Последни објавени новости на ФМУ.
Објавено на: 07 мај 2018
Одржана традиционалната манифестација „Отворен ден, запознајте го УКИМ“
Традиционалната манифестација „Отворен ден, запознајте го УКИМ“ се одржa во саботата, 5.5.2018 година, на Кампусот на техничките факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ) каде беа сместени штандовите на факултетите.
Манифестација беше наменета за средношколците од сите училишта во Република Македонија, но и за оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на сите циклуси на УКИМ.
Посетителите имаа можност непосредно во разговор со наставниот кадар и студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во државата, нејзината долга традиција, мисија и визија.
Се свој штанд се претстави и Факултетот за музичка уметност – Скопје, а нашите студенти, се погрижија за реализација на забавниот дел од овој настан.
Објавено на: 04 мај 2018
Редослед за главната аудиција за солисти со оркестарот на Македонската филхармонија
Редослед за главната аудиција
за солисти со оркестарот на Македонската филхармонија
10:00 ч.
- Ангел Спировски (оркестарско диригирање)
- Џ. Росини: Увертита „Севилски берберин“
10:10 ч.
- Ивана Јанаќиева (пијано)
- М.Равел: Концерт за пијано и оркестар G-dur, I став
- Зоран Станишиќ (пијано)
- С.Рахмањинов: Концерт за пијано и оркестар бр.1 оп.1, I став
- Тоше Темелков (пијано)
- С.Рахмањинов: Концерт за пијано и оркестар бр.2 оп.18, I став
- Артемида Ќари (пијано)
- Д.Шостакович: Концерт за пијано и оркестар бр.2 оп.102 F-dur, I став
10:50 ч.
- Никола Мицевски (кларинет)
- К. Росе-На тема од К. М. Вебер: Фантазија и рондо
- Ѓорѓи Димитров и Бојан Лушкоски (дуо кларинети)
- Ф. Крамер: Концерт за два кларинета
- Стефан Неделковски (саксофон)
- Д. Мијо: Скарамуш
- Филип Каревски (фагот)
- Ф. Данци: Концерт за фагот Еф-дур
- Благоја Василевски (хорна)
- Р. Штраус: Концерт Бр. 1, I став
- Антонио Весковски (удирачки инструменти)
- Н. Рoсауро: Концерт за маримба, I став
11:45 ч.
- Александра Чуруковска (контрабас)
- С. Кусевицки: Концерт за контрабас и оркестар, I став
- Илза Бафтиари (виола)
- Ц. Форсајт: Концерт за виола и оркестар, I став
- Eни Вучидолова (виолина)
- А. Дворжак: Концерт за виолина и оркестар, I став
Декан
проф. м-р Зоран Пехчевски
Објавено на: 03 мај 2018
Предавањe со наслов „Политиката на сеќавање и популарната музика во постјугословенскиот простор" на ФМУ - Скопје на 8.5.2018 година
Во вторник, 8.5.2018 година во 13:15 ч. во малата сала на ФМУ-Скопје ќе одржи предавање проф. др. Ана Петров од Факултетот за медиуми и комуникации Сингидинум од Белград. Предавањето е со наслов „Политиката на сеќавање и популарната музика во постјугословенскиот простор". Проф. Петров е реномиран музиколог и социолог и автор на книгите: Pjeru Burdijeu (Orion art i FMK, Beograd, 2015) , Brunu Laturu (Orion art i FMK, Beograd, 2015) Jugoslovenska muzika bez Jugoslavije. Koncerti kao mesta sećanja, (FMK, Beograd, 2016). Предавањето ќе ги опфати сите процесите на музичка рецепција на популарната музика во постјугословенскиот период.
Објавено на: 02 мај 2018
ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ
Отворен ден на УКИМ на 5.5.2018 година од 10 до 17 часот на Кампусот на техничките факултети (МФС, ФЕИТ, ФИНКИ, ТМФ). ПОВЕЛЕТЕ!!!
Објавено на: 30 април 2018
Заверка на летен семестар и пријавување на испити за мајско - јунската испитна сесија 2017/2018
СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ЗАВЕРКАТА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР И ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА МАЈСКО - ЈУНСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2017/2018, ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 08.05. - 15.05.2018
Потребни документи:
- Индекс;
- Образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари;
- Пријави за испити со уплати за административни такси од 50 денари (студентите може да ги пријават само испитите за кои добиле потпис од предметниот професор);
- Пополнет анкетен лист за секој наставен предмет кој се пријавува.
НАПОМЕНА:
Студентите имаат обврска пред доставувањето на пријавите, испитите да ги пријават и во електронскиот студентски сервис IKNOW и задолжително да ги внесат кодовите од електронски уплатените таксени марки.
За студентите кои нема да ги пријават испитите во предвидениот рок, ќе се наплаќа казна за ненавремено пријавување на испити.
