Последни објавени новости на ФМУ.
Објавено на: 18 септември 2015
ЛИСТА НА ИЗБОРНИ НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ ЗА ПРВИОТ СЕМЕСТАР ВО АКАДЕМСКАТА 2015/2016
Изборни за прв семестар 2015-2016.pdfОбјавено на: 17 септември 2015
Конкурс за запишување студенти на трет циклус студии - докторски студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје
С О О П Ш Т Е Н И Е
за запишување студенти на трет циклус - докторски студии на студиските програми на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во учебната 2015/2016 година
Рокови за пријавување и запишување на кандидатите
Пријавување на кандидатите од 14 до 30.9.2015
Проверка на компетенции од 1 до 5.10.2015
Објавување прелиминарни листи 6.10.2015
Одлучување по приговори 8.10.2015
Објавување конечни листи 13.10.2015
Запишување на кандидатите 15.10.2015
Документи за пријавување
• пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира;
• писмо за мотивација со назначување на областа на истражување и првична согласност на ментор од листата на ментори;
• кратка биографија;
• докази со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување, и тоа:
- уверение за положени испити од прв циклус студии, односно од додипломски студии;
- уверение за положени испити од втор циклус студии, односно од постдипломски студии;
- диплома од прв циклус студии, односно од додипломски студии - диплома од втор циклус студии, односно од постдипломски студии - сертификат/уверение за познавање на светски јазик (согласно глава III, точка 1, алинеја 5 од Конкурсот);
- кандидатите кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и постдипломски студии (втор циклус), го завршиле во странство, доставуваат нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување на трет циклус – докторски студии, како и еквиваленција на оценките доколку системот на оценување е различен од Р.Македонија.
Документацијата се доставува во фотокопија, заверена на нотар.
Пријавите на кандидатите со некомплетни документи нема да бидат разгледувани.
Документите се доставуваат во: Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, адреса: бул. Гоце Делчев бр.9, 1000 Скопје.
Дополнителни критериуми за кандидатите,за запишување на студиската програма за музичка интерпретација и композиција:
Музичка интерпретација и композиција
Позитивна оцена од проверката на компетенциите која се состои од:
а) за инструменти (гудачки, пијано, дувачки и други):
- изведба на рецитал со слободна програма со времетраење од најмалку 60 минути. Програмата се изведува напамет, освен кај
дувачките инструменти.
б) за соло (вокално) пеење:
- изведба на рецитал со слободна програма со времетраење од најмалку 60 минути. Програмата се изведува напамет.
в) за оркестарско диригирање:
- портфолио за остварени настапи како диригент со концерти со симфониски оркестар на најмалку 2 (два) целовечерни концерти
со симфониски оркестар кои вклучуваат и солисти со времетраење од најмалку 60 минути и еден концерт со вокално- инструментална
композиција со времетраење од најмалку 40 минути.
г) за хорско диригирање
- портфолио за остварени настапи како диригент на концерти со хорска музика и тоа: најмалку 2 (два) концерти со различна „А
капела“ програма со времетраење од најмалку 80 минути и еден концерт со вокално-инструментална музика со времетраење од
најмалку 40 минути.
д) за композиција
- портфолио на композии со вкупно времетраење од 60 минути, од кои најмалку две композиции за симфониски оркестар. Дел
од композициите треба да се јавно изведени. Со пријавените кандидати ќе се изврши интервју.
Селекција на кандидатите
По завршувањето на конкурсот, советот на студиската програма објавува прелиминарна ранг-листа на примени кандидати на докторските студии, за секоја студиска програма, односно потпрограма одделно.
За кандидатите кои не ги исполнуваат условите за запишување на докторски студии, советот на студиската програма објавува посебна листа.
