Последни објавени новости на ФМУ.
Објавено на: 26 јануари 2018
Заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар во учебната 2017/2018 година
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ И ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ПО СТУДИСКИ ГОДИНИ, ВО СЛЕДНИВЕ ТЕРМИНИ:
- 5, 6 и 7.2.2018 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО I и II ГОДИНА
- 8 и 9.2.2018 - ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО III, IV ГОДИНА И СТУДЕНТИ КОИ ГО ЗАВРШИЛЕ ОСМИОТ СЕМЕСТАР, А ПРЕЗАПИШУВААТ ПРЕДМЕТИ
Потребни документи за запишување:
- Индекс (со сите добиени оценки);
- Електронско запишување на семестарот во Iknow системот;
- Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари;
- Образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса (во образецот се запишуваат сите предмети кои се слушале во претходниот, зимски семестар);
- Потврда за уплатена II рата школарина: 6.150 денари за студентите од државна квота и 12.300 денари за студентите во приватна квота.
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Уплата за презапишување на неположени предмети од летниот семестар од учебната 2016/2017, во висина од 406,00 денари за еден кредит;
-
Напомена:
НАСТАВАТА ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ ЌЕ ЗАПОЧНЕ НА 1-ви ФЕВРУАРИ 2018!
Во прилог може да ги погледнете жиро сметките за сите уплатници.
Уплатници_29325_153.docxОбјавено на: 26 јануари 2018
СООПШТЕНИЕ ЗА УПИС НА ПРИЈАВЕНИ КАНДИДАТИ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК НА ФМУ - СКОПЈЕ
Запишувањето на пријавените кандидати за упис на втор циклус студии во вториот уписен рок на Факултетот за музичка уметност - Скопје, ќе се врши на 29-ти и 30-ти јануари, 2018 година.
Потребни документи за запишување:
- Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
- Две фотографии, со димензии 3,5*4,5;
- Потврда за уплатена прва рата школарина – 36.900,00 денари (уплатниците може да ги видите во прилог на ова известување);
- Потврда за уплатени 500,00 денари за студиска програма;
- Извод од матична книга на родени;
- Уверение за државјанство.
Се известуваат кандидатите да не купуваат индекси, бидејќи истите ќе ги добијат од Факултетот!
пример за уплатници_31327_375.docxОбјавено на: 17 јануари 2018
Call for Papers: 2nd Symposium of the ICTM Study Group on Musics of the Slavic World на ФМУ - Скопје
Во периодот од 21-25 септември 2018 година, на Факултетот за музичка уметнос- Скопје, ќе се одржи симпозиум на Студиската група-музиката во славјанскиот свет, на ICTM. Сите информации за пријавување може да се најдат на офицјалната страна на ICTM на следниов линк:
https://www.ictmusic.org/group/ictm-study-group-musics-slavic-world/post/call-papers-2nd-symposium-ictm-study-group-musics
Објавено на: 09 јануари 2018
Пријавување на кандидати за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје во вториот уписен рок
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2017/2018
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 8-ми ДО 22-ри ЈАНУАРИ 2018 ГОДИНА.
ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 29-ти И 30-ти ЈАНУАРИ 2018.
Потребни документи за пријавување:
- пријавен лист за запишување студенти, со уплата за административна такса од 50 денари;
- електронска пријава (испечатена од веб страната www.upisi.ukim.edu.mk);
- диплома или уверение за завршен прв циклус студии (оригинал и копија);
- кратка биографија;
- потврда за активно познавање странски јазик;
- препораки од наставни или научни работници (доколку кандидатот има);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи;
- изјава за првична согласност од потенцијалниот ментор;
- потврда за уплатени 50 евра за пријавување на втор циклус студии, во денарска противвредност.
Напомена:
! Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, потребно е да достават и програма во која ке бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло –пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;
! Кандидатите со завршени прв циклус студии надвор од Република Македонија, задолжително мора да достават и Одлука за признавање на високообразовната квалификација стекната во странство, издадена од Министерство за образование и наука на Република Македонија.