Во прилог на ова известување, може да ги погледнете и упатството за пријавување на испитите во Iknow системот и упатството за електронска наплата на административни таксени марки.
УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ_23320_608_33328_976.docxОбјавено на: 23 април 2018
Одржана промоција на каталогот за мелограмите од легатот на истакнатиот македонски фолклорист Васил Хаџиманов
На 18.4.2018 година, на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во присуство на министерот за култура, г-дин Алаѓозовски, пратеници од Собранието на РМ, претставници на МАНУ, други институции и стручната јавност, беше промовиран каталогот на дигитализираните мелограми од легатот на истакнатиот македонски фолклорист Васил Хаџиманов, кој го изработија студентите на програмата од вториот циклус студии за музички науки при ФМУ-Скопје, Николче Витковски и Цветанчо Николоски, под менторство на проф. д-р Димитрије Бужаровски.
На свеченоста, каталогот им беше предаден на претставниците на Македонската академија на науките и уметностите, каде се наоѓа овој легат. Во овој каталог се попишани 10.166 мелограми, кои се дел од обемниот легат на Васил Хаџиманов што се наоѓа во архивот на МАНУ. Со попишувањето на мелограмите се прави уште еден важен исчекор во содржината на легатот и брзото и лесно пребарување, посебно имајќи ја предвид неговата обемност.
Овој настан, исто како и попишувањето на комплетната содржина на легатот е од посебно значење за заштитата на македонското духовно културно наследство, е дел од посветената работа на „Архивот Бужаровски“ (BuzAr), каде што каталогот ќе биде примарно депониран.
Поводот за попишувањето на мелограмите произлезе од работата врз колекцијата на носачи на звук (ленти и касети) од истакнатиот македонски фолклорист Кирил Пенушлиски, која е дигитализирана во „Архивот Бужаровски“ од вонр. проф. д-р Трена Јорданоска во 2008 година. При тоа, во метаподатоците кои ги придружуваа лентите било назначено дека дел од нив се мелографирани од Васил Хаџиманов. По завршувањето на оваа каталогизација беа скенирани 787 мелограми од кои 610 мелограми се поврзани со Колекцијата Пенушлиски.
На овој настан беше одбележана 25-годишнината од првите две дигитални снимки на хард-диск од творештвото на Димитрије Бужаровски, кои се првите дигитални снимки на хард-диск не само во Македонија, туку и на Балканот.
„БузАр“ е најголемиот дигитален архив на звучно културно наследство во Република Македонија и пошироко на Балканот. Во него се наоѓаат дигитализирани и во најголема мерка каталогизирани 2 терабајти со аудио, видео, фотографии, книги, есеи и публицистички текстови, МИДИ, партитури, мелограми, бази на податоци – поврзани со македонското и балканското културно наследство.
Меѓу нив посебно се издвојуваат 14 обемни колекции со музички и говорен фолклорен материјал (Фирфов, Видоески, Пенушлиски, Брзанов, Линин, Бадев, над 1500 детски песни и игри снимени во видео формат од Македонија, Косово и Јужна Србија), но и сопствената продукција на 20 документарни филмови и целокупни концерти (Ѓорѓи Доневски, Бапчорки, Костурчанки, Калистрат Зографски, портрети на Александра Џамбазов, Љубомир Бранџолица, Јордан Цаневски, Зоран Димитровски, Иван Кочаров, Евушка Трпкова-Елезовиќ, Снежана Анастасова Чадиковска, Јени Јол, Ендејдик итн.), 6 музички спотови, над 190 кратки видеа од хрониките на ИРАМ и „БузАр“ и над 110 аудио снимки од концерти.
Објавено на: 18 април 2018
Испит од втор циклус студии - СИМОН ПОПОВСКИ
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 26.4.2018 (четврток), со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И КОМПОЗИЦИЈА на студентот СИМОН ПОПОВСКИ.
Комисија: Проф. м-р Олег Кондратенко
Проф. м-р Михаило Куфојанакис
Проф. м-р Љубиша Кировски
Објавено на: 18 април 2018
Испит од втор циклус студии - ТОШЕ ПОП - ЛАЗАРОВ
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 25.4.2018 (среда), со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И КОМПОЗИЦИЈА на студентот ТОШЕ ПОП - ЛАЗАРОВ.
Комисија:
Проф. м-р Рита Поповиќ
Проф. м-р Зоран Пехчевски
Проф. м-р Катерина Костадиновска Гелебешева
Објавено на: 18 април 2018
Предавање на тема „Modern Historicism“ на ФМУ - Скопје
Денес, 18.04.2018 година, со почеток од 10 часот во Концертната сала на ФМУ - Скопје ќе се оджи предавање на тема „Modern Historicism“ од унгарскиот еминентен пијанист, Саболч Илеш.