Листите се објавуваат на интернет-страницата на Школата за докторски студии: http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=159&glavno=8
Кандидатите имаат право на приговор по листата во рок од 36 часа. Приговорот се поднесува во Школата за докторски студии, во писмена форма до советот на студиската програма. Советот на студиската програма донесува конечна одлуката во рок од 36 часа. По завршувањето на постапката по приговорите, советот на студиската програма, во рок од 5 дена ја утврдува конечната ранг-листа на примени кандидати и ја доставува до Универзитетскиот стручен совет за докторски студии за потврдување.
Потврдената ранг-листа на примени кандидати е конечна и се објавува на интернет-страницата на Школата за докторски студии.
http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=159&glavno=8 V.
Конкурсот за запишување студенти на трет циклус студии - докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2015/2016 година, во целост може да го погледнете на следниов линк: http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/555_Konkurs%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BE%D0%B1%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B0-%201%20%D0%B4%D0%B5%D0%BB%20_10.7.2015_.pdf
Дополнувањето на конкурсот, кое е објавено на 16.9.2015 година и листата на ментори за трет циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, може да ги погледнете во прилог.
Дополнување на Конкурс за трет циклус студии.pdf Листа на ментори за трет циклус студии.doc
Објавено на: 16 септември 2015
Распоред на приемни испити, за кандидатите пријавени во третиот уписен рок
ПРИЕМНИ ИСПИТИ 2015-2016 ТРЕТ РОК.pdfОбјавено на: 15 септември 2015
РАСПОРЕД НА ЧАСОВИ 2015/2016
RASPORED 2015-2016 prv semestar.pdfОбјавено на: 15 септември 2015
Пријавување за упис на прв циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во третиот уписен рок, во учебната 2015/2016
РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, ПОЛАГАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК
ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 16-ти СЕПТЕМВРИ 2015 ГОДИНА;
РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИТЕ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО НА 21-ви СЕПТЕМРИ 2015 ГОДИНА;
ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 22-ри СЕПТЕМВРИ 2015 ГОДИНА.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
- пријавен лист за запишување на студенти во прва година, со уплата за административна такса од 50 денари;
- испечатена електронска пријава од IKnow системот;
- оригинални свидетелства од сите класови;
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
- доказ за државјанство на РМ (уверение или решение);
- извод од матична книга на родени;
- изјава за национална припадност (по потреба);
- потврда за уплата на приемни испити (уплатница може да добиете во одделението за студентски прашања).
Во прилог, може да го погледнете бројот на слободни места за упис во третиот уписен рок.
Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите да направат преписи од документите за свои потреби.
СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2015/2016 ГОДИНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА СЕ НАЈАВАТ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СПРОВЕДУВАЊЕ УПИСИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, НА ВЕБ СТРАНАТА: www.upisi.ukim.mk
Број на сл. места трет уписен рок.docxОбјавено на: 11 септември 2015
Семинар по соло-пеење со Ана и Игор Дурловски
Од 15-18 септември 2015 година на Факултетот за музичка уметност - Скопје, ќе се одржи семинар по соло-пеење со Ана и Игор Дурловски.
Пријавувањето за учество на семинарот е најдоцна до 15.8.2015, кај раководителот на катедрата - проф. м-р Васо Ристов.
Објавено на: 10 септември 2015
Прв академски час за студентите запишани во I година, во академската 2015/2016
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ПРВА ГОДИНА ЗА ПРВ ПАТ ЗАПИШАНИ ВО УЧЕБНАТА 2015/2016
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ ВО ПРВА ГОДИНА НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ДЕКА НА 15.9.2015 ГОДИНА (ВТОРНИК) СО ПОЧЕТОК ВО 11:00 ЧАСОТ, ВО КОНЦЕРТНАТА САЛА НА ФАКУЛТЕТОТ, ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС И ДОДЕЛУВАЊЕ НА ИНДЕКСИТЕ НА ИДНИТЕ СТУДЕНТИ.
*ПРИСУСТВОТО Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО!
