Објавено на: 24 септември 2018

Пријавување на кандидати за упис на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во третиот уписен рок во учебната 2018/2019

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, ПОЛАГАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2018/2019

 

  • ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 25-ти СЕПТЕМВРИ 2018 ГОДИНА
  • ПОЛАГАЊЕТО НА ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 26-ти СЕПТЕМВРИ ДО 1-ви ОКТОМВРИ 2018, А ТОЧНИОТ РАСПОРЕД ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН НА 25-ти СЕПТЕМВРИ
  • ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 1-ви ОКТОМВРИ 2018 ГОДИНА

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:

  • пријавен лист за запишување на студенти во прва година, со уплата за административна таксаод 50 денари (образец А1, се купува во книжарници);
  • испечатени електронски пријави од IKnow системот (интерен и универзитетски пријавен лист);
  • оригинални свидетелства и копии од сите класови;
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование и копија);
  • доказ за државјанство на РМ (уверение или решение);
  • извод од матична книга на родени;
  • изјава за национална припадност (по потреба);
  • потврда за уплата на приемни испити (уплатница може да добиете во одделението за студентски прашања)

-      500 денари на жиро – сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет,

-      1000 денари на жиро – сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети.

 

Забелешки:

Кандидатите кои биле пријавени во првиот или вториот уписен рок, за полагање на приемните испити уплаќаат само 500 денари.

Бидејќи пријавувањето се врши и со оригинални документи, се препорачува кандидатите претходно да направат преписи од документите за свои потреби и да ги заверат на нотар.

СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО УЧЕБНАТА 2018/2019ГОДИНА, ЗАДОЛЖИТЕЛНО МОРА ДА СЕ НАЈАВАТ ВО СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО СПРОВЕДУВАЊЕ УПИСИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - www.upisi.iknow.ukim.mk

                                 

 

Жиро сметкa за уплата на приемни испити.doc Број на слободни места за трет уписен рок!.doc

Објавено на: 21 септември 2018

Запишување на примените кандидати пријавени во вториот уписен рок во учебната 2018/2019 година, во I година на Факултетот за музичка уметност - Скопје

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА

 

Запишувањето на примените кандидати, пријавени во вториот уписен рок во учебната 2018/2019 година, ќе се врши на 24-ти септември, 2018 година.

 Потребни документи:

  • Индекс и студентска легитимација (уредно пополнети со целосни податоци);
  • Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
  • Образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
  • Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
  • Потврда за уплатена прва рата школарина

-       6150,оо денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота;

-       12.300,оо денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите;

  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  • Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
  • Потврда за уплaтени 300 денари за библиотечен фонд;
  • Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка:

-       цел на дознака: ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност

-       жиро сметка: 100000000063095

-       депонент: НБРМ

-       сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18

-       приходна шифра 723012, програма 41.

 Жиро сметките за уплата на сите трошоци за студирање може да ги погледнете во прилог на ова соопштение. 

 

Уплатници.docx

Објавено на: 17 септември 2018

Дополнет распоред со саатница за приемниот испит по солфеж за кандидатите пријавени во вториот уписен рок

Распоредот за приемните испити за кандидатите пријавени за упис на прв циклус студии, во вториот уписен рок, заедно со точно утврдената саатница за полагање на приемниот испит по предметот солфеж може да се погледне во прилог на ова известување.

Приемни испити, втор уписен рок!.docx

Објавено на: 14 септември 2018

Распоред на приемни испити за кандидатите пријавени во вториот уписен рок

 

Се известуваат сите кандидати за упис на прв циклус студии, пријавени во вториот уписен рок во учебната 2018/2019 година, дека распоредот на приемните испити е поставен во прилог.

Приемни испити, втор уписен рок.docx

Објавено на: 11 септември 2018

Пријавување на кандидати за упис, во вториот уписен рок во учебната 2018/2019 година

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ЗА УПИС ВО ПРВА ГОДИНА, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК ВО УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 13-ти И 14-ти СЕПТЕМВРИ 2018 ГОДИНА.

СИТЕ ОСТАНАТИ ИНФОРМАЦИИ ПОВРЗАНИ СО ДАТУМИТЕ И ДОКУМЕНТИТЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, КАКО И БРОЈОТ НА ПРЕОСТАНАТИ СЛОБОДНИ МЕСТА ЗА ВТОРИОТ УПИСЕН РОК МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ВО ПРИЛОГ НА ОВА СООПШТЕНИЕ.

 

Во прилог:
- рокови за пријавување и полагање на приемните испити и потребни документи

- број на преостанати слободни места за втор уписен рок

- уплатница за пример за уплата на приемни испити

- уплатница за пример за уплата на административна такса од 50 денари

- упатство за полагање на приемни испити

- Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2018/2019 година

ПРИЈАВУВАЊЕ I година 2018-2019, втор уписен рок.docx Број на слободни места за втор уписен рок!.doc Упатство за приемни испити 2017-2018_28325_719.pdf Конкурс за запишување на студенти на студиските програми од прв циклус студии на УКИМ 2018-2019.pdf Пример за уплатници.docx

Објавено на: 06 септември 2018

Соопштение за запишување на примените кандидати од првиот уписен рок, во учебната 2018/2019 година

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2018/2019 ГОДИНА

 

Запишувањето на примените кандидати, пријавени во првиот уписен рок во учебната 2018/2019 година, ќе се врши на 10-ти септември, 2018 година.

Потребни документи:

  • Индекс и студентска легитимација;
  • Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
  • Образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
  • Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
  • Потврда за уплатена прва рата школарина - 6150,оо денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота или 12.300,оо денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите;
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  • Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
  • Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
  • Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" (ве молиме внимавајте при извршувањето на уплатата, која се врши на жиро-сметката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“).

Сите жиро – сметки може да ги видите во продолжение на ова соопштение.

 

Жиро сметка за уплата на школарина_29322_357.doc Жиро сметкa за уплата на амортизација, библиотечен фонд и студиска програма_29322_122.doc Жиро сметка за ИКСА на УКИМ_29322_825.jpg Уплатница за ТМ 50.docx

Објавено на: 05 септември 2018

Пријавување на кандидати за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2018/2019

 

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 10-ти СЕПТЕМВРИ ДО 10-ти ОКТОМВРИ 2018 ГОДИНА.

ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 15-ти И 16-ти ОКТОМВРИ 2018.

 

Потребни документи за пријавување:

  • пријавен лист за запишување студенти, со уплата за административна такса од 50 денари;
  • електронска пријава (испечатена од веб страната www.upisi.ukim.edu.mk);
  • оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
  • кратка биографија (CV);
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку кандидатот има);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи;
  • изјава за првична согласност од потенцијалниот ментор;
  • потврда за уплатени 50 евра за пријавување на втор циклус студии, во денарска противвредност.

 

Напомена:

!           Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, потребно е да достават и програма во која ке бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло –пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите;

!           Кандидатите со завршени прв циклус студии надвор од Република Македонија, задолжително мора да достават и Одлука за признавање на високообразовната квалификација стекната во странство, издадена од Министерство за образование и наука на Република Македонија.

 

  • Сите заинтересираните кандидати задолжително мора да се најават во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на следнава веб страна: www.upisi.ukim.edu.mk. Системот за пријавување на заинтересираните кандидати ќе биде активен од 10.9.2018 година.

 

Во прилог на ова известување може да го погледнете целиот Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2018/2019 година и жиро сметката за уплата.

Конкурс за упис на нови студенти на втор циклус студии 2018-2019.pdf Жиро сметка за уплата.docx Изјава за предлог на ментор.doc

Објавено на: 15 август 2018

Измени во есенска испитна сесија, септември 2018

Почитувани студенти, 

ве известуваме дека се направени измени во некои од термините во есенската испитна сесија. 
Сесијата со измените може да ја погледнете во прилог. 

Есенска испитна сесија 2018.pdf

Објавено на: 18 јули 2018

Пријавување на испити во есенската испитна сесија (септември 2018)

 С О О П Ш Т Е Н И Е

 

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СТУДЕНТИТЕ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА ЕСЕНСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА (СЕПТЕМВРИ 2018), ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ПЕРИОДОТ ОД 22.8. - 29.8.2018 ГОДИНА.

 Потребни документи:       

  • Индекс;
  • Пријави за испити со уплати за административни такси од 50 денари (студентите може да ги пријават само испитите за кои добиле потпис од предметниот професор).

 

НАПОМЕНА:

Студентите имаат обврска пред доставувањето на пријавите, испитите ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги пријават и во електронскиот студентски сервис IKNOW.

 

Есенска испитна сесија 2017-2018.pdf

Објавено на: 25 јуни 2018

Одбрана на рециталот од докторска дисертација на кандидатот м-р ЕМИЛ РИБАРСКИ.

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

На 18.8.2016 (сабота), со почеток во 20:00 часот на Факултетот за музичка уметност - Скопје ќе се одржи одбрана на  докторска дисертација (рецитал)  на кандидатот  м-р ЕМИЛ РИБАРСКИ.

 

Одбраната ќе се изврши пред комисија во состав:                    

Проф. Хусеин Сермет

Проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја

Проф. м-р Валери Стефановски

Проф. м-р Рита Поповиќ

Проф. д-р Бојан Ортаков