Објавено на: 16 април 2018
Промоција на каталогот за мелограмите од легатот на истакнатиот македонски фолклорист Васил Хаџиманов
Во Факултетот за музичка уметност на 18 април (среда) со почеток во 13 часот во Малата концертна сала, ќе се одржи промоција на каталогот за мелограмите од легатот на истакнатиот македонски фолклорист Васил Хаџиманов, кој го изработија студентите на програмата од вториот циклус студии за музички науки при ФМУ, Николче Витковски и Цветанчо Николоски под менторство на проф. д-р Димитрије Бужаровски. На промоцијата каталогот ќе им биде предаден на претставниците на Македонската академија на науките и уметностите, каде се наоѓа овој легат.
Во овој каталог се попишани 10166 мелограми кои се дел од обемниот легат на Васил Хаџиманов кој се наоѓа во архивот на МАНУ. Треба да се истакне дека првата прецизна евиденција за содржината на овој легат исто така беше изработен од студентот на постдипломски студии при ФМУ м-р Елени Новаковска, исто така под менторство на проф. д-р Димитрије Бужаровски во 2005 година. Со попишувањето на мелограмите се прави уште еден исчекор во содржината на легатот и брзото и лесно пребарување, посебно имајќи ја предвид неговата обемност.
Овој настан исто како и попишувањето на комплетната содржина на легатот е од посебно значење за заштитата на македонското духовно културно наследство. Треба да се истакне дека и овој зафат како и сета активност на Архивот Бужаровски (BuzAr) во кој ќе биде примарно депониран овој каталог, е изведен исклучиво на волонтерска основа.
Поводот за попишувањето на мелограмите произлезе од работата врз колекцијата на носачи на звук (ленти и касети) од истакнатиот македонски фолклорист Кирил Пенушлиски, која е дигитализирана во Архивот Бужаровски од вонр. проф. д-р Трена Јорданоска во 2008 година. При тоа во метаподатоците кои ги придружуваа лентите беше назначено дека дел од нив се мелографирани од Васил Хаџиманов. При пребарувањето на овие мелограми во архивот на МАНУ беше одлучено да се попишат сите мелограми, за да не се случи да се испушти некој мелограм кој може да е зафрлен меѓу останатите материјали. По завршувањето на оваа каталогизација беа скенирани 787 мелограми од кои 610 мелограми се поврзани со Колекцијата Пенушлиски. Тие во моментов се обработуваат и пренесуваат во современ нотен процесор со што ќе се овозможи внесување на податоците кои недостасуваат во мелограмите на Хаџиманов.
На овој настан ќе се одбележи и 25-годишнината од првите две дигитални снимки на хард-диск од творештвото на Димитрије Бужаровски (соло песната Тишина и композицијата Скелетот и убавицата). Направени во програмата Про Тулс во 1993 година, тие се првите дигитални снимки на хард-диск не само во Македонија, туку и на Балканот. Со нив ќе биде означен почетокот на дигиталното архивирање кое подоцна ќе стане дел од архивот БузАр.
БузАр е најголемиот дигитален архив на звучно културно наследство во Република Македонија и пошироко на Балканот. Во него се наоѓаат дигитализирани и во најголема мерка каталогизирани 2 терабајти со аудио, видео, фотографии, книги, есеи и публицистички текстови, МИДИ, партитури, мелограми, бази на податоци – поврзани со македонското и балканското културно наследство. Меѓу нив посебно се издвојуваат 14 обемни колекции со музички и говорен фолклорен материјал (Фирфов, Видоески, Пенушлиски, Брзанов, Линин, Бадев, над 1500 детски песни и игри снимени во видео формат од Македонија, Косово и јужна Србија), но и сопствената продукција на 20 документарни филмови и целокупни концерти (Ѓорѓи Доневски, Бапчорки, Костурчанки, Калистрат Зографски, портрети на Александра Џамбазов, Љубомир Бранџолица, Јордан Цаневски, Зоран Димитровски, Иван Кочаров, Евушка Трпкова-Елезовиќ, Снежана Анастасова Чадиковска, Јени Јол, Ендејдик итн.), 6 музички спотови, над 190 кратки видеа од хрониките на ИРАМ и БузАр и над 110 аудио снимки од концерти.
БузАр содржи и 219 музички творби од досегашното творештво на Димитрије Бужаровски претставено преку партитури, текстови, МИДИ, аудио и видео записи, кои по себе претставуваат пресек на македонската музичка култура во последните 50 години, како и целокупниот теориски опус на Бужаровски од објавени текстови и книги.
Она што посебно импресионира е што овој архив кој посебно активно работи во изминатите две децении, како што веќе истакнавме постои исклучиво на волонтерска основа, и приватната иницијатива на проф. д-р Димитрије Бужаровски и групата професори и студенти кои соработуваат со него, што е секако уникатен пример не само во македонски туку и во балкански рамки.