Последни објавени новости на ФМУ.
Објавено на: 12 декември 2017
Испит од втор циклус студии - Малборе Крајку
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 19.12.2017 (вторник), со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И КОМПОЗИЦИЈА на студентката МАЛБОРЕ КРАЈКУ.
Комисија:
Проф. м-р Стојан Димов
Проф. м-р Васо Ристов
Проф. м-р Страшо Темков
Објавено на: 11 декември 2017
Одбележан денот на основањето на Факултетот за музичка уметност - Скопје
На 6.12.2017 година, во преполната сала на Македонската филхармонија, се одржа свечениот концерт на Факултетот за музичка уметност - Скопје по повод денот на неговото основање. Достоинствено, со изведба која прилега на веќе зрели музичари кои сигурно го чекорат својот пат, студентите под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски ни приредија несекојдневно музичко доживување. Имавме исклучителна можност да ги чуеме симфонискиот оркестар и хорот „Драган Шуплевски“ изведувајќи дела од Ф. Шуберт, Џ. Верди и А. Бородин, на кои младите симфоничари и хористи на чело со својот диригент им дадоа посебен призвук.
Истата вечер, пред почетокот на концертот, во концертната сала на факултетот, се одржа и промоцијата на дипломирани и магистрирани студенти, кои свечено ги добија своите дипломи за завршен прв и втор циклус на студии, од Деканот проф. м-р Зоран Пехчевски и Продеканот за настава проф. м-р Васо Ристов.
Со овие два значајни настани, Факултетот за музичка уметност го прослави својот 51 роденден, честитки за сите студенти и професори, кои биле и се дел од оваа најстара високо-образовна, музичка институција во Македонија!
Објавено на: 04 декември 2017
Испит од втор циклус студии - Зана Бадивуку Баша
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 11.12.2017 (понеделник), со почеток во 16:30 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И КОМПОЗИЦИЈА на студентката ЗАНА БАДИВУКУ БАША.
Комисија:
Проф. д-р Марија Ѓошевска
Проф. м-р Зоран Пехчевски
Проф. Јован Каровски
Објавено на: 01 декември 2017
СВЕЧЕН КОНЦЕРТ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОСНОВАЊЕТО НА ФМУ - СКОПЈЕ
На 6.12.2017 (среда), со почеток во 20:00 часот во салата на Македонската Филхармонија, ќе се одржи Свечен концерт по повод денот на основањето на Факултетот за музичка уметност - Скопје. На концертот ќе настапат Симфонискиот оркестар на ФМУ и Мешаниот хор „Драган Шуплевски“ под диригентската палка на Маестро Сашо Татарчевски. На програмата се дела од Џ. Верди, Ф. Шуберт и А. Бородин. Влез слободен!
Објавено на: 12 октомври 2017
СООПШТЕНИЕ ЗА УПИС НА ПРИЈАВЕНИ КАНДИДАТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФМУ - СКОПЈЕ
СООПШТЕНИЕ ЗА УПИС НА ПРИЈАВЕНИ КАНДИДАТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФМУ - СКОПЈЕ
Запишувањето на пријавените кандидати за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе се врши на 16-ти и 17-ти октомври, 2017 година.
Потребни документи за запишување:
- Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
- Две фотографии, со димензии 3,5*4,5;
- Потврда за уплатена прва рата школарина – 36.900,00 денари (уплатниците може да ги видите во прилог на ова известување);
- Потврда за уплатени 500,00 денари за студиска програма;
- Извод од матична книга на родени;
- Уверение за државјанство.
Се известуваат кандидатите да не купуваат индекси, бидејќи истите ќе ги добијат од Факултетот!
пример за уплатници.docxОбјавено на: 12 октомври 2017
СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗАПИШАНИ ВО ФЕВРУАРИ 2016/2017
СООПШТЕНИЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗАПИШАНИ ВО ФЕВРУАРИ 2016/2017
Запишување на зимскиот семестар и пријавување на магистерските програми (за студентите запишани на студиската програма по музичка интерпретација и композиција) и насловите на темите за магистерски трудови (за студентите запишани на музички науки и балетска педагогија), ќе се врши во периодот од 24.10.- 26.10.2017 година.
