

Доколку и Вие сте дипломирале на Факултетот за музичка уметност во Скопје и сакате да бидете дел од нашата Алумни галерија, испратете фотографија, Вашето име и презиме, која година завршивте и опис на Вашата моментална дејност. Вашите податоци испратете ги на administrator@fmu.ukim.edu.mk

Погледнете неколку од личностите кои денес претставуваат значајни имиња во музичкиот свет, а некогаш биле студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје.