Последни објавени новости на ФМУ.
Објавено на: 16 април 2018
ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА ПО ВИОЛОНЧЕЛО НА ФМУ - СКОПЈЕ ВО ПЕРИОДОТ ОД 9-15.4.2018
Во периодот од 9 - 15.4.2018 година, на Факултетот за музичка уметност - Скопје се одржа работилница за студентите од студиската програма по виолончело. Работилницата беше под водство на асс. м-р Вида Вујиќ, предавач на институтот „Јозеф Хајдн“ при Универзитетот за музика и драма во Виена.
Објавено на: 13 април 2018
МАСТЕР КЛАС НА ФМУ - СКОПЈЕ
Објавено на: 10 април 2018
КОНКУРС ЗА ЛЕТНА СТУДЕНТСКА ПРАКСА/СТАЖИРАЊЕ ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ (KA 103) ЗА УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
објавува
КОНКУРС
ЗА ЛЕТНА СТУДЕНТСКА ПРАКСА/СТАЖИРАЊЕ
ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ (KA 103)
ЗА УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА
Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+KА 103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за реализирање летна студентска пракса/стажирање во програмски земји-учеснички во програмата Еразмус+.
Времетраење на мобилноста за студенти:минимум 2, максимум 3 месеци (јуни, јули и август 2018 година).
КРИТЕРИУМИ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ ЕРАЗМУС+ СТУДЕНТСКА ПРАКСА/СТАЖИРАЊЕ:
- Право на пријавување имаат редовни студенти со најмалку завршена прва година на студии. Апликации на дипломирани студенти нема да бидат разгледувани.Предност имаат студенти кои и во наредната учебна година ке имаат статус на редовни студенти.
- Основен предуслов за реализирање Еразмус+ студентска пракса/стажирање е праксата да е предвидена како дел од студиската програма на соодветниот факултет.
- Кандидатите можат да реализираат куса Еразмус+ студентска пракса во јавна или приватна организација, институција, компанија или претпријатие од Еразмус+ програмските држави.
- Еразмус+ студентската пракса не може да се реализира на универзитети, во дипломатски претставништва, институции и специјализирани агенции на Европската комисија.
- За изборот на институција или компанија, студентот може да ја користи интернет-страницата: www.erasmusintern.org или други ЕУ интернет-страници за Еразмус+ пракса.
- Студентот самостојно ја контактира избраната институција со цел договарање на условите и одобрување на активностите и периодот на стажирање. Студентот до работодавачот (институцијата-домаќин) го доставува формуларот Писмо за покана (Invitation Letter) кое институцијата-домаќин го пополнува и враќа до студентот. УКИМ не посредува во комуникацијата помеѓу студентот и работодавачот (институцијата-домаќин).
- Студентот самостојно ја организира постапката за добивање виза, како и трошоците за патување и сместување.
- Студентот е должен да обезбеди соодветно здравствено осигурување.
- Праксата/стажирањето мора да заврши пред почетокот на зимскиот семестар од учебната 2018/2019 година.
ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:
Висината на стипендијата за студентска пракса/стажирање изнесува 550-600 ЕУР месечно, согласно земјата на престој (Види листа на интернет-страната на Универзитетот).
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот www.ukim.edu.mk/меѓународна соработка/ЕРАЗМУС+или интернет-страната на соодветниот факултет:
- пополнет формулар за пријавување (Student Application Form);
- договор за пракса/стажирање (Learning Agreementfor Traineeships) во кој се утврдува програмата за стажирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, Еразмус+ координаторот на матичниот факултет и одговорното лице кое го претставува работодавачот (институцијата-домаќин);
- пополнетo Писмо за покана за реализирање студентска пракса/стажирање (Invitation Letter) од страна на институцијата-домаќин кое студентот самостојно го обезбедува;
- уверение за положени испити на македонски јазик;
- уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој ќе се спроведува праксата/стажирањето издадена од признат центар/школа за странски јазици;
- уверение за редовен студент- запишан семестар/година (на македонски јазик);
- кратка биографија (Europass model);
ПО ЗАВРШЕНА МОБИЛНОСТ:
- На крајот од мобилноста студентот до Одделението за меѓународна соработка во оригинал доставува Завршен извештај (Final Report) уредно потпишан и заверен од страна на студентот и работодавачот;
- Уредно пополнета и заверена Потврда за пристигнување/заминување (Arrival/Departure Certificate).
Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се праксата/стажирањето, мотивација.
Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата до Еразмус+ координаторот на факултетот каде студираат најдоцна до 30 април 2018 година, во три примерока: еден примерок до Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок до Ректоратот на УКИМ и еден примерок задржува студентот.
(Види листа на Еразмус координатори по факултети).
Факултетите листата на рангирани апликации ја доставуваат до Ректоратот најдоцна до 10 мај 2018 година.
УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
Објавено на: 05 април 2018
Одбрана на теорискиот дел од докторска дисертација - м-р ЕЛЕНА АТАНАСОВСКА - ИВАНОВСКА
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 16.4.2018 (понеделник), со почеток во 14:00 часот, во Малата сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе се одржи одбрана на теорискиот дел од докторска дисертација на кандидатката м-р Елена Атанасовска Ивановска.
Одбраната на теорискиот труд ќе се изврши пред комисија во состав:
Проф. м-р Борис Романов
Проф. д-р Ганка Цветанова
Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја
Проф. д-р Марија Ѓошевска
Проф. д-р Ана Гацева
Објавено на: 05 април 2018
Одбрана на теорискиот дел од докторска дисертација на кандидатката - м-р ЕЛЕНА АТАНАСОВСКА - ИВАНОВСКА
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 16.4.2018 (понеделник), со почеток во 14:00 часот, во Малата сала на Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе се одржи одбрана на теорискиот дел од докторска дисертација на кандидатката м-р Елена Атанасовска-Ивановска.
Одбраната на теорискиот труд ќе се изврши пред комисија во состав:
Проф. м-р Борис Романов
Проф. д-р Ганка Цветанова
Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја
Проф. д-р Марија Ѓошевска
Проф. д-р Ана Гацева
Објавено на: 03 април 2018
ВОНР. ПРОФ. Д-Р ИСКРА ШУКАРОВА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДВА НАСТАНИ ОД ОБЛАСТА НА СОВРЕМЕНИОТ ТАНЦ
Во организацијана вонр. проф. д-р Искра Шукарова, професор на катедрата за балетска педагогија - современ танц на ФМУ-Скопје, УКИМ, и во соработка со кореографи од Словенија и САД, се одржа и ќе се одржат, два настани што ќе ја збогатат содржината на случувањата поврзани со современиот танц во Македонија. Еден од настаните се одржа на 31.3.2018 година, во фоајето на МОБ, каде беше претставена работата на Нелсон Валмор (Словенија), додека на 29-ти април во Македонската Филхармонија, ќе настапи Урсула Еаглиод (САД) која и воедно и ќе го отвори Меѓународниот ден на танцот. Ова се првите од многуте кореографи кои ќе гостуваат како дел од проектот инциран од странана вонр. проф. д-р Шукарова во склоп на NGO Nomad Dance Academy-Macedonia. По неколкудневните работилници со студентите, во саботата на 31 март 2018 година во фоајето на МОБ , се претстави ПРОЕКТ М, на кој учесници се и студенти од ФМУ - Скопје, со кореографот Нелсон Валмор од Словенија кој ја истражува разиграноста и кинестетичко-физичката интелигенција во уметноста на повеќе нивоа како изведувач, танчер, кореограф, кловн, учител, писател, модератор, издавач и продуцент.
Во ПРОЕКТ М учествуваа студентите од ФМУ-Скопје: Деана Антевска, Јована Јанчовска, Бојан Мицев, Јана Петровска, Росана Стефанова, Ана Маркоска, Марија Ристеска, Теодора Ежовска, Христина Ангеловска, Стефанија Лефтеровска, Милена Гаврилова, Тања Василевска, Елена Костадинова, Бисера Димчева, Ангела Костадиновска и Олга Серафимова.
Нелсон Валмор како дел од проектот The game M ја покани вонр. проф. д-р Искра Шукарова во Љубљана, во септември 2016 година, каде тие работеа на делото“MC2=Ǝ, movement exhibition” кое беше истражување помеѓу вонр. проф. д-р Шукарова и уметничкиот колектив за арт-технологија-Циркулација 2.
Објавено на: 02 април 2018
Испит од втор циклус студии - Албиана Сила
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 10.4.2018 (вторник), со почеток во 11:30 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКИ НАУКИ на студентката АЛБИАНА СИЛА.
Комисија: Вонр. проф. д-р Соња Здравкова Џепароска
Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја
Проф. Живоин Глишиќ
Објавено на: 12 март 2018
С О О П Ш Т Е Н И Е ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗАПИШАНИ ВО ОКТОМВРИ 2017/2018 ГОДИНА
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗАПИШАНИ ВО ОКТОМВРИ 2017/2018 ГОДИНА
Се известуваат студентите од втор циклус студии дека заверката на зимскиот семестар и пријавувањето на испитите од зимскиот семестар ќе се врши во периодот од 19.3.- 21.3.2018 година, а полагањето на испитите ќе се реализира најдоцна до 30.3.2018 година.
По полагањето на испитите, а најдоцна до 6.4.2018, ќе се врши и запишување на летниот семестар.
Потребни документи за заверка на зимскиот семестар и пријавување на испити:
- индекс;
- образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса;
- пријави за испити, со уплата за административна такса;
- пополнет и потпишан образец за полагање на испит по главен предмет - „прилог кон пријава за испит“ (во прилог);
- уплати за испитите:
6150 денари за полагање на испит по главен предмет
3075 денари (по предмет) за полагање на изборни предмети
- испитите од зимскиот семестар задолжително треба да се пријават и во електронскиот сервис Iknow (www.iknow.ukim.edu.mk). Упатството за електронско пријавување на испити, ви го испраќаме во прилог.
Потребни документи за запишување на летниот семестар (до 6.4.2018):
- индекс (со оценки од предметите од зимскиот семестар);
- образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса;
- уплата за втора рата школарина, во висина од 36.900,00 денари.
Жиро сметка за уплата_24320_081.docx УПАТСТВО ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ_24320_597.docx прилог кон пријава за испит_24320_940.docОбјавено на: 09 март 2018
Испит од втор циклус студии - Марко Гапо
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 16.3.2018 (петок), со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И КОМПОЗИЦИЈА на студентот МАРКО ГАПО.
Комисија: Проф. м-р Марија Наумовска
Проф. м-р Славица Петровска Галиќ
Вонр. проф. д-р Горан Начевски
Објавено на: 01 март 2018
Испит од втор циклус студии - Емилија Јовческа
С О О П Ш Т Е Н И Е
На 7.3.2018 (среда), со почеток во 13:30 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКИ НАУКИ на студентката ЕМИЛИЈА ЈОВЧЕСКА.
Комисија: Вонр. проф. д-р Трена Јорданоска
Проф. д-р Димитрије Бужаровски
Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја