Објавено на: 22 септември 2021

ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТИ ЧИЕ РОДИТЕЛСКО ПРАВО ГО ВРШИ САМОИ ЕДЕН РОДИТЕЛ, КОИ СЕ СТЕКНУВААТ СО ПОГОДНОСТА ЗА ПЛАЌАЊЕ ПОЛОВИНА ОД ИЗНОСОТ НА УПИСНИНА ЗА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТИ ЧИЕ РОДИТЕЛСКО ПРАВО ГО ВРШИ САМОИ ЕДЕН РОДИТЕЛ, КОИ СЕ СТЕКНУВААТ СО ПОГОДНОСТА ЗА ПЛАЌАЊЕ ПОЛОВИНА ОД ИЗНОСОТ НА УПИСНИНА ЗА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Оглас за еднородителски-converted.pdf

Објавено на: 17 септември 2021

Запишување на зимски семестар од учебната 2021/2022 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

за студентите од II, III и IV година

 

Запишувањето на зимскиот семестар од учебната 2021/2022 година ќе се врши и по електронски пат и со физичко доставување на документи. 

Физичкото доставување на документацијата ќе се врши во точно утврдени термини и задолжително е потребно да се придржувате до следниве препораки: 

  • секој студент да дојде во наведениот термин, со задолжително носење на заштитна маска и почитување на социјалната дистанца на точно определените места за стоење;
  • студентите во утврдениот термин, ќе може да си го подигнат индексот и во просториите 0/1 или 0/2 да го пополнат индексот со предметите кои ги запишуваат во зимскиот семестар од учебната 2021/2022 година; 
  • откако целосно ќе се пополни индексот, заедно со останатата документација, ќе се остави во кутијата која ќе се наоѓа во холот на факултетот.

 

Доставување на документи за упис за студенти од II година

Датум за доставување на документи

Час (од – до) 

Доставување на документи за студенти со број на индекс (од – до)

21.9.2021 (вторник) 

10 – 11 часот 

4303 – 4313

21.9.2021 

11 – 12 часот 

4313 – 4324

21.9.2021 

12 – 13 часот 

4325 – 4335

21.9.2021 

13 – 14 часот 

4336 – 4346

21.9.2021 

14 – 15 часот 

4347 – 4356

Доставување на документи за упис за студенти од III година 

Датум за доставување на документи

Час (од – до)

Доставување на документи за студенти со број на индекс (од – до)

 22.9.2021

10 – 11 часот 

4247 – 4257

22.9.2021 

11 – 12 часот 

4258 – 4268

22.9.2021 

12 – 13 часот 

4269 – 4279

 22.9.2021

13 – 14 часот 

4280 – 4291

 22.9.2021

14 – 15 часот 

4292 – 4302

 

Доставување на документи за упис за студенти од IV година 

Датум за доставување на документи

Час (од – до)

Доставување на документи за студенти со број на индекс од - до

 23.9.2021

10 – 11 часот 

4160 – 4175

23.9.2021 

11 – 12 часот 

4176 – 4192

23.9.2021 

12 – 13 часот 

4193 – 4210

23.9.2021 

13 – 14 часот 

4211 – 4228

23.9.2021 

14 – 15 часот 

4229 - 4246

Доставување на документи за упис на студенти запишани во учебната 2017/2018 година

Датум за доставување на документи

Час (од – до) 

Доставување на документи за студенти со број на индекс од - до

24.9.2021

10 – 11 часот 

4060 – 4077

24.9.2021 

11 – 12 часот 

4078 – 4095

24.9.2021 

12 – 13 часот 

4096 – 4114

24.9.2021 

13 – 14 часот 

4115 – 4133

 24.9.2021

14 – 15 часот 

4134 – 4159

Доставување на документи за упис за студенти запишани пред 2017 година - 21.9.2021 (вторник), од 9 – 15 часот. 

  

Потребни документи: 

  • Индекс со запишани предмети за зимскиот семестар од учебната 2021/2022 година; 
  • Образец за запишување на семестар (во образецот се запишуваат сите предметите кои студентот ќе ги запише во следниов семестар); 
  • Образец ШВ.20 за Завод за статистика;
  • Потврда за уплата на прва рата школарина; 
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација на основни средства; 
  • Уплати за презапишување на не положени предмети од зимскиот семестар во учебната 2020/2021 година, во висина од 410 денари за 1 ЕКТС кредит;
  • Уплата за библиотечен фонд, во висина од 300 денари;
  • Уплата од 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на УКИМ (оваа уплата е на жиро сметка на Универзитетот која е посебно прикачена во прилог).

 

За запишување на зимскиот семестар во Iknow системот, потребно е студентот прво да го запише семестарот во табот „семестри“, а дури потоа во табот „предмети“ да ги избере предметите кои ќе ги запише. 

Рокот за внесување на овие податоци во Iknow системот е до 22.9.2021 година. 

Листата со изборни предмети кои ќе бидат активни во зимскиот семестар од учебната 2021/2022 година е објавена во прилог.

 

За сите информации, проблеми со системско пријавување и прашања, контактирајте нѐ на studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk 

 

Жиро сметките за уплата на сите трошоци се прикачени во прилог.

 

Уплатници ФМУ.docx ИКСА на УКИМ.jpg Изборни предмети ФМУ 2021.pdf

Објавено на: 14 септември 2021

Отворен вакцинален пункт за студентите и вработените на УКИМ

Од 9 септември 2021 година започна со работа Вакциналниот пункт за студентите и вработените на УКИМ, кој е сместен во Кампусот на општествените науки на приземјето, до главниот влез на Економскиот факултет во Скопје, на бул. Гоце Делчев бр.9В.

Истиот е отворен секој работен ден од 8:00 до 14:00 часот.

На располагање се вакцините Sinovac и Pfizer.


Објавено на: 13 септември 2021

Рокови и упатства за пријавување на кандидати за упис на прв циклус студии (додипломски студии) на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во вториот уписен рок, во учебната 2021/2022 година

 РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ (ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ)

НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ,

ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

 

  • Пријавување на кандидати во вториот уписен рок - 14 и 15.9.2021 година

 

  • Проверка на знаења и умеења (приемни испити) - од 17.9.2021 до 23.9.2021 година

          *Распоредот за приемните испити дополнително ќе биде објавен на веб страната на факултетот

 

  • Објавување прелиминарна ранг-листа  - 23.9.2021 година

 

  • Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) - 24.9.2021 година

 

  • Запишување на примените кандидати и доставување на документацијата - 27.9.2021 година

 

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски со регистрирање во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на веб страната www.upisi.ukim.mk и со испраќање на електронска пошта на следниов e-mail: upisi-fmu@ukim.edu.mk

Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:

  • пријава за запишување (образец А1, се купува во книжарници)
  • електронска пријава(испечатена од iKnow-системот)
  • оригинални свидетелства од сите класови (и двете страници)
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • извод од матична книга на родените
  • доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  • изјава за национална припадност (по потреба)
  • потврда за уплатa:

- Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50:Назив на примачот:Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161;Конто 722313 00) и

- 500 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет или 1000 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети, на жиро-сметката на факултетот (Образец ПП 50: Назив на примачот: Буџет на РСМ, УКИМ- Факултет за музичка уметност-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Сметка на буџетски корисник - единка корисник: 1600104332 788 16 Приходна шифра и програма 723013 41)   

Важна напомена: За приемните испити по инструмент, вклучително пијано за МТП, композиција и диригирање, кандидатите треба да го снимат материјалот за испит, да креираат сопствен YouTube канал на кој ќе ги прикачат снимените материјалии да направат word документ со список со линкови од видео снимките кој ќе го испратат заедно со комплетната скенирана документација на e-mail: upisi-fmu@ukim.edu.mk  (целосното упатство е дадено во прилог), најдоцна до 15.9.2021, до 15 часот.

 

 Во прилог на ова соопштение може да погледнете:

 - Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2021/2022 година;

- Испитни барања и програми за проверка на знаењата и умеењата (приемни испити);

 - Упатство за електронско полагање на приемните испити по инструмент и соло пеење, преку аудио-видео записи;

 - Жиро сметка за уплата на приемни испити;

- Број на слободни места за втор уписен рок.

Konkurs_I_ciklus_2021_22.pdf Испитни барања и програми за приемни испити на ФМУ - Скопје.pdf Упатство за приемен испит инструменти (1).pdf Жиро сметка ФМУ.docx Број на слободни места за втор уписен рок.pdf

Објавено на: 08 септември 2021

Честит јубилеј – 30 години независност на РС Македонија

Факултетот за музичка уметност – Скопје на вработените и студентите им го честита значајниот јубилеј – 30 години независност на РС Македонија. Нашата институција во овие децении, но и во целиот период на своето постоење, континуирано придонесува за напредокот на музичката култура и образование во државава со што сите ние со право се гордееме. Ви пожелуваме добро здравје и натамошна успешна работа со која се зацврстуваат и промовираат трајните вредности на музичката уметност, наука и образование.


Објавено на: 14 јуни 2021

Конкурс за доделување стипендии за подршка на студенти од социјално загрозени семејства и ранливи категории

Почитувани студенти,

 Ве известуваме дека  е отворен Конкурс на Фондацијата Леорон за доделување стипендии за подршка на студенти од социјално загрозени семејства и ранливи категории.

