Последни објавени новости на ФМУ.
Објавено на: 12 септември 2016
Запишување на примените кандидати од вториот уписен рок, во учебната 2016/2017 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2016/2017 ГОДИНА
Запишувањето на примените кандидати, пријавени во вториот уписен рок во учебната 2016/2017 година, ќе се врши на 14-ти септември, 2016 година.
Потребни документи:
- Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
- Образецза потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
- Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
- Потврда за уплатена прва рата школарина
- 6150,оо денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота;
- 12.300,оо денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка
- цел на дознака:ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност
- жиро сметка: 100000000063095
- депонент: НБРМ
- сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
- приходна шифра 723012, програма 41.
Останатите жиро – сметки (освен погоре наведената од 750 денари) може да ги видите во продолжение на ова соопштение.
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА:
- Се известуваат кандидатите да не купуваат индекси и студентски легитимации, бидејќи истите ќе ги добијат на Факултетот!
Објавено на: 09 септември 2016
Запишување на зимски семестар во учебната 2016/2017 година, за студентите од II, III и IV година
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД II, III И IV ГОДИНА
ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2016/2017 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ПО СТУДИСКИ ГОДИНИ, ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:
- 12 и 13.9.2016 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО II ГОДИНА
- 15 и 16.9.2016 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО III ГОДИНА
- 19 и 20.9.2016 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО IV ГОДИНА И СТУДЕНТИ КОИ ГО ЗАВРШИЛЕ ОСМИОТ СЕМЕСТАР, А ПРЕЗАПИШУВААТ ПРЕДМЕТИ
Потребни документи за запишување:
- Индекс;
- Електронско запишување на семестарот во Iknow системот (листата на изборни предмети е поставена во прилог на ова соопштение);
- Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса;
- Образец ШВ.20 - Завод за статистика;
- Потврда за уплатена прва рата школарина;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Уплата за презапишување на неположени предмети од зимскиот семестар од учебната 2015/2016, во висина од 406,00 денари за еден кредит.
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ, Факултет за музичка уметност на жиро сметка 100000000063095; депонент: НБРМ; сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18; приходна шифра 723012; програма 41;
Напомена:
Сите жиро – сметки (освен погоре наведената од 750 денари) може да ги видите во продолжение на ова соопштение.
Уплатници.docx Листа на изборни предмети.docx
Објавено на: 02 септември 2016
Конкурс за пријавување на кандидати за упис на прв циклус студии, во вториот уписен рок, во учебната 2016/2017
РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, ПОЛАГАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2016/2017
- ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 5 СЕПТЕМВРИ 2016 ГОДИНА
- ПОЛАГАЊЕТО НА ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 6 ДО 9 СЕПТЕМВРИ 2016 (ТОЧНИОТ РАСПОРЕД ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН НА 5.9.2016)
- РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИТЕ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО НА 13 СЕПТЕМВРИ 2016 ГОДИНА
- ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 14 СЕПТЕМВРИ 2016 ГОДИНА
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
- пријавен лист за запишување на студенти во прва година, со уплата за административна таксаод 50 денари (образец А1, се купува во книжарници);
- испечатена електронска пријава од IKnow системот;
- оригинални свидетелства од сите класови;
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
- доказ за државјанство на РМ (уверение или решение);
- извод од матична книга на родени;
- изјава за национална припадност (по потреба);
- потврда за уплата на приемни испити:
- 500 денари на жиро – сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет,
- 1000 денари на жиро – сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети.
Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби и да ги заверат на нотар.
СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2016/2017 ГОДИНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА СЕ НАЈАВАТ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СПРОВЕДУВАЊЕ УПИСИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, НА ВЕБ СТРАНАТА:
Во продолжение на ова известување, дополнително се прикачени и следниве информации:
- Број на слободни места за вториот уписен рок, во учебната 2016/2017 година
- Упатство за утврдување на предметите и на испитните програми за приемни испити на Факултетот за музичка уметност - Скопје
- Жиро сметка на Факултетот за музичка уметност - Скопје, за уплата на приемни испити
- Дополнителни информации за приемните испити за студиските програми по популарни жанрови
Слободни места - втор уписен рок.pdf Упатство за полагање на приемни испити.pdf Жиро сметка за уплата.jpg Дополнителни информации -популарни жанрови_21275_486.pdf Гитара-популарни жанрови_21275_111.rar Удирачки инструменти-популарни жанрови_21275_893.rarОбјавено на: 31 август 2016
Конкурс за запишување студенти на трет циклус - докторски студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА УПИС НА ТРЕТ ЦИКЛУС - ДОКТОРСКИ СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2016/2017
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА УПИС НА ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ– ДОКТОРСКИ СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 12 СЕПТЕМВРИ ДО 30 СЕПТЕМВРИ 2016 ГОДИНА.
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ И УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ МОЖЕ ДА НАЈДЕТЕ ВО КОНКУРСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ НА ТРЕТ ЦИКЛУС – ДОКТОСКИ СТУДИИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ, КОЈ Е ПОСТАВЕН ВО ПРИЛОГ.
