Објавено на: 22 април 2016

Распоред на кандидати за заедничката аудиција н ФМУ, за концертот со Македонска филхармонија.

Во прилог е поставен распоредот на кандидатите од вокално - инструменталните оддели кои на 23.4.2016 (сабота) ќе настапат на заедничката аудиција на ФМУ, за концертот со Македонската филхармонија.

Аудицијата ќе започне во 09:00 часот.


Главна аудиција.docx

Објавено на: 21 април 2016

Испит од втор циклус студии - Љеутрим Алији

Објавено на 21.4.2016

                                                                                                                      С О О П Ш Т Е Н И Е

 

На 27.4.2016(среда), со почеток во 09:00 часот, ќе се одржи завршен испит од втор циклус студии по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА (ПИЈАНО) на ЉЕУТРИМ АЛИЈИ.

 

Комисија:  Проф. Борис Романов

                 Проф. м-р Зоран Пехчевски

                 Вонр. проф. м-р Нина Костова

 


Објавено на: 13 април 2016

Отворен ден на УКИМ

На 15.4.2016 година (петок), на платото пред Ректоратот на УКИМ, ќе се одржи отворен ден - „Запознајте го УКИМ“, со цел да им се овозможи на сите заинтересирани да се запознаат со можностите за студирање на факултетите и научните институти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Факултетот за музичка уметност - Скопје, како членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отворениот ден ќе им ги претстави на заинтересираните кандидати студиските програми за прв и втор циклус студии и сите останати информации околу начинот и правилата на студирање.

Pokana Otvoren Den 2016_2.pdf

Објавено на: 11 март 2016

Испит од втор циклус студии - Маја Стојановиќ

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

На 18.3.2016(петок), со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи завршен испит од втор циклус студии по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА (ПИЈАНО) на МАЈА СТОЈАНОВИЌ.

 

Комисија:  Проф. м-р Рита Поповиќ

                 Проф. д-р Марија Ѓошевска

                 Проф. м-р Зоран Пехчевски


Објавено на: 26 февруари 2016

Соопштение за студентите од втор циклус студии, запишани во академската 2015/2016 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗАПИШАНИ ВО АКАДЕМСКАТА 2015/2016 ГОДИНА

 

Се известуваат студентите од втор циклус студии дека пријавувањето на испитите, заверката на зимскиот и запишувањето на летниот семестар ќе се врши во периодот од 14.3.- 18.3.2016 година, а полагањето на испитите од 21.3. - 1.4.2016 година.  

 Потребни документи:

-       индекс;

-       образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);

-       образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);

-       уплата за втора рата школарина, во висина од 36.900,00 денари.

-       пријави за испити со уплати за административни такси од 50 денари, за секој испит поединечно (се купуваат во книжарници);

-       пополнет и потпишан образец за полагање на испит по главен предмет - „прилог кон пријава за испит“ (истиот е поставен во прилог на ова соопштение);

-        студентите од студиските програми по музички науки и балетска педагогија, доставуваат и 4 примероци од експликацијата за изработка на магистерски труд;

-       уплати за испитите:

                   6150 денари за полагање на испит по главен предмет

                   3075 денари (по предмет) за полагање на изборни предмети

-       испитите од зимскиот семестар задолжително треба да се пријават и во електронскиот сервис Iknow (www.iknow.ukim.edu.mk).

        Упатството за електронско пријавување на испити, е поставено во прилог на ова соопштение.

 

 

 

 

 

 

прилог кон пријава за испит.doc Пример за уплатници.docx УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ.docx УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА НА ТАКСЕНИ МАРКИ.docx

Објавено на: 16 февруари 2016

Одбрана на докторска дисертација

 

 С О О П Ш Т Е Н И Е

 На 24.2.2016 (среда), со почеток во 09:30 часот во Малата концертна сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе се одржи одбрана на теорискиот дел од докторска дисертација на кандидатката вонр. проф. м-р Нина Костова.

 Одбраната на теорискиот труд ќе се изврши пред комисија во состав:                 

Проф. Борис Романов

Вонр. проф. д-р Ганка Цветанова

Проф. д-р Томе Манчев

Проф. м-р Евушка Елезовиќ

Проф. д-р Марија Ѓошевска

 

 

         


Објавено на: 13 јануари 2016

Пријавување за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во вториот уписен рок 2015/2016

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2015/2016

 

Се известуваат сите заинтересирани кандидати дека пријавувањето за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во вториот уписен рок, ќе се врши од 11 до 22 јануари 2016 година.

Реализацијата на вториот уписен рок ќе се врши согласно член 14 од Правилникот за формата и начинот на водењето и содржината на матичната книга на запишани студенти и главната книга на дипломирани студенти („Службен весник на РМ“ бр. 67/11, 3/12, 46/12), според кој во вториот уписен рок може да се запишуваат само: 

  • студентите кои истовремено студираат повеќе студиски програми од различни специјалности и изучуваат дополнителни курсеви,
  • студентите кои побрзо напредуваат во студиите,
  • студентите кои ги продолжуваат студиите на друга високообразовна установа ако високообразовната установа на која биле запишани престане да работи,
  • студентите кои преминуваат од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студиски програми и насоки или во иста високообразовна установа и при тоа ги користат погодностите на кредит системот,
  • студентите кои ги продолжуваат студиите што ги прекинале под услови определени со статутот на високообразовната установа,
  • странските студенти,
  • како и студенти кои од оправдани причини не успеале да се запишат.

Како оправдани причини поради кои одредени студенти не успеале да се запишат во првиот уписен рок се сметаат:

  • болест, за што студентот доставува лекарска белешка;
  • смрт на потесен член од семејството, за што студентот доставува извод од матичната книга на умрените,
  • незавршена постапка за нострификација на сведителства и дипломи стекнати во странство.

Запишувањето на студентите од ставот 4 на овој член се врши по претходно добиена писмена согласност од страна на министерството надлежно за работите на високото образование.

 

Потребни документи за пријавување:

  • образложено писмено барање од кандидатот за запишување во вториот уписен рок, со административна такса од 50 денари;
  • електронска пријава (испечатена од веб страната www.upisi.ukim.edu.mk);
  • диплома за завршен прв циклус студии;
  • кратка биографија;
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку кандидатот има);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи.

 

Напомена:

!          Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, потребно е да достават и програма во која ке бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло –пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;

 

Сите заинтересирани кандидати задолжително мора да се најават во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на следнава веб страна: www.upisi.ukim.edu.mk

 

 

 

178_KONKURS-vtor-ciklus-2015-2016.pdf

Објавено на: 20 декември 2015

Концерт „Солисти на ФМУ-Скопје“ со Гернот Винишхофер

На 22.12.2015 (вторник) со почеток во 20:00 часот, во концертната сала на ФМУ-Скопје ќе се одржи концерт на камерниот оркестар „Солисти на ФМУ-Скопје“ на кој како солист на виолина и диригент ќе настапи реномираниот виолинист од Австрија Гернот Винишхофер (Gernot Winischhofer). Тој веќе неколку дена работи со студентите на Факултетот за музичка уметност-Скопје со кои ја подготвуваат програмата за концертот, која што се состои од дела од Моцарт, Хајдн, Шуберт, Хубер, Шмит, Сарасате, Фирст, Брамс и Крајслер.


Објавено на: 13 декември 2015

Инструментален џез концерт, 14.12.2015

На 14.12.2015 (понеделник) со почеток во 20:00 часот во Концертната сала на ФМУ-Скопје ќе се одржи инструментален џез концерт на студентите од студиските програми за популарни жанрови, кои изучуваат импровизација во класата на доц. м-р Иван Иванов.