Објавено на: 12 април 2017

Заверка на летен семестар и пријавување на испити за мајско - јунската испитна сесија 2016/2017

 СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР И ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА МАЈСКО - ЈУНСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2016/2017, ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 08.05. - 12.05.2017

 Потребни документи:

  • Индекс;
  • Образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари;
  • Пријави за испити со уплати за административни такси од 50 денари (студентите може да ги пријават само испитите за кои добиле потпис од предметниот професор);
  • Пополнет анкетен лист за секој наставен предмет кој се пријавува.

 

НАПОМЕНА:

Студентите имаат обврска пред доставувањето на пријавите, испитите да ги пријават и во електронскиот студентски сервис IKNOW и задолжително да ги внесат кодовите од електронски уплатените таксени марки.

 


Објавено на: 01 март 2017

Исидора Станишиќ – кореограф, танчер и педагог од Белград гостува на катедрата за балетска педагогија-отсек современ танц при ФМУ

Исидора Станишиќ

кореограф, танчер и педагог од Белград гостува на катедрата за балетска педагогија - отсек современ танц при ФМУ

Исидора Станишиќ е реномиран кореограф и педагот од Белград-Србија. Таа е моментално предавач на факултетот - Институт за уметничка игра во Белград и професор во средното балетско школо „Луј Давичо“.

Во периодот од 27 февруари до 2 март, 2017 година, кореографот и педагог Исидора Станишиќ ќе гостува на катедрата за балетска педагогија – отсек современ танц при Факултетот за музичка уметност - Скопје, каде ќе работи со студентите на нови композиции и техники за современ танц кои ќе бидат презентирани на 2 март од 15 до17 часот во Големата сала на МОБ.

Гостувањето е инцирано од страна на проф. м-р Тања Вујисиќ-Тодоровска, додека вонр. проф. д-р Искра Шукарова која го води отсекот за современ танц, до сега има реализрано повеќе соработки со Станишиќ во Белград.

Исидора Станишиќ е од првата генерација млади кореографи и педагози за современ танц во Србија. Таа има реализирано бројни интернационални уметнички резиденции и кореографии.

Оваа соработка е од голема важност за развојот на современиот танц во нашата земја.

Студиската програма за балетска педагогија на Факултетот за музичка уметност – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е отворена во 2010 година, каде за прв пат студентите имаа можност да се едуцираат во полето на балетската педагогија за класичен и современ танц во Република Македонија.


Објавено на: 03 февруари 2017

Заверка и запишување на семестар и пријавување на испити за студентите од втор циклус студии

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗАПИШАНИ ВО ОКТОМВРИ 2015/2016ГОДИНА

 

Се известуваат студентите од втор циклус студии дека заверката на зимскиот семестар и пријавувањето на испитите од зимскиот семестар ќе се врши во периодот од 20.2.- 22.2.2017 година, а полагањето на испитите ќе се реализира најдоцна до 15.3.2017 година.

По полагањето на испитите, а најдоцна до 20.3.2017, ќе се врши изапишување на летниот семестар.

 Потребни документи за заверка на зимскиот семестар и пријавување на испити:

-       индекс;

-       образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса;

-       пријави за испити, со уплата за административна такса;

-       пополнет и потпишан образец за полагање на испит по главен предмет - „прилог кон пријава за испит“ (во прилог);

-       уплати за испитите:

                 6150 денари за полагање на испит по главен предмет

                 3075 денари (по предмет) за полагање на изборни предмети

-       испитите од зимскиот семестар задолжително треба да се пријават и во електронскиот сервис Iknow (www.iknow.ukim.edu.mk). Упатството за електронско пријавување на испити, ви го испраќаме во прилог.

 

Потребни документи за запишување на летниот семестар (до 20.3.2017):

-       индекс (со оценки од предметите од зимскиот семестар);

-       образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса;

-       уплата за втора рата школарина, во висина од 36.900,00 денари.

 

Жиро сметка за уплата.docx прилог кон пријава за испит.doc УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ.docx

Објавено на: 02 февруари 2017

Заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар во учебната 2016/2017 година

 СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ И ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ЌЕ СЕ ВРШИ ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:

  •  06-07.02.2017 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД I И II ГОДИНА
  •  08-09.02.2017 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ОД III И IV ГОДИНА
  • 10.02.2017 – ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО ЗАВРШИЛЕ ОСМИОТ СЕМЕСТАР, А ПРЕЗАПИШУВААТ ПРЕДМЕТИ.

  Потребни документи:

  • Индекс (со оценки од сите положени испити од последната сесија);
  • Образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса (во образецот се запишуваат сите предмети кои се слушале во претходниот, зимски семестар);
  • Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса (во образецот се запишуваат предметите кои ќе се слушаат во летниот семестар);
  • Потврда за уплатена IIрата школарина6.150 денари за студентите од државна квота и 12.300 денари за студентите во приватна квота.
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација на основни средства;
  • Уплата за презапишување на неположени предмети од летниот семестар од учебната 2015/2016, во висина од 406 денари за еден кредит.

 
Жиро сметките за уплата може да ги видите во прилог на ова известување!

 

 Напомена:

Студентите имаат обврска пред да ги достават документите во одделението за студентски прашања, задолжително да ги запишат предметите и професорите кај кои ќе следат настава во летниот семестар и во електронскиот систем IKNOW.

 

Жиро сметки за уплата.docx ПРЕЗАПИШУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ.docx

Објавено на: 31 јануари 2017

Распоред на часови за летен семестар, учебна 2016/2017 година

Распоредот на часови за летниот семестар во учебната 2016/2017 година, е објавен во прилог.

Распоред на часови.docx

Објавено на: 09 јануари 2017

Пријавување за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во вториот уписен рок, учебна 2016/2017

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 9-ти ДО 20-ти ЈАНУАРИ 2017 ГОДИНА.

Потребни документи за пријавување:

  • пријавен лист за запишување студенти, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
  • електронска пријава (испечатена од веб страната www.upisi.ukim.edu.mk);
  • диплома за завршен прв циклус студии;
  • кратка биографија;
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • изјава за предлог на ментор (во прилог);
  • препораки од наставни или научни работници (доколку кандидатот има);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи;
  • потврда за уплатени 50 евра во денарска противвредност.

Напомени:

!      Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, потребно е да достават и програма во која ке бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло –пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;

!       Кандидатите со завршени прв циклус студии надвор од Република Македонија, задолжително мора да достават и Одлука за признавање на високообразовната квалификација стекната во странство, издадена од Министерство за образование и наука на Република Македонија и превод на македонски јазик од издадената Диплома.

 Сите заинтересираните кандидати задолжително мора да се најават во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на следнава веб страна: www.upisi.ukim.edu.mk

 

Целиот Конкурс за запишување на студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и бројот на слободни места за запишување може да ги погледнете во прилог.

Конкурс - втор циклус студии.pdf 178_Slobodni_mesta_vtor_ciklus_II_upisen_rok_2016-2017.doc Изјава за предлог на ментор.doc

Објавено на: 30 декември 2016

*** НАЈНОВИ ИЗМЕНИ **** Зимска испитна сесија - Јануари 2017 година

Почитувани студенти,

термините за зимскиот испитен рок, во учебната 2016/2017 година, се објавени во прилог. 


Испитна сесија Јануари 2017..doc

Објавено на: 21 декември 2016

Испит од втор циклус студии - Бурхан Азизи

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 28.12.2016(среда), со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКИ НАУКИ на студентот БУРХАН АЗИЗИ.

 

Комисија: 

Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја

Проф. м-р Снежана Димчевска

Вонр. проф. д-р Трена Јорданоска

                   

                   

 

Изготвил: Ана Поповиќ - Славковиќ


Објавено на: 21 декември 2016

Испит од втор циклус студии - Бобан Ковачевски

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 28.12.2016(среда), со почеток во 13:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по БАЛЕТСКА ПЕДАГОГИЈА на студентот БОБАН КОВАЧЕВСКИ.

 

Комисија: 

Вонр. проф. д-р Снежана Филиповска

Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја

Вонр. проф. д-р Соња Здравкова Џепароска

                   

                   

 

 

                   


Објавено на: 21 декември 2016

Испит од втор циклус студии - Бојан Лазаров

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 28.12.2016(среда), со почеток во 14:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по БАЛЕТСКА ПЕДАГОГИЈА на студентот БОЈАН ЛАЗАРОВ.

 

Комисија: 

Проф. м-р Кренаре Невзати

Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја

Вонр. проф. д-р Соња Здравкова Џепароска