Последни објавени новости на ФМУ.
Објавено на: 29 јануари 2015
Заверка на зимскиот и запишување на летниот семестар 2014/2015
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ И ЗАПИШУВАЊЕТО НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 2.2. ДО 6.2.2015
Потребни документи:
- Индекс (со оценки од сите положени испити од последната сесија);
- Образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса;
- Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса;
- Потврда за уплатена II рата школарина;
- Потврда за уплатени 1200 денари за амортизација на основни средства;
- Уплата за презапишување на неположени предмети од летниот семестар учебна 2013/2014, во висина од 406,00 денари за еден кредит.
Напомена:
Студентите од I, II и III година имаат обврска да ги запишат предметите и професорите кај кои ќе следат настава во летниот семестар и во електронскиот систем IKNOW.
Рокот за внесување на овие податоци во електронскиот систем е до 8.2.2015 година.
Пример за уплата на амoртизација
Пример за уплата на школарина и презапишување на предмети


Објавено на: 29 јануари 2015
Предавање на Кери Смолмен (Велика Британија)
Во соработка со Филозофското друштво на Македонија и Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија, во рамките на „Месецот на британската филозофија“, на 3 февруари 2015 година со почеток во 15:00 часот, во малата сала на Факултетот за музичка уметност-Скопје предавање ќе одржи гостинката од Оксфорд, Кери Смолмен. Предавањето е насловено:
Трансатлантски дијалози: Британија, Америка и изворите на попот

Објавено на: 02 јануари 2015
ИСПИТНА СЕСИЈА ЈАНУАРИ 2015
Распоред на испитите во зимската испитна сесија - Јануари 2015 година.
ИСПИТНА СЕСИЈА ЈАНУАРИ 2015.pdf
Објавено на: 11 декември 2014
Промоција на списанието „ARS ACADEMICA"
На 6.12.2014 година, во фоајето на Македонската опера и балет се одржа промоција на првото меѓународно научно списание „ARS ACADEMICA“, кое е издадено од Факултетот за музичка уметност - Скопје и Факултетот за драмски уметности - Скопје.








Објавено на: 11 декември 2014
Промоција и доделување на Дипломи на студентите од прв и втор циклус студии
На 6.12.2014 година, во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје, се одржа промоција и свечено доделување на Дипломите на студентите кои во учебната 2013/2014 година го завршија своето студирање на првиот или вториот циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје.






Објавено на: 08 декември 2014
Средба со композиторот проф. Живоин Глишиќ
На 10.12.2014 година (среда), со почеток во 13:00 часот во малата сала на ФМУ-Скопје ќе се одржи средба со композиторот проф. Живоин Глишиќ, на која тој ќе говори за својот уметнички и творечки развој, ќе ги изнесе своите ставови во поглед на различни аспекти на музичката уметност и во непосредна комуникација со студентите ќе ги сподели богатите искуства од неговото досегашно делување.

Објавено на: 04 ноември 2014
Аплицирајте за Yamaha стипендија!
Yamaha објави апликација за стипендија за студенти од музичките факултети.
Стипендиите се во висина од 1000 и 2000 евра.
Годинава стипендиите се однесуваат на студентите на дувачки инструменти.
Апликацијата на македонски јазик може да ја превземете од следниов линк:
http://europe.yamaha.com/en/music_education/ymfe/

Објавено на: 28 октомври 2014
Семинар по флејта со проф. Дејан Гавриќ (Германија)
Од 27-ми до 30-ти октомври 2014, на Факултетот за музичка уметност -Скопје ќе се одржат неколку мајсторски курсеви со еминентниот германски, но и светски флејтист и професор - Дејан Гавриќ.
Проф. Гавриќ е редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Мајнц, Германија и одржува голем број мајсторски курсеви ширум светот.
Проф. Гавриќ за прв пат доаѓа на Факултетот за музичка уметност – Скопје и неговите мајсторски курсеви, без сомнение, ќе бидат од огромна корист за сите млади флејтисти.
Предавањата се наменети за студентите од Факултетот, но и за сите заинтересирани кои би сакале да ги надградат своите сознанија за техниките на изведба на флејта, како и за пошироките аспекти на музичката уметност и интерпретација.

Објавено на: 16 октомври 2014
"АPOLLONIA JAZZ WORKSHOP" - 18 и 19 октомври
На 18-ти и 19-ти октомври во малата сала на Факултетот за музичка уметност-Скопје ќе се одржи „Аполонија џез работилница“ со познатиот џез музичар Марк Момас (Marc Mommaas) од "The New York Jazz Workshop".
Влезот и учеството на работилницата се слободни.
Apollonia Jazz Workshop BANNER-01-01.pdf APOLLONIA JAZZ FLYER DARK.pdf

Објавено на: 02 октомври 2014
Семинар по труба со Виценте Кампос
Во периодот од први до четврти октомври на ФМУ-Скопје се одржува семинар по труба со реномираниот шпански трубач Виценте Кампос (Vicente Campos).