Објавено на: 10 септември 2015
Измена на термини за запишување на зимски семестар во учебната 2015/2016 година, за студентите од II, III и IV година
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД II, III И IV ГОДИНА
ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ЗА УЧЕБНАТА 2015/2016 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ПО СТУДИСКИ ГОДИНИ, ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:
- 21 и 22 септември 2015 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО II ГОДИНА
- 23 и 24 септември 2015 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО III ГОДИНА
- 25 септември - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО IV ГОДИНА И СТУДЕНТИ КОИ ГО ЗАВРШИЛЕ ОСМИОТ СЕМЕСТАР, А ПРЕЗАПИШУВААТ ПРЕДМЕТИ
Потребни документи за запишување:
- Индекс (во индексот треба да бидат внесени сите оценки од положените испити и уредно да се пополнети задолжителните и изборните предмети за следниот семестар);
- Електронско запишување на семестарот во Iknow системот;
- Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса;
- Образец ШВ.20 - Завод за статистика;
- Потврда за уплатена прва рата школарина;
- Уплата за презапишување на предметите кои се слушани во зимскиот семестар во учебната 2014/2015 година, а сеуште не се положени, во висина од 6,6 евра = 406 денари по кредит;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Потврда за уплатени 150 денари за колективно осигурување (колективното осигурување во случај на незгода важи од 15.10.2015 - 15.10.2016 година);
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ, Факултет за музичка уметност на жиро сметка 100000000063095; депонент: НБРМ; сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18; приходна шифра 723012; програма 41.
Напомена: Жиро сметките за уплата, може да ги погледнете во прилог на ова соопштение!
Објавено на: 03 септември 2015
Конкурс за упис на втор циклус студии на студиските програми на Факултетот за музичка уметност - Скопје
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2015/2016
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИНА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 14 СЕПТЕМВРИ ДО 9 ОКТОМВРИ 2015 ГОДИНА.
Потребни документи за пријавување:
- пријавен лист за запишување студенти, со уплата за административна такса од 50 денари;
- електронска пријава (испечатена од веб страната www.upisi.ukim.edu.mk);
- диплома за завршен прв циклус студии;
- кратка биографија;
- потврда за активно познавање странски јазик;
- препораки од наставни или научни работници (доколку кандидатот има);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи;
- потврда за уплатени 50 евра во денарска противвредност (се уплаќа при запишувањето на примените кандидати).
Напомена:
! Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, потребно е да достават и програма во која ке бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло –пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;
! Кандидатите со завршени прв циклус студии надвор од Република Македонија, задолжително мора да достават и Одлука за признавање на високообразовната квалификација стекната во странство, издадена од Министерство за образование и наука на Република Македонија.
- Сите заинтересираните кандидати задолжително мора да се најават во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на следнава веб страна: www.upisi.ukim.edu.mk
Системот за пријавување, ќе биде активен од 14-ти септември 2015.
178_KONKURS-vtor-ciklus-2015-2016.pdf
Објавено на: 25 август 2015
Запишување во I година на кандидатите пријавени за упис на ФМУ , во првиот уписен рок, во учебната 2015/2016 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА ВО УЧЕБНАТА 2015/2016
Запишувањето на примените кандидати, пријавени во првиот уписен рок во учебната 2015/2016 година, ќе се врши од 26 - 27 август, 2015 година.
Потребни документи:
- Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
- Образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
- Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
- Потврда за уплатена прва рата школарина (сите уплатници може да ги погледнете во прилог на ова соопштение)
- - 100 евра во денарска противвредност, за студентите запишани во државна квота;
- - 200 евра во денарска противвредност, за студентите запишани со кофинансирање на студиите;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Потврда за уплатени 150 денари за колективно осигурување;
- Потврда за уплатени 500 денари за студиска и предметна програма;
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", со назнака ИКСА на УКИМ, Факултет за музичка уметност на жиро сметка 100000000063095; депонент: НБРМ; сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18; приходна шифра 723012; програма 41.
Напомена: Индексите ќе ги добиете во Одделението за студентски прашања.
Пример за уплатници.doc