Објавено на: 16 јуни 2015

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ СТУДЕНТИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, ВО УЧЕБНАТА 2015/2016

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, ПОЛАГАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2015/2016

  •  ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 13 И 14 АВГУСТ 2015 ГОДИНА
  •  ПОЛАГАЊЕТО НА ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 17 ДО 21 АВГУСТ 2015
  •  РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИТЕ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО НА 25 АВГУСТ 2015 ГОДИНА
  •  ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 26 И 27 АВГУСТ 2015 ГОДИНА

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

  • пријавен лист за запишување на студенти во прва година, со уплата за административна такса;
  • испечатена електронска пријава од IKnow системот;
  • оригинални свидетелства од сите класови;
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование);
  • доказ за државјанство на РМ (уверение или решение);
  • извод од матична книга на родени;
  • изјава за национална припадност (по потреба);
  • потврда за уплата на приемни испити (уплатница може да добиете во одделението за студентски прашања).

  

Забелешка: Бидејќи пријавувањето се врши со оригинални документи, пожелно е кандидатите да направат преписи од документите за свои потреби.

СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2015/2016 ГОДИНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА СЕ НАЈАВАТ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СПРОВЕДУВАЊЕ УПИСИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“, НА ВЕБ СТРАНАТА:   WWW.UPISI.UKIM.MK           

Konkurs-I-ciklus-2015-2016-za-objavuvanje.doc

Објавено на: 15 јуни 2015

* ИЗМЕНЕТИ * ТЕРМИНИ ЗА ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА

Се известуваат сите заинтересирани кандидати за запишување на Факултетот за музичка уметност-Скопје дека се организира бесплатна подготвителна настава по предметите Солфеж и Основи на хармонијата. Наставата ќе се одвива на 18.6.2015 (четврток),  25.6.2015 (четврток), 26.6.2015 (петок) и 1.7.2015 (среда) во следниве термини:

Солфеж (проф. м-р Снежана Димчевска)....................  11:00 - 12:30

Основи на хармонијата (доц. м-р Тихомир Јовиќ).....   13:00 - 14:30

За да им биде овозможено пристап на часовите потребно е кандидатите да се најават преку испраќање на мејл на fmu@fmu.ukim.edu.mk во кој ќе ги наведат:

  • Името и презимето
  • Претходното образование
  • За кој предмет и за кој датум са најавуваат

Ви посакуваме успех!


Објавено на: 06 мај 2015

Заверка на летен семестар и пријавување на испити за летната испитна сесија

 СООПШТЕНИЕ

 

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР И ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА МАЈСКО - ЈУНСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА, ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 11.05. - 15.05.2015 година.

 Потребни документи:

  • Индекс;
  • Образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари;
  • Пријави за испити, со уплати за административни такси од 50 денари (студентите од I, II и III година пред да ги достават пријавите за испит, задолжително да извршат и електронско пријавување на испитите);
  • Пополнети анкетни листови за работата на наставниците во летниот семестар. Анкетните листови може да се подигнат од Одделението за студентски прашања.

 

 

 

 


Објавено на: 09 март 2015

Концерти од серијалот "MUSICA VIVA"

Во наредните три среди со почеток во 19 часот во концертната сала на ФМУ-Скопје ќе се одржат концерти од серијалот "MUSICA VIVA". На концертите на 11 и 25 март ќе настапат студенти од вокално-инструменталните оддели, а на концертот на 18 март ќе настапат студенти од студиските програми на кои пијаното се изучува како задолжителен предмет. На овој концерт тие ќе изведат повеќе пиеси од познатата збирка  „Микрокосмос“ на унгарскиот композитор Бела Барток.


Објавено на: 05 февруари 2015

Пријавување на испити за втор циклус студии

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗАПИШАНИ ВО ОКТОМВРИ 2014/2015 ГОДИНА

 

Се известуваат студентите од втор циклус студии дека пријавувањето на испитите од зимскиот семестар ќе се врши во периодот од 23.2.- 27.2.2015 година, а полагањето на истите во периодот од 2.3. - 14.3.2015.

По полагањето на испитите, а најдоцна до 20.3.2015, ќе се врши изаверка на зимскиот и запишување на летниот семестар.

  

Потребни документи за пријавување на испити:

 -       индекс;

-       пријави за испити, со уплата за административна такса;

-       пополнет и потпишан образец за полагање на испит по главен предмет - „прилог кон пријава за испит;

-       уплати за испитите:

                 6150 денари за полагање на испит по главен предмет

                 3075 денари (по предмет) за полагање на изборни предмети

-       испитите од зимскиот семестар задолжително треба да се пријават и во електронскиот сервис Iknow (www.iknow.ukim.edu.mk).

 

Потребни документи за заверка и запишување на семестар:

-       индекс (со оценки од предметите од зимскиот семестар);

-       образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса;

-       образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса;

-       уплата за втора рата школарина.

 

 Пример за уплата на школарина

uplata.docx

Објавено на: 29 јануари 2015

Заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар 2014/2015

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ И ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД  2.2. ДО 6.2.2015

Потребни документи:

  • Индекс (со оценки од сите положени испити од последната сесија);
  • Образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса;
  • Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса;
  • Потврда за уплатена II рата школарина;
  • Потврда за уплатени 1200 денари за амортизација на основни средства;
  • Уплата за презапишување на неположени предмети од летниот семестар учебна 2013/2014, во висина од 406,00 денари за еден кредит.

 

Напомена:

Студентите од I, II и III година имаат обврска да ги запишат предметите и професорите кај кои ќе следат настава во летниот семестар и во електронскиот систем IKNOW.

Рокот за внесување на овие податоци во електронскиот систем е до 8.2.2015 година.

Пример за уплата на амoртизација

Пример за уплата на школарина и презапишување на предмети


Објавено на: 29 јануари 2015

Предавање на Кери Смолмен (Велика Британија)

Во соработка со Филозофското друштво на Македонија и Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија, во рамките на „Месецот на британската филозофија“, на 3 февруари 2015 година со почеток во 15:00 часот, во малата сала на Факултетот за музичка уметност-Скопје предавање ќе одржи гостинката од Оксфорд, Кери Смолмен. Предавањето е насловено:

Трансатлантски дијалози: Британија, Америка и изворите на попот


Објавено на: 02 јануари 2015

ИСПИТНА СЕСИЈА ЈАНУАРИ 2015

Распоред на испитите во зимската испитна сесија - Јануари 2015 година.

ИСПИТНА СЕСИЈА ЈАНУАРИ 2015.pdf

Објавено на: 11 декември 2014

Промоција на списанието „ARS ACADEMICA"

На 6.12.2014 година, во фоајето на Македонската опера и балет се одржа промоција на првото меѓународно научно списание „ARS ACADEMICA“, кое е издадено од Факултетот за музичка уметност - Скопје и Факултетот за драмски уметности - Скопје.