- Сите заинтересираните кандидати задолжително мора да се најават во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на следнава веб страна: www.upisi.ukim.edu.mk. Системот за пријавување на заинтересираните кандидати ќе биде активен од 9.1.2018 година.
Во прилог на ова известување може да го погледнете целиот Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2017/2018 година и жиро сметката за уплата.
Изјава за предлог на ментор.doc Жиро сметка за уплата.docx Конкурс за втор циклус студии.pdfОбјавено на: 29 декември 2017
НАЈНОВИ ИЗМЕНИ ***ЈАНУАРСКА ИСПИТНА СЕСИЈА 2017-2018*** од 17.1.2018
Испитна сесија Јануари 2018 (1) (1).pdfОбјавено на: 24 декември 2017
Концерт на Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови
Во вторник, 26.12.2017 година, во Event Center Square 21 (поранешен Кино Вардар) во Скопје, со почеток во 19:00 часот, Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови на ФМУ-Скопје ќе одржат концерт на кој што ќе бидат изведени композиции од доајенот на македонската популарна музика Драган Ѓаконовски-Шпато. Диригент е маестро Кире Костов, а како гости-солисти ќе настапат и Андријана Јаневска, Нико Ѓоргиевски и Кирил Кузманов. Повелете, влезот е слободен!
Објавено на: 21 декември 2017
Испит од втор циклус студии - Миранда Хаџиќ
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 28.12.2017 (четврток), со почеток во 11:30 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКИ НАУКИ на студентката МИРАНДА ХАЏИЌ.
Комисија: Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја
Проф. Живојин Глишиќ
Вонр. проф. м-р Дарија Андовска
Објавено на: 20 декември 2017
Испит од втор циклус студии - Маја Божиновска
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 27.12.2017 (среда), со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И КОМПОЗИЦИЈА на студентката МАЈА БОЖИНОВСКА.
Комисија: Проф. м-р Лилја Зилберштајн
Проф. м-р Зоран Пехчевски
Проф. м-р Тодор Светиев
Објавено на: 20 декември 2017
БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ СО ШПАНСКА МУЗИКА НА ФМУ-КОПЈЕ
Денес, 20.12.2017 година ќе се одржи Божиќен концерт со шпанска музика на Факултетот за музичка уметност - Скопје. На концертот ќе настапат студенти од класите на вонр. проф. м-р Дарко Багески, доц. м-р Борче Наумоски, проф. м-р Страшо Темков, проф. м-р Славица Петровска Галиќ, проф. м-р Зорица Каракутовска, доц. м-р Кристијан Каровски, вонр. проф. м-р Владимир Костов и вонр. проф. м-р Нинослав Димов. Концертот ќе се одржи со почеток од 19:00 ч. и е во соработка со Шпанската амбасада во Скопје.
Објавено на: 19 декември 2017
ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ЗА ЗИМСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2017/2018 ГОДИНА
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА ЗИМСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2017/2018, ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 25.12.2017 - 28.12.2017 (од 10 – 14 часот).
Потребни документи:
- Индекс;
- Уредно и целосно пополнети пријави за испити со уплати за административни такси од 50 денари (студентите може да ги пријават само испитите за кои добиле потпис од предметниот професор);
- Пополнет анкетен лист за секој наставен предмет кој се пријавува (анкетните листови може да се подигнат од одделението за студентски прашања).
За студентите кои нема да ги пријават испитите во предвидениот рок, ќе се наплаќа казна за ненавремено пријавување на испити.
НАПОМЕНА: Студентите имаат обврска пред доставувањето на пријавите, испитите да ги пријават и во електронскиот студентски сервис IKNOW и задолжително да ги внесат кодовите од електронски уплатените таксени марки и во пријавите и во IKNOW системот.
Во прилог на ова известување, може да ги погледнете и упатството за пријавување на испитите во Iknow системот и упатството за електронска наплата на административни таксени марки.
УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ_23320_608.docx УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ТАКСЕНИ МАРКИ_23320_890.docx