Конкурсот е отворен до 30.6.2021 година, а повеќе информации може да погледнете во прилог.

LEORON Foundation - Poster - A4.pdf LEORON Foundation - Application Details - MK-New.pdf Формулар за апликација - МК.pdf LEORON Foundation - Poster - A4-ALB.pdf LEORON Foundation - Application Details - ALB-New.pdf Formular za aplikacija - ALB.pdf

Објавено на: 09 јуни 2021

Рокови и упатства за пријавување на кандидати за упис на прв циклус студии(додипломски студии) на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во првиот уписен рок, во учебната 2021/2022 година

РОКОВИ И УПАТСТВА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ (ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ)

НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК,

ВО УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

 

  • ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 26-ти и 27-ми АВГУСТ 2021 ГОДИНА
  • ПОЛАГАЊЕТО НА ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 30-ти АВГУСТ ДО 6-ти СЕПТЕМВРИ 2021 (РАСПОРЕДОТ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРИЕМНИ ИСПИТИ Е ОБЈАВЕН ВО ПРИЛОГ)
  • РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИТЕ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО НА 9-ти СЕПТЕМВРИ 2021 ГОДИНА
  • ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 10-ти и 13-ти СЕПТЕМВРИ 2021 ГОДИНА

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски со регистрирање во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на веб страната www.upisi.ukim.mk и со испраќање на електронска пошта на следниов e-mail: upisi-fmu@ukim.edu.mk

Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:

  1. пријава за запишување (Образец А1, се купува во книжарници)
  2. електронска пријава (испечатена од iKnow-системот)
  3. оригинални свидетелства од сите класови
  4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  5. извод од матична книга на родените
  6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  7. изјава за национална припадност (по потреба)
  8. потврда за уплатa: 

    - Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот:Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161;Конто 722313 00)

    - 500 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет или 1000 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети, на жиро-сметката на факултетот (Образец ПП 50: Назив на примачот: Буџет на РСМ, УКИМ- Факултет за музичка уметност-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Сметка на буџетски корисник - единка корисник: 1600104332 788 16 Приходна шифра и програма 723013 41) 

    Важна напомена: За приемните испити по инструмент, вклучително пијано за МТП, композиција и диригирање, кандидатите треба да го снимат материјалот за испит, да креираат сопствен YouTube канал на кој ќе ги прикачат снимените материјали и да направат word документ со список со линкови од видео снимките кој ќе го испратат заедно со комплетната скенирана документација на e-mail: upisi-fmu@ukim.edu.mk  (целосното упатство е дадено во прилог).

     Кандидатите ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.

     Роковите за физичко доставување на наведените документи за пријавување, дополнително ќе бидат објавени.

    Во прилог на ова соопштение може да погледнете:

- Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2021/2022 година;

- Испитни барања и програми за проверка на знаењата и умеењата (приемни испити);

- Упатство за електронско полагање на приемните испити по инструмент и соло пеење, преку аудио-видео записи;

 - Распоред за полагање на приемните испити;

 - Жиро сметка за уплата на приемни испити.

Konkurs_I_ciklus_2021_22.pdf барања и програми за приемни испити на ФМУ - Скопје_60549_812.pdf Упатство за приемен испит инструменти (1).pdf Распоред приемни испити 1 рок 2021.pdf Жиро сметка за уплата.jpg

Објавено на: 08 јуни 2021

Студентите на ФМУ – Скопје ќе настапат на концертот со НУ Филхармонија на РС Македонија „Звукот на идната генерација“ на 10 јуни (четврток) во 20 часот

Студентите на ФМУ – Скопје ќе настапат на традиционалниот концерт со НУ Филхармонија на РС Македонија „Звукот на идната генерација“ на кој се претставуваат студентите од државните факултети за музичка уметност. На концертот учествуваат Ана Спасовска (III година оркестарско диригирање, класа: проф. м-р Борјан Цанев), Кристијан Кожумановски (IV година контрабас, класа: м-р Александар Поп Христов), Пандорка Јанакиева (IV година флејта, класа: проф. м-р Страшо Темков), Дарко Гроздановски (III година виолина, класа: проф. м-р Олег Кондратенко), Анастасија Гичевска (III година пијано, класа: проф. д-р Марија Ѓошевска), Зорица Здравковиќ (IV година удирачки инструменти, класа: проф. м-р Мојца Седеу) и Памела Велкова (III година виолина, класа: проф. м-р Олег Кондратенко).

Концертот ќе се одржи на 10 јуни (четврток) во 20 часот под диригентска палка на проф. м-р Борјан Цанев. На програмата се дела од Моцарт, Ботезини, Шосон, Сен-Санс, Розауро и Равел.