Конкурс за запишување студенти на трет циклу студии.pdf
Објавено на: 31 август 2016
Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во учебната 2016/2017 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2016/2017
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИНА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 12 СЕПТЕМВРИ ДО 7 ОКТОМВРИ 2016 ГОДИНА.
Потребни документи за пријавување:
- пријавен лист за запишување студенти, со уплата за административна такса од 50 денари;
- електронска пријава (испечатена од веб страната www.upisi.ukim.edu.mk);
- диплома за завршен прв циклус студии;
- кратка биографија;
- потврда за активно познавање странски јазик;
- препораки од наставни или научни работници (доколку кандидатот има);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи;
- потврда за уплатени 50 евра во денарска противвредност.
Напомена:
! Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, потребно е да достават и програма во која ке бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло –пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;
! Кандидатите со завршени прв циклус студии надвор од Република Македонија, задолжително мора да достават и Одлука за признавање на високообразовната квалификација стекната во странство, издадена од Министерство за образование и наука на Република Македонија.
- Сите заинтересираните кандидати задолжително мора да се најават во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на следнава веб страна: www.upisi.ukim.edu.mk
Во прилог, во целост може да го погледнете Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2016/2017 година
Објавено на: 26 август 2016
Запишување во прва година, на примените кандидати од првиот уписен рок, во учебната 2016/2017 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2016/2017 ГОДИНА
Запишувањето на примените кандидати, пријавени во првиот уписен рок во учебната 2016/2017 година, ќе се врши на 29-ти и 30-ти август, 2016 година.
Потребни документи:
- Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
- Образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
- Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
- Потврда за уплатена прва рата школарина: 6.150 денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота; 12.300 денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка
- цел на дознака:ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност
- жиро сметка: 100000000063095
- депонент: НБРМ
- сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
- приходна шифра 723012, програма 41.
Останатите жиро – сметки (освен погоре наведената од 750 денари), се поставени во посебен документ, во прилог на ова соопштение.
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА:
- Се известуваат кандидатите да не купуваат индекси и студентски легитимации, бидејќи истите ќе ги добијат на Факултетот!
Уплатници.doc
Објавено на: 23 август 2016
ERASMUS+ Конкурс за мобилност на студенти и наставници за академската 2016/2017 година
ERASMUS+ Конкурс за мобилност на студенти и наставници за академската 2016/2017 година
ERASMUS+ KONKURS 2016-17.docОбјавено на: 16 август 2016
***ОБНОВЕНО*** Испитна сесија Август-Септември 2016
***ОБНОВЕНО*** Испитна сесија Август-Септември 2016
ОБНОВЕНО-ИСПИТНА СЕСИЈА Август-Септември 2016.pdfОбјавено на: 07 јули 2016
УПИСИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, УЧЕБНА 2016-2017
РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, ПОЛАГАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2016/2017
- ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 18 И 19 АВГУСТ 2016 ГОДИНА
- ПОЛАГАЊЕТО НА ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 22 ДО 24 АВГУСТ 2016
- РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИТЕ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО НА 26 АВГУСТ 2016 ГОДИНА
- ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 29 И 30 АВГУСТ 2016 ГОДИНА
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
- пријавен лист за запишување на студенти во прва година, со уплата за административна такса од 50 денари (образец А1);
- испечатена електронска пријава од IKnow системот;
- оригинални свидетелства од сите класови;
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
- доказ за државјанство на РМ (уверение или решение);
- извод од матична книга на родени;
- изјава за национална припадност (по потреба);
- потврда за уплата на приемни испити (уплатница може да добиете во одделението за студентски прашања)
- 500 денари на жиро – сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет,
- 1000 денари на жиро – сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети.
Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби и да ги заверат на нотар.
СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2016/2017 ГОДИНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА СЕ НАЈАВАТ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СПРОВЕДУВАЊЕ УПИСИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, НА ВЕБ СТРАНАТА: www.upisi.ukim.mk
Во продолжение на ова известување, дополнително се прикачени и следниве информации:
- Распоред за полагање на приемни испити
- Конкурс за запишување на студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 2016/2017 година
- Упатство за утврдување на предметите и на испитните програми за приемни испити на Факултетот за музичка уметност - Скопје
- Жиро сметка на Факултетот за музичка уметност - Скопје, за уплата на приемни испити
- Дополнителни информации за приемните испити за студиските програми по популарни жанрови
Приемни испити 2016-2017 прв рок.pdf Конкурс 2016-2017.pdf Упатство за полагање на приемни испити.pdf Жиро сметка за уплата.jpg 2016-2017 Дополнителни информации за приемните испити-популарни жанрови.pdf Гитара-популарни жанрови.rar Удирачки инструменти-популарни жанрови.rarОбјавено на: 22 јуни 2016
Пријавување на испити за есенската испитна сесија 2016
С О О П Ш Т Е Н И Е
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА ЕСЕНСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА, ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 10.08. - 12.08.2016 ГОДИНА.
Потребни документи:
- Индекс;
- Пријави за испити со уплати за административни такси од 50 денари (студентите може да ги пријават само испитите за кои добиле потпис од предметниот професор).
НАПОМЕНА: Студентите имаат обврска пред доставувањето на пријавите, испитите да ги пријават и во електронскиот студентски сервис IKNOW.