Потребни документи за запишување на зимскиот семестар:
- образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
- уплата за трета рата школарина, во висина од 36.900,00 денари.
Пријавувањето на програмата/насловот на трудот се врши преку пополнување на образецот кој е објавен во прилог и доставување на истиот во електронска и во печатена форма (испечатениот образец задолжително да биде потпишан од студентот и од менторот).
Електронски пополнетите обрасци да се испратат на: studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk
Студентите кои не завршиле со полагање на предметите од летниот семестар (во јунската сесија), истите ќе треба да ги пријават во периодот од 16.10.- 17.10.2017 година, а полагањето на испитите ќе се врши од 18.10.2017 до 20.10.2017 година.
Потребни документи за пријавување на испити:
- индекс;
- пријави за испити со уплати за административни такси од 50 денари, за секој испит поединечно (се купуваат во книжарници);
- пополнет и потпишан образец за полагање на испит по главен предмет - „прилог кон пријава за испит“ (истиот е поставен во прилог на ова соопштение);
- уплати за испитите:
6150 денари за полагање на испит по главен предмет
3075 денари (по предмет) за полагање на изборни предмети
Објавено на: 18 септември 2017
Листа на изборни предмети, за зимски семестар 2017/2018 година
Почитувани студенти,
во прилог е објавена листата на изборни предмети кои ќе бидат активни во учебната 2017/2018 година.
Објавено на: 07 септември 2017
Упис на зимскиот семестар во учебната 2017/2018 година, за студентите од II, III и IV година
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД II, III И IV ГОДИНА
ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ПО СТУДИСКИ ГОДИНИ, ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:
- 14, 15 и 18.9.2017 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО II ГОДИНА
- 19 и 20.9.2017 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО III ГОДИНА
- 21 и 22.9.2017 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО IV ГОДИНА И СТУДЕНТИ КОИ ГО ЗАВРШИЛЕ ОСМИОТ СЕМЕСТАР, А ПРЕЗАПИШУВААТ ПРЕДМЕТИ
Потребни документи за запишување:
- Индекс;
- Електронско запишување на семестарот во Iknow системот;
- Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари;
- Образец ШВ.20 - Завод за статистика;
- Потврда за уплатена прва рата школарина;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
- Уплата за презапишување на неположени предмети од зимскиот семестар од учебната 2016/2017, во висина од 406,00 денари за еден кредит;
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност.
Напомена:
НАСТАВАТА ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ ЌЕ ЗАПОЧНЕ НА 18-ти СЕПТЕМВРИ 2017!
Во прилог може да ги погледнете жиро сметките за сите уплатници.
Уплатници.docx
Објавено на: 25 август 2017
Подготвителна настава за заинтересирани кандидатите за упис на прв циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во вториот уписен рок, во учебната 2017/2018 година
СООПШТЕНИЕ
ЗА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА
НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ
Се известуваат сите заинтересирани кандидати за упис на прв циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, дека во интерес на кандидатите, Факултетот ќе организира подготвителна настава за приемните испити по предметите СОЛФЕЖ и ОСНОВИ НА ХАРМОНИЈАТА на следниве датуми:
29.8.2017 година (вторник)
10:30 ч. – 12:00 ч. - ОСНОВИ НА ХАРМОНИЈАТА
12:30 ч. – 14:00 ч. - СОЛФЕЖ
1.9.2017 година (петок)
10:00 ч. – 11:30 ч. - СОЛФЕЖ
12:00 ч. – 13:30 ч. - ОСНОВИ НА ХАРМОНИЈАТА
Објавено на: 07 јули 2017
Испит од втор циклус студии - Ивана Коцевска
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 17.7.2017 (понеделник), со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по БАЛЕТСКА ПЕДАГОГИЈА на студентот ИВАНА КОЦЕВСКА.
Комисија: Вонр. проф. д-р Соња Здравкова Џепароска
Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја
Вонр. проф. д-р Искра